- Член од
- 14 декември 2007
- Мислења
- 3.271
- Поени од реакции
- 708
Трансфер на затвореници од базата Гвантанамо во Македонија, ќе предизвика дипломатски компликации за земјава.
Засега нема официјална потврда на информациите објавени во весникот „Шпиц“, дека Македонија е меѓу земјите од кои САД бара да прими затворениците од американската војна база на Куба.
Македонското МНР засега не добило ни формално ниту неофицијално барање за прием на лица кои учествувале во воени и терористички акции против Америка. И додека ЕУ членките се поделија по ова прашање, во Скопје се уште нема позиција како да се одговори на евентуалното прво директно барање за помош од новата администрација во Вашингтон.
„Се уште немаме добиено никакво официјално барање од нашите американски пријатели, но отсекогаш велев дека ова е американски проблем што треба да го решат тие самите, но ние ќе бидеме подготвени да им помогнеме ако е непоходно“, изјави Хавиер Солана, еврокомесар за надворешна политика.
Известувачот на Советот на Европа, за тајните летови на ЦИА, Дик Марти, вели дека ЕУ треба да обезбеди хуманитарно право на азил за затворениците кои се со исклучиво муслиманска вероисповест. Најголема солидарност со одлуката на Обама да го затвори кампот и да ги префрли затворениците во похумани средини, се бара од Романија, Полска и другите земји чии тајни служби соработуваат со ЦИА при апсење на осомничени за тероризам.
Поради случајот со либанскиот германец Ел Масри, кој беше уапсен на Табановце и предаден на ЦИА, Македонија беше под истрага на Европарламентот и Советот на Европа. Случајот со 5. државјани на Кина кои пред четири години добија азил во Албанија, предизвика сериозни дипломатски тензии за западниот сосед, откако Кинеската Влада побара од Тирана ним да им биде судено во Пекинг.
Земјите од каде потекнуваат 250. затворениците во Гвантанамо, инсистираат тие да бидат вратени дома каде често се соочуваат со смртна казна. Најмалку 5 од вкупното триесетината земји од каде потекнуваат затворениците ја признале Македонија под уставно име.
При барање за враќање на нивните граѓани осомничени дека се дел од мрежата на Ал Каеда, Македонија би можела да соочи со дипломатски пазар, во кој и името ќе биде ставено во игра, проценуваат западни дипломати.
izvor A1
nema problem ...nie primivme 200000 ..za 250 ne pravime problem :pos2: