Ќе имаме ли некогаш Православен Претседател?!

Ево го моето видување са сит епрецедатели на македонија.


Киро Глигоров - Фараон - значи Египјанин.

Борис Трајковски - иако од друга вера најмногу личеше за прецедател зашто изгледаше како германец.

Бранко Црвенсковски - турчин

Љубе Бошковски - Хрват - националиста

Срѓан Керим - пола македонец пола турчин.
 
Глупости. Ако сака нека е будист, само да не е лопов или болесник. Ако ја води државата добро, не ми пречи.
А за државјанство, мислам дека треба да биде Македонец, таков е законот.


Да не се дуплираме.Само ке кажам го мислам истово:pipi:
 
Овој муабет одамна го правам со пријатели, познаници, а пред некој ден и една моја пријателка, која е адвентист и која се пресели во Америка пред некоја година, ми спомена дека си отишле одовде затоа што овде секогаш ќе биле „секташи“. ОК, можеби тие и мислат така, ама јас ја запрашав, во која друга држава на светов може да се случи, сите досегашни претседатели, па и еден од идните (нејверојатниот фаворит) не припаѓаат да религијата на која припаѓа мноизнскиот народ во таа земја???
Да потсетиме, прв Претседател на суверена Македонија беше Г-динот Киро Глигоров, човек кој самиот се изјаснувал како комунист повеќе од 45-50 години, а ставот на комунистите за религијата ни е на сите добро познат. Значи чика Кире (а.к.а.CYBORG) не бил Рисјанин, уште помалку пак Православен, така? А да, он утепа 2 мандата, колку да се знае.
Следен на листата на не-православни Претседатели е анонимусот Борис Трајковски, кој дојде на највискота функција во државава со само една изјава, човекот кој е директно одговорен за повлекувањето на нашите специјалци од опколеното Арачиново (чин кои албанците сега го сметаат за нивна воена победа) во воената 2001 година. Тој, е исто така припадник на друга религија, протестант, методист, ако не грешам. Како и да е, не е Православен како што се околу 78% од народот во државава. Значи уште еден во низата.
А да, овој сиромашкиот не истера ни цел мандат.Загина (некои викаат бил убиен) во крајно необјаснети околности во една авионска несреќа во БОСНА.Званичната верзија е „грешка на пилотот“ што е крајно навредлива за семејството на пилотот, инаку одличен познавач на тој тип авион како и на околината каде се случи несреќата.
Третиот во низата Претседатели кои не се Православни е и сегашниот Претседател, Г-динот Бранко Црвенковски. Тој како и Г-динот Глигоров уште од дете е член на истата партија за која Господ е непостоечки, однсоно религијата е „опиум за народот“. Иако сега се труди да остави впечаток дека барем ја почитува Православната Црква, тоа тешко му оди од рака, а и не му верува народот, зошто со Владиците се поздравува како со другари, а не со должната почит која тие (барем) по фунцкија ја заслужуваат.Не мислам дека треба многу да објансувам за овој ПреЦедник, и премногу е кажано за него. ДА, мандат само еден, самиот се откажа од понатамошна трка за таа фунцкија.Најверојатно затоа што и самиот гледа дека во моментов нема ама баш никаква шанса.
И сега доаѓаме до следниве претседателски избори, изборите кои се за едвај 3 месеца, односно во Март. Веќе е јавна тајна дека еден од најсериозните кандидати за оваа фунцкија ќе биде Г-динот Срџан Керим, човек со големо искуство во политиката, докажан дипломат, некои викаат „обожуван од СДСМ, почитуван од ДПМНЕ“. За ова лице нема многу афери, ако ги подзаборавиме оние за претерано луксузното уредување на станот во Њу Јорк со државни пари. Меѓутоа, и овој кандитат за највисоката фунцкија во државата не е дел од мнозинската религија. Тој по потекло е Турчин, по вероисповест Муслиман.
Дали и овој пат мнозиското гласачко тело во државата ќе избере Претседател кој е од различа религиска припадност?
Да се разбереме, никој не вели дека Претседателот на државава МОРА да е Православен. Ама па ниеден во низата да не е од мнозинската религија, е во најмала рака чудно и ненормално.


Каде сте македонци?!
postov ti eza kanta!
sto mesas religija i partisko opredeluvanje, totalna utka.
baras pretsedatel ili vladika?
od bilo koja partija da bide ili verska pripadnost, da raboti za ineresite na drzavata toa e najbitno.
a sto se odnesuva do aferite, tie se neodminliv del od politikata.
prasaj go G. G .Stefan.:pop:
za prasanjeto: kade ste makedonci ?!
tie se tuka samo ti po se izgleda ne mozes da gi vidis, od pregolema zabluda.
 
Религијата е одделена од државата...Муабетов нема благе везе

Во теорија да, во реалниот живот апсолутно не.

Религијата е начин на однесување. Точно дека не би требало да има некоја врска меѓу религија и државна работа но има.
Религијата како што реков е тесно поврзана со однесувањето на човекот, односно во донесувањето одлуки.
Можеби е занемарлива религијата, но во некои случаи е важна.
Сепак ако јавно се искажат сите овие политичари дека не се православни христијани ќе има падне рејтингот вртоглаво.
Нема врска, нема ама на крај има.:)
 
Заев: Керим да биде заеднички кандидат



prazno.gif
prazno.gif
13.01.2009 16:51



Лидерот на СДСМ Зоран Заев со предлог до ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Никола Груевски, двете најголеми политички партии во државата да застанат заедно за единствен натпартиски кандидат.
Кандидат кој ќе може да ја врши одговорно функцијата Претседател на Републиката и не е врз основа на партиски, туку врз основа на националните и државните интереси.
За таква личност го сметаме доктор Срѓан Керим, рече Заев. Сметаме дека неговата досегашна професионална и дипломатска кариера овозможува успешно извршување на функцијата Претседател на РМ.
Уште повеќе, барем досега, неговите јавно изнесени ставови за зачувување на ЕУ и НАТО и ингеренциите на Македонија, како и за важноста од решавање на спорот за името со Република Грција, се ставови кои СДСМ ги поддржува и смета дека се еден вид гаранција за успешно извршување на функцијата Претседател.
Според социјалдемократите, на овој начин во истовреме би станале сосема беспредметни меѓупартиските обвинувања, било за лажирање, било за бојкотирање на претстојните претседателски избори.
Социјалдемократите очекуваат ова прашање ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски најсериозно да го разгледаат и во најкус можен рок да го изнесат својот став.
www.a1.com.mk
 
Нема врска верата со институцијата претседател, Македонија не е секуларна држава
 
Во теорија да, во реалниот живот апсолутно не.

Религијата е начин на однесување. Точно дека не би требало да има некоја врска меѓу религија и државна работа но има.
Религијата како што реков е тесно поврзана со однесувањето на човекот, односно во донесувањето одлуки.
Можеби е занемарлива религијата, но во некои случаи е важна.
Сепак ако јавно се искажат сите овие политичари дека не се православни христијани ќе има падне рејтингот вртоглаво.
Нема врска, нема ама на крај има.:)

Секаде е така и добро го образложуваш, но со оглед дека кај нас ние секогаш знаеме „фоф јајцето да тражиме влакно“ така и ова многумина нема да го разберат и ќе го коментираат како нешто спротивно од некакви норми.
 
Нормално е дека човек израснат со христијански морални вредности е најдобар можен избор за иден прв човек на Републикава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom