Ќе имаме ли некогаш Православен Претседател?!

Се сложувам со Точкест.
Не е толку битно дали е католик,муслиман,будист...важно да ја води државата во правилна насока.Во Америка црнците никој не ги сакаше па денес Барак Обама стана претседател на Америка.
позз:salut:
 
ЈА викам дека ќе имаме православен претседател коа ќе оживи Слободан Милошевиќ
 
Не ебитна верата, а и што е Б.Ц будист? Немојте одма сега комуњар не знам ово оно, типот си е Православен се има изјаснето околу тоа и нечу да сушам.
 
Можеби на нас највеќе ќе ни одговара сатанист да биде претседател.:devil2:

Шала на страна стварно не е битно што е по вероисповед..............или е хм можеби е ама како што кажавте претходно да ја сака оваа држава и да е МАКЕДОНЕЦ!!!!!!
 
Јас сметам дека нема врска што ќе биде по вероисповед идниот Претседател.
Битно е да работи чесно за интересите на Македонија.
 
78% христијани :) смешка. Каде се муслиманите? каде се католиците, атеистите, протестантите? Бедни 22%? Сите заедно? Машинерија сте бре жими мајка... (политичка нормално :))

Ко второ. Држава = Секуларна. Религија ЈОК. Сиктер. :) Религија во џамија/црква. Не водење држава.

Ко трето. Циган нека е. Бугар нека е. За Македонија нека е.


Се додека се палите на такви се-христијански повикувања, се-македонски повикувања, државава напред не иде. Така држава се руши. Не се гради. Ама нејсе, дека нели...македонците најпаметни, од нив потекнува и крст и кандило, па ете...вие водете држава. Ние другите....ќе се смееме.
 
Грујо во “Рutin style’’ намалувал ингеренции на претседател денес мислам....шо значи дека може и Јеховин Сведок да биде ако сака џабе му е
 
да бил првославен ,па и Љубчо се декларира првославен па е лопов невиден...
најважно е да е ЧОВЕК и да рабти за интересите на Македонија
 
Овој муабет одамна го правам со пријатели, познаници, а пред некој ден и една моја пријателка, која е адвентист и која се пресели во Америка пред некоја година, ми спомена дека си отишле одовде затоа што овде секогаш ќе биле „секташи“. ОК, можеби тие и мислат така, ама јас ја запрашав, во која друга држава на светов може да се случи, сите досегашни претседатели, па и еден од идните (нејверојатниот фаворит) не припаѓаат да религијата на која припаѓа мноизнскиот народ во таа земја???
Да потсетиме, прв Претседател на суверена Македонија беше Г-динот Киро Глигоров, човек кој самиот се изјаснувал како комунист повеќе од 45-50 години, а ставот на комунистите за религијата ни е на сите добро познат. Значи чика Кире (а.к.а.CYBORG) не бил Рисјанин, уште помалку пак Православен, така? А да, он утепа 2 мандата, колку да се знае.
Следен на листата на не-православни Претседатели е анонимусот Борис Трајковски, кој дојде на највискота функција во државава со само една изјава, човекот кој е директно одговорен за повлекувањето на нашите специјалци од опколеното Арачиново (чин кои албанците сега го сметаат за нивна воена победа) во воената 2001 година. Тој, е исто така припадник на друга религија, протестант, методист, ако не грешам. Како и да е, не е Православен како што се околу 78% од народот во државава. Значи уште еден во низата.
А да, овој сиромашкиот не истера ни цел мандат.Загина (некои викаат бил убиен) во крајно необјаснети околности во една авионска несреќа во БОСНА.Званичната верзија е „грешка на пилотот“ што е крајно навредлива за семејството на пилотот, инаку одличен познавач на тој тип авион како и на околината каде се случи несреќата.
Третиот во низата Претседатели кои не се Православни е и сегашниот Претседател, Г-динот Бранко Црвенковски. Тој како и Г-динот Глигоров уште од дете е член на истата партија за која Господ е непостоечки, однсоно религијата е „опиум за народот“. Иако сега се труди да остави впечаток дека барем ја почитува Православната Црква, тоа тешко му оди од рака, а и не му верува народот, зошто со Владиците се поздравува како со другари, а не со должната почит која тие (барем) по фунцкија ја заслужуваат.Не мислам дека треба многу да објансувам за овој ПреЦедник, и премногу е кажано за него. ДА, мандат само еден, самиот се откажа од понатамошна трка за таа фунцкија.Најверојатно затоа што и самиот гледа дека во моментов нема ама баш никаква шанса.
И сега доаѓаме до следниве претседателски избори, изборите кои се за едвај 3 месеца, односно во Март. Веќе е јавна тајна дека еден од најсериозните кандидати за оваа фунцкија ќе биде Г-динот Срџан Керим, човек со големо искуство во политиката, докажан дипломат, некои викаат „обожуван од СДСМ, почитуван од ДПМНЕ“. За ова лице нема многу афери, ако ги подзаборавиме оние за претерано луксузното уредување на станот во Њу Јорк со државни пари. Меѓутоа, и овој кандитат за највисоката фунцкија во државата не е дел од мнозинската религија. Тој по потекло е Турчин, по вероисповест Муслиман.
Дали и овој пат мнозиското гласачко тело во државата ќе избере Претседател кој е од различа религиска припадност?
Да се разбереме, никој не вели дека Претседателот на државава МОРА да е Православен. Ама па ниеден во низата да не е од мнозинската религија, е во најмала рака чудно и ненормално.


Каде сте македонци?!


Каде сме?? Посочуваш во ЕДНА НЕСРЕЌА,како на тебе да не ти е претседател.Бате внимавај малку на јазикот кој го зборуваш.Без разлика дали бил протестант,медотист,православен или католик,сепак,ја има христијанската вероисповед.И како тоа сиромашкиот го кажуваш како да не правиш муабет за сопствената држава.Второ,ги повлече војниците по наредба на Америка,а знаеш оти со Америка нема заебанција,сад те има сад те нема,како што му направија.Дали мислиш туку-така паѓа авион,во кој по случајност е баш претседателот? Преиспитај се малку што напиша па поправи си постот.
Тука сме македонците,ама гледам нешто не чини во последно време,ќе се види кај се македонците во март,ќе видеме колку совесно и трезвено размислуваат и гласаат.
 
Мислам дека е редно да дојде МАКЕДОНЕЦ претцедател.
Во права смисла на зборот.
 
Темава е за у религија :pos2::pos2::pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom