Казна од 50 евра за правење ајвар пред зграда

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
незнам колку се сериозни или пак (не)информирани јове и зевзус, да се цитирам да не свати некој погрешно... значи нема закон кој баш ајвар не дозволува туку се подразбира тоа...:helou:

Јофче се шалиме брате.
Значи законов е закон. Немам намера да го подржумам и еве утре, уште еднаш ќе го прекршам. Утре со комшиите. :)
 
Јофче се шалиме брате.
Значи законов е закон. Немам намера да го подржумам и еве утре, уште еднаш ќе го прекршам. Утре со комшиите. :)
прати по федекс 6 тегли за охрид ако не сакаш спешл анти ајвар форсис во дворот :back:
 
глупо е ова,и то со забраната за варење ракија...работи по кој би требало да не препознавет во светов,ние ги забранвиме....па алооо бе,секој странец ко ќе дојт кај нас сакат да пробат нешо македонско,домашно,вкусно....а ние...то е,не знајме да си ги искористиме сите работи шо ги имаме максимално
 
Живеам во зграда, не дека праам ајвар, ама во случај да би правел и да дојде некој да ме казни, ќе му се насмеам...му вадам љифче и му покажуем дечко,ова е моја сопственост. Дворот е мој, ај шибај од мој двор и без налог немој да си се вратил. Чао...

Па нека му ја мисли он.

Значи?? Секоја зграда (скоро секоја) го има закупено земјиштето околу...тоа малиот парк..луѓе, тоа е вашиот двор. Додуша тоа е воедно и дупка во овој закон...Сакаат демек да те учат како да се однесуваш, да не фрлаш тинтири минтири...ама па не размислиле на тој мал факт кој ќе ги ебе многу. Мој двор, и нема кој може да ми се меша.

Фала, пријатно.
 
Со големо жалење мора да истакнам дека другарите комунисти од мојата населба, и покрај најавите за строги казни од страна на врховистите и понатаму прават ајвар.
Еве ги тука на дело другарката Мара и мајка и Цена,и како што можете да забележите г-да врховисти,тие маалски престапници не се уплашија и не подлегнаа на вашите закани и понатаму прават комунистички ајвар.
Слика молам:


Незнам што ќе правите со ваков народ...:toe:
 
абе луѓе освен текстов шо го пастирав од „Дневник“, имаше по др медиуми (тв на пр) нешо за темава или...?
 
Се сомневам дека казна од само 50 евра е доволна да ги промени закоравените навики на одредени луѓе,
кои веќе еднаш треба да разберат дека во град не се носат опинци, но ќе видиме...
 
Се сомневам дека казна од само 50 евра е доволна да ги промени закоравените навики на одредени луѓе,
кои веќе еднаш треба да разберат дека во град не се носат опинци, но ќе видиме...

тачно мора да бидат сопрени злите навики на луѓето да прават ајвар, казната да биде 400 евра и плус запленување на целото количество ајвар. Се разбира луѓето да имаат право да пробаат, ама само едно лебче и сето тоа да оди по пропис на Обсе, а да биде вклучена и Меѓународната заедница и Европската Унија според стандардите на НАТО.
 
Со големо жалење мора да истакнам дека другарите комунисти од мојата населба, и покрај најавите за строги казни од страна на врховистите и понатаму прават ајвар.
Еве ги тука на дело другарката Мара и мајка и Цена,и како што можете да забележите г-да врховисти,тие маалски престапници не се уплашија и не подлегнаа на вашите закани и понатаму прават комунистички ајвар.
Слика молам:


Незнам што ќе правите со ваков народ...:toe:


Па човече тоа е безвладение, таму изгледа оперираат некои криминални банди кои се собираат и прават ајвар, ме плаши дека се враќаме кон 2001ва и во тоа време не се почитуваа законите и се вршеше силување на законите и уставот. Па ова што се случува у твое мало е бетер него оние со машните во коалиција шо се со вемеро кога си играа камај камај со каљашите. Отма ЕУПОЛ за да се спречи ова. Не смее да им се дозволи проширување на вакви слободни територии.
 
Живеам во зграда, не дека праам ајвар, ама во случај да би правел и да дојде некој да ме казни, ќе му се насмеам...му вадам љифче и му покажуем дечко,ова е моја сопственост. Дворот е мој, ај шибај од мој двор и без налог немој да си се вратил. Чао...

Па нека му ја мисли он.

Значи?? Секоја зграда (скоро секоја) го има закупено земјиштето околу...тоа малиот парк..луѓе, тоа е вашиот двор. Додуша тоа е воедно и дупка во овој закон...Сакаат демек да те учат како да се однесуваш, да не фрлаш тинтири минтири...ама па не размислиле на тој мал факт кој ќе ги ебе многу. Мој двор, и нема кој може да ми се меша.

Фала, пријатно.

Gresis ne e toa tvoj dvor ako ziveesh u zgrada a pa tek ako ima parkce pa ich ne e tvoj :tv:
 
Мој е (на станарите) и имам и писмен доказ за тоа. Џабе везеш :)
твој е станот, подрумскиот простор и гаражата ако се вклучени со станот, во нив можеш да правиш се што сакаш, а дворот пред зграда законски е јавен наменски простор за животна средина покрај стамбена зграда - рака на срце незнам шо значи тоа ама така ми го кажа татко ми адвокат е чоекот :):):):):)(зборот јавен се кажува)
јас мислам дека законот е ок, неможе бе секоја есен кај нас пред згада лушпи, ѓубре, семе од чушки по цели месеци стои, додека дождот не го измие, и после е државата крива зошто не го чисти тоа ѓубре и државата е крива што не се грижи за животната средина, истите луѓе што го фрлаат тоа ѓубре не плаќаат за чистачка, и сите се криви зошто тоа ѓубре таму стои само они не се криви и они се оштетени
па до кога вака мислите вие?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom