Катанец си отиде, според вас кој од домашните стручњаци треба да го наследи?

  • Креатор на темата Креатор на темата boogeyman
  • Време на започнување Време на започнување

Кој да го замени Катанец на селекторската функција?

  • Ѓоко Хаџиевски

    Гласови: 29 15,3%
  • Бобан Бабунски

    Гласови: 9 4,8%
  • Драган Канатларовски

    Гласови: 11 5,8%
  • Никола Илиевски - Џиџи

    Гласови: 15 7,9%
  • Бошко Ѓуровски

    Гласови: 6 3,2%
  • Чедо Јаневски

    Гласови: 57 30,2%
  • Ѓоре Јовановски

    Гласови: 15 7,9%
  • Потребен е странски селектор

    Гласови: 47 24,9%

  • Вкупно гласачи
    189
Каква педерска игра, секоја чест! Каде си сега господине Драган Поповски!? До вчера јадеше гомна против Хари, ај баш да видам сега дали ќе кажеш нешто... Или те замолчија со тоа што го одбраа (ќе го одберат) Бабунски за селектор на млада репрезентација? Очигледно парите ви се пред се, сите сте исти гомна, без грам памет и свест! Ебете си матер неписмењаци едни, ни еден од вас не заслужува да има некаква функција во нашиов фудбал... БЕЛ ДЕН ДА НЕ ВИДИТЕ!!!
 
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија денеска ќе ја одржи 33. седница, на која донесе одлука за именување на селектор на фудбалската репрезентација.

Претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџиристески објави дека е постигнат договор со довчерашниот селектор на младата репрезентацијата, Мирсад Јонуз да го предводи сениорскиот тим.

Мирсад Јонуз е девети селектор на најсилната репрезентацијата.

Повеќе подоцна...
На здравје бричење :pop:
Ај нека ни е со среќа последното место во групата.Од овој ама баш ништо не очекувам туку очекувам големи местенки во квалификациите од страна на Хари против Исланд и останатите така да сакаа да поминат поевтино очигледно нема да има добар пласман со ваков селектор.Ова е перење пари ова е срамота за државата треба да се затворат овие бандити доживотно.Сеа на младата репрезентација ќе викнат некој од трета лига за да ги тренира за 100 евра мамето нивно.Добри прогнозери сме Јонуз го нема ни во анкетата
 
Никола Илиевски - Џиџи
Za covekot davam 100ka..:back:
 
Јонуз нов селектор....што е, тоа е.... ни останува само да навиваме за МАКЕДОНИЈА!!!!

ФФМ одлучи - лажгото Јонуз!
*Македонија е пример каде селектор може да биде кој било и дека резултатите, името и другите фактори немат голема улога. ФФМ со новиот избор ја сруши тежината на поимот селектор
Македонската фудбалска репрезентација доби нов селектор и прв фудбалски "политичар". Не ви се верува, не ми се верува, но јасно беше. Мирсад Јонуз. Крај!!! Со саботниот избор стана јасно дека во Македонија селекторската позиција повеќе нема тежина. Сега секој може да биде во оваа функција, ама баш секој. Човекот кој сигурно знае да брои до седум и кој пред неколку години на мизерен начин се обиде да лаже ќе седи на клупата на нашиот најдобар национален тим. Онаа лага при тест дуелот со Србија во Охрид не му ја "скина" главата на селекторот кој дури 6 години седеше на клупата на селекцијата до 21 година. Да потсетиме. Од Србија загубивме со 7:0, а Јонуз кажа дека резултатот бил 5:0. Мизерно и многу ниско за еден човек кој од саботата е предводник на сениорите.
2FE294893F311E47AEA61A8C39C3B2F4.JPG
Мирсад Јонуз долго го кроеше планот за да ја добие довербата на ФФМ. Многу долго, но многупати беше изигран од Харалампие Хаџи-Ристески. Сепак, поранешниот голман ги дочека своите 5 минути. Ја искористи кризата во националниот тим, битката за делегатите и најважно од с$, дочека изборна година во ФФМ во која првиот човек мора на сите да им ги задоволува вкусовите.
"Нека биде Јонуз на овие 4 средби и потоа ќе се ослободиме од него", беа зборовите на многумина луѓе од ФФМ па и членови од УО на ФФМ кои се правдаа за изборот на Јонуз како селектор на Македонија.
А Јонуз ја искористи нестручноста на УО на ФФМ, незнаењето на оние кои одлучуваат. На секаков начин ги анулираше сите преостанати кандидати и само тој прифати да седи на клупата само на овие 4 средби до крајот на квалификацискиот циклус за пласман на СП 2010 година. Само тој прифати мала сума пари и само тој и никој друг под вакви околности може да биде селектор. Тоа е доволен доказ дека човекот кој ја доби довербата не бираше средства само за да ја добие функцијата. При гласањето победи со 13:1. И самата бројка при гласањето доволно кажува дека сите кои гласале биле добро обработени од сите оние кои упорно лобираа за Јонуз. Од негови колеги, албанскиот блок на делегати па и роднинските врски кои и пред 6 години го донесоа на клупата на младата селекција. Затоа Македонија не доби тренер кој ги победи преостанатите поради подобрите резултати и знаење туку само поради тоа што со години се "тепа" за Хаџи-Ристески и овој убиствен режим по фудбалот во Македонија.
Македонската фудбалска репрезентација по поразот од Холандија на 1 април остана без селектор, а ФФМ дури по 46 дена најде време да избори нов предводник на сениорите. Доволна пауза да се направи простор во кој само Јонуз ќе биде единствената алтернатива за селектор. А и во саботата приоритет на ФФМ беа други точки на дневниот ред, а по 4 часа сосема на крајот падна одлуката. Хаџи-Ристески продолжи во свој стил. Како што му враќаше долгови на Сантрач, "киксираше" со Катанец а сега повторно враќа долгови кон Јонуз.
Нека ни е на здравје со ваков селектор со човек против кој многу фудбалски работници имаат да кажат повеќе лоши работи отколку позитивни. Сепак, ова е такво време и мора да се соочиме со реалноста. Па нека е и Јонуз, Миле или Петко. Ај да го видиме сега што знае. Еве на прагот се Норвешка и Исланд, а и на двата меча мора да одиме на победа. Тоа ни е последната шанса да фатиме приклучок за втората позиција во групата. Сега Јонуз, требаат резултати. Треба да знаеш дека натпреварот не почнува со 2:0 за Македонија.
И. Д. Ивановски

КАКОВ Е ТОЈ СЕЛЕКТОР....

Со бело знаме уште на стартот

Што правиме ако по денот утрото се познава. Веднаш по одлуката на УО на ФФМ Мирсад Јонуз се појави на ТВ станиците. Во своето прво излагање како селектор најави: "Приоритет ќе биде да се создаде една позитивна атмосфера која беше разнишана пред натпреварот со Холандија. Добро ги познавам фудбалерите и сите тие добро го знаат мојот стил на работа. Мислам дека брзо ќе се вклопиме и ќе се обидеме да направиме што е можно подобри резултати до крајот на циклусот за СП".
Сепак, она што не му требаше е тоа да се пофали дека неговата фамилија врти многу пари во бизнисот и дека затоа прифатил плата од 5.000 евра. Точно. Истата двојно помала од Катанец, но двојно поголема од онаа на Никола Илиевски - Џиџи, Ѓоре Јовановски па и Канатларовски. Но Јонуз уште неседнат на клупата почна да бара алиби.
"Сега сум поставен да го водам тимот во една невозможна мисија. Нема да има големи измени во тимот кој имаше и свои добри игри во минатото. Ќе има мали освежувања.".
Тоа беа неговите зборови, а истите ги повтори и првиот човек на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески, кој има лоша математика. Според него, ни требале 10 бода за пласман на второто место. Двајцата се фатија за белото знаме, а треба да знаат дека Македонија има -3 бода зад второпласираната Шкотска, но и натпревар помалку. Со осум бода ќе бидеме конкурентни за бараж. Тоа се две победи дома и две нерешени на гости. Повторно и Јонуз и Харалампие имаат проблеми со бројките.

Во стручниот штаб Костов и Јовчев!?
Мирсад Јонуз ја доби довербата на УО на ФФМ, но кои ќе бидат неговите помошници? Се очекува комплетна реконструкција од времето кога Среќко Катанец беше предводник на сениорите. Како имиња кои ќе му помагат на Јонуз се споменуваат Влатко Костов, тренерот на Ренова, и поранешниот репрезентативец Гого Јовчев, кој би работел со голманите. Ова се само неофицијални најави иако Костов е многу близок пријател со Јонуз, кој му откажа во селекцијата до 21 година затоа што не беше доволно платен од ФФМ.

ФАТКТИТЕ ЗА МИРСАД ЈОНУЗ
Роден: 09.04.1962 с. Милино, Св. Николе
Фудбалска кариера: Работник, Лозово, Брегалница (Штип), Борец, Тетекс, Победа (Прилеп), Рад (Белград), Левадијакос (Грција), Сутјеска, Никшиќ, Бардар (Скопје), Работнички.
Тренерска кариера: Работнички К. (6 години), Победа ( 2 години), Селектор на млада репрезентација (6 години).
Успеси: КУП УЕФА со Работнички, Интер Тото со Победа, Куп на Македонија со Победа (2002). Државен рекорд на Македонија со Победа 14 победи по ред 2001/2001, два пати проглаен тренер на гопдината во 2000 и 2001 година.

КАКО ГИ ЕЛИМИНИРАА ДРУГИТЕ
Станојковиќ го "уби" Јаневски
Што се случи со Јаневски!? Најголемиот конкурент на Јонуз доби само еден глас од членовите на УО. Зошто!? "Македонски спорт" дознава дека селектоските амбиции на докажаниот и трофеен тренер ги уништи кој друг ако не Вујадин Станојковиќ. Вечниот помошник со нова мисија. Најавил дека се повлекува од кандидатурата за селектор по преговорите на ФФМ со Јаневски, но затоа, пак, се надеваше на нов асистентски ангажман. Како ли само успеа да му се наметне на Јаневски, кој во разговорите со Хаџи - Ристески го понудил името на Станојковиќ за негов помошник. Тоа било пресудното за елиминацијата на Чедимир Јаневски. Каква грешка!!! Голема. Станојковиќ е човекот кој на минатата седница на УО беше обвинет од некои членови на ова тело дека е главниот виновник за нарушената атмосфера во националниот тим. Сепак, Јаневски има одлично тренерско досие. Мораше сега да ја добие довербата, но ќе дојде денот кога и тој ќе седне на клупата на националниот тим. Сега имаше шанси поради низа околности, но и поради "пактот" со Станојковиќ, кој е "убиство".

Блохин побара 2.000.000 евра
Олег Блохин ќе бил селектор на Македонија за "беспари". Тоа беше една од најголемите смешки кои ни се случија по заминувањето на Катанец. Славниот Украинец и неговите менаџери имале контакти со ФФМ. Имаше најави дека ќе ги прифател истите услови како и претходниот наш кормилар. Сепак, на седницата на УО на ФФМ во дописот од менаџерите на Блохин шестоцифрена бројка пари кои ги бараат за негов селекторски ангажман во Македонија. За 3-годишен престој во земјава ФФМ на Блохин ќе требало да му плати 2.000.000 евра. Пари од кои боли глава.

Турчинот Доган најдобар од сите
Исти услови како и Среќко Катанец. Тоа биле барањата на турскиот стратег Доган од ФФМ за преземање на селекторската функција. Харалампие бил воодушевен од Доган, кој најподготвен од сите кандидати дошол на преговорите во Скопје. Знаел за речиси сите детали, за сите позитивни и негативни страни на националниот состав. Анализа која ја нема ниту еден друг а приближно до него бил Чеде Јаневски. Сепак, Доган не доби ниту еден глас од членовите на УО на ФФМ. Само Илија Китановски беше за Јаневски, а Орце Тодоров воздржан. Сите други гласаа за Јонуз.

Џорџ Лекенс супер скап
Белгиецот Џорџ Лекенс поради финансиските барања не се најде на дневниот ред при гласањето за нов селектор. Тој барал 20.000 евра месечна плата, поголеми бонуси за секоја победа и огромна цифра во случај да ја одведе Македонија до бараж за пласман на СП 2010 година. Лекенс беше супер скап и затоа отпадна многу брзо од комбинација за нашата селекторска фотелја.
 
Чекајте да пројдат овие 2 меча во Скопје па да видиме дали нешто ќе се мрдне од место...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom