- Член од
- 10 февруари 2008
- Мислења
- 3.947
- Поени од реакции
- 2.061
Смешав малце од плажата на залезот, некни бевме искочени и си навраќавме спомени од овие епски серии од времето![]()
Немој ти се молам со офтопици... се чудам овде

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Смешав малце од плажата на залезот, некни бевме искочени и си навраќавме спомени од овие епски серии од времето![]()
Што има да и' опростуваме? Ништо не е згрешила. Ако на некој треба да опростиме, тоа е Росаура, бидејќи го скри писмото од Луси Мигел и Касандра невина отиде в затвор.![]()
Stop, stop, u make me cryА бе опростено и е, па и ти, што беше толку невина, нежна, во цутот на младоста и сите на времето се смеевме - Касандра ова, Касандра она, а она само беше неискусна.А сега види на кое дереџе дојдовме со сериите.
Плус не отиде баш у затвор, ја ослободија на судењето кога Росаура сакаше да ја пука, а Ранду херојски го прими куршумот и во исто време Манрике адвокатот прооде. Ах, тоа беа тие епизоди, носталгија...
![]()
преубав пост, ме врати во минатото, на трибините на градскиот стадион...ехххХаосот и ужасите во кои е потоната Венецуела изминативе 4 години - ако не и подолг временски период - ја зедоа својата најнова жртва.
Вчера, сабота, 1 јули 2017, во 56-та година од својот живот, убиен е Хосе Антонио Бордел, пејачот, композиторот и кантавторот на песната Касандра од најавната и одјавната шпица на истоимената венецуелска теленовела.
Хосе Антонио Бордел Диаз
16 ноември 1961 - 1 јули 2017
Лесна му земја
нека почива во мир
R.I.P.
http://tvpaket.com.mk/serii/telenoveli/5704-23-35-01-07-2017
Почина Хосе Антонио Бордел, пејачот на "Касандра"
01.07.2017 23:58
Денес е убиен пејачот што ја отпеа песната за легендарната „Касандра“
Espiritu del viento,
Hija de la luna,
Amante solitaria
Que grita en el silencio
vagando el sentimiento,
En soledad.
Песна која многумина ги потсеќа на детството, на првите мигови минати со телевизијата, песна која сите ги враќа на едно минато и спокојно време. Времето кога улиците во Македонија и насекаде на Балканот беа буквално празни. Време кога без трепнување се пратеше сагата за белата Циганка - Касандра.
![]()
Со првите тактови од песната, во далечната 1997 година се знаеше дека почнува "Касандра" и дека нема повеќе дискусија, се гледа епизодата и идниот ден се коментира на улица, во училиште, во канцеларија, на пазар, во продавница... Се купуваа секакви венчиња што ги носеше Касандра во серијата, се разменуваа сликички, се читаа епизодите во "Вечер", се купуваа касети за однапред да се знае што ќе се случи. Манијата наречена Касандра е нешто кое во светски рамки не може да се повтори и доживее повторно.
![]()
Легендарната песна за Касандра до ден денес предизвикува морници и носталгија кај сите што ја слушаат. Со неа започнуваше шпицата во која напамет го знаевме распоредот на ликовите и глумците, а со песната и завршуваше епизодата чија одјавна шпица ја гледавме до последната секунда, уживајќи во овој безвременски хит.
Хосе Антонио Бордел е венецуелскиот пејач и композитор кој ја отпеа музичката тема на "Касандра". И токму денеска, 1 јули 2017, пејачот е убиен при обид за грабеж во раните утрински часови. Веста за неговата смрт ја објави неговата сопруга на Твитер, а за кратко време ги обиколи медиумите во сите земји во кои теленовелата направи телевизиска револуција.
Хосе Антонио е познат по победата на фестивал во Перу со песната "Puedes contar conmigo", а со своите браќа беше дел од музичкиот бенд Unicornio.
Нека почива во мир! Она кое секогаш го остави за своите слушатели, дури и таму далеку на Балканот е музиката на "Касандра" чија моќ и автентичност засекогаш ќе ни буди најубави сеќавања.
Дани | ТВ Пакет