Карти!

  • Креатор на темата Креатор на темата Billa Bong
  • Време на започнување Време на започнување
обожавам карти да играм, со мајка ми и братучед, а и со другарките бриџ, а со дедо ми табланет и тоа во пиво:tapp: знам да се заиграм бриџ со саати и онака си уживам пошо добро ми оди:pipi:
 
као мал многу сум играл,бриџ,макао,кент,магарец->колку пати сум викал хх:vozbud:
али сеа скоро ич не играм.
 
Последен пат играв карти на одмор минатото лето. Игравме магаре (а во таа игра сум цар) и имаше многу смеење и нормално викање :) Карти играв многу порано и омилена игра покрај магаре ми е и макао.
 
Не сум по картите, знам само кент да играм:kesa:
 
Бриџ, макао, магарец, црн поп, покер. Од се по малку знаеме да поиграме со другарите. Претходното лето посебно бриџ и макао ги отепавме од играње веќе досадни ми станаа. А сега во последно време најмногу покер играме најчесто на пиво.
 
Многу често играм карти. Обожавам да играм со другарка ми макао. Добра конкуренција ! :zlo:
 
Карти обожавам да играм. Најмногу играме бељот, скоро секој 2 ден се бериме и играме. Знам хант, реми, кент, макао...
 
обожавам да играм карти,посебно макао :vozbud:
 
Карти обожавам да играм. Со баба ми порано игравме тонч и табланет,а сега со другарките некогаш играме бриџ,макао,кент или табланет. Почнав и на интернет да играм табланет.

Често на сестра ми и покажувам некои трикови со карти или пак градиме кули.
 
не играм којзнае колку ама играм бриџ,табланет,кент,макао и покер :salut:
 
Не сум нешто многу по картите.
Порано се случуваше да седнам некој дома и да го гњавам за да играме,ама веќе и тоа не.:)
Знаев повеќе работи ама сега само табланет,макао и кент ми текнуваат.:toe:
 
Хан не знам, табланет, тонч и магаре. Последнава е најјака треба да си магаре пијан за да викаш од тераса :party2::pijan:.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom