Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Спот за Две лири, направен од некој фан на Каролина
http://kurir.mk/magazin/scena/145997-Karolina-iznenadena-so-video-spot-od-fanovite-na-pesnata-Dve-Liri\


Спотов е искрено катастрофа :sleep: Песнава е богатство на македонската етно музика, традиција и фолклор, спотов е сцени од американски филм.
Спотов е што да ти кажам :/
 
One и Каролина со нов договор за соработка

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ и Авалон Продукција со задоволство информираат дека ја продолжуваат соработката и во следната, 2014 година. Трета година по ред, брендот на ОНЕ застанува зад најголемата македонска музичка поп ѕвезда Каролина.

- „Нашата `врска` веќе станува сериозна, три години е период за почит. Веќе добро се познаваме, делиме исти вредности и нижиме заеднички успеси. Ние во ОНЕ сме навистина горди на оваа соработка и сметаме дека два големи бренда како ОНЕ и Каролина несомнено треба да бидат заедно. Од досегашната соработка произлегоа низа успешни проекти, а продолжувањето на договорот е потрвда за задоволството на двете страни”- изјави на прес конференцијата, Главниот извршен директор на ОНЕ, Цирил Кафол.


- „Навистина е чест и задоволство да се соработува со компанија како ОНЕ. Во изминативе две години имавме успешна соработка, а на наше огромно задоволство, соработката продолжува и во 2014 година. Плановите со ОНЕ за престојната година се големи и она што можам да го ветам е дека и оваа година ќе работиме партнерски и посветено, на сите љубители на добрата музика да им понудиме атрактивни музички содржини и настани”, изјави Каролина.

Во двегодишната соработка, ОНЕ и Каролина реализираа многу заеднички проекти: првиот компилациски албум „Најубави песни“, „Македонско девојче 1“ и „Македонско девојче 2“, видео записи, низа концерти низ Македонија и рекламни кампањи во кои Каролина имаше носечка улога. Новиот договор ги опфаќа сите концертни случувања на Каролина во 2014, нови рекламни кампањи и други заеднички активности.
 
Поради своето активно учество во хуманитарниот проект Мојот живот е моја песна, по иницијатива на Европската Асоцијација за борба против ракот Каролина ја прими наградата Бисер на Мудростаод страна на претседателот на Хрватска д-р Иво Јосиповиќ.

1655850_660201434020995_181048956_n.jpg


karolina_intervju_002-430x650.jpg


karolina_intervju_006-430x650.jpg


karolina-03-650x395.jpg
 
Распродаден првиот, од петте концерти на Каролина!

Првиот од петте промотивни концерти на Каролина за „Македонско девојче 2“ е комплетно распродаден, а за останатите четири концерти 30 до 40 проценти од влезниците се веќе распродадени.

karolina-gocheva-bw-508.jpg

Концертите ќе се одржат во Македонската Опера и Балет 20 до 24 февруари. Цена на пакетот, влезница плус луксузно дигипак издание е 600 денари. Влезниците се продаваат преку продажната мрежа на „Купи Карти За Се“ како и на билетарата на МОБ. Како што предходно Ве информиравме албумот „Македонско Девојче 2“ ќе биде во слободна продажба од 25 ти февруари низ цела Македонија.
 
Во месецот на албумот и концертите, се потсетуваме на кариерата на Каролина. Се започна тој магичен октомври 1991 година. 11 годишното Битолчанче се појави на Макфест и веднаш ги освои срцата на милионите Македонци.

 
Каролина - живот и кариера - 2 дел

По настапот на Макфест во 1991 година, малото девојче кое се појави меѓу сите познати личности на фестивалот ја освои македонската публика. Од тогаш Каролина влегува во светот на возрасните и популарните како најмлада пејачка која се нашла во тие имиња. Гочева ги освојува македонските срца и на следните фестивали на кои настапува како Макфест, Интервфест, Скопје фест. Од 1992 до 1998 година настапува на сите македонски фестивали со песни како Среќен пат, Ме сакаш ти, Тонови тајни, Вива ла музика, Украдени ноќи и други, но во 2000 година потпишува договор со македонската продуцентска куќа Авалон и од тогаш вртоглаво се менува животот и кариерата на Битолчанката.

 
Дуети со Тоше Проески, Врчак, Аки Ракимовски, Владо Јаневски, Фламингоси, Нина Бадриќ, Маја Сар и Александра Радовиќ, Скај Виклер,
соработка со Калиопи, Влатко Стефановски, Роберт Билбилов, Роберт Саздов, Игор Џамбазов, Пере и Франц Нокаут, Бертан Аслани, Весна Малинова, Даниел Кајмакоски, Ареа, Арсен Дедиќ, Кристина Ковач, Вукомановиќ, Дарко Димитров, Марија Шерифовиќ, Дино Мерлин, Бајага, Григор Копров, Махир Сарихоџиќ, Елена Терлеева, Мирослав Костадинов, Евгени Димитров, Кристијан Габровски, Златко Ориѓански, Чедо Поповски, Дадар, Сретен Костиќ, Цаци Паковска, Дејан Миличевиќ и многу други.

И по сето ова, следува најдоброто - Македонско девојче 2
:vozbud:
.
 
Досега читавте:​
Каролина Гочева е родена на 28ми април 1980 година во Битола.​
Со музика почнува да се бави уште од детските години, а на македонската музичка сцена е позната од својата 11та година, кога за прв пат настапува на најпознатиот музички фестивал во Mакедонија, Мак Фест.​
Во 1992 година го издава својот прв носач на звук, тинејџерскиот албум, "Мамо пушти ме". Продолжува со настапи на фестивали надвор од Македонија и речиси од секој фестивал на кој настапува се враќа со награда. Најдраги и’ се наградите за интерпретација.​
На 14 годишна возраст од страна на 12 Величенствени (македонски пандан на Grammy Awards) е прогласена за најдобар женски артист во Македонија.​
Кариерата на мега ѕвездата - 3 дел​
jas-imam-pesna.jpg
Во 2000 година го потпишува својот прв професионален договор со музичко-продуцентската куќа и оттогаш нејзината кариера започнува да оди по нагорна линија.​
Истата, 2000 година го издава својот прв албум, "Јас имам песна" кој наидува на одличен прием кај публиката и критичарите, што резултира со одличен тираж.​
Јас имам песна е еден од трите најпродавани албуми во 2000 година во Македонија.​
Поради забележителниот успех на овој албум во Македонија, издавачката куќа BK Sound од Србија и Црна Гора лиценцно го објавува "Јас имам песна" за тамошниот пазар. Во текот на летото 2000, Каролина неколку пати ја обиколува Македонија, настапувајќи во речиси сите градови.​
ЛИСТА НА ПЕСНИ​
1. Без оглед на се'​
2. Сакај ме​
3. Срцево не ќе издржи​
4. Засекогаш​
5. Тајна​
6. Милениум со тебе​
7. За нас​
8. Немир​
9. Јас имам песна​
 
Каролина има две стране, леву и десну дугачку ногу : )

Не шалу се. Она има позитивну и негативну страну
Позитивна е тој што га истн'чи глас како што га тн'чеше оној тремче на главу у девеести кд гел беше главан ефект у тој модно понашање.Фармарка до пупак, кошуљка получипкаста која личи на школску униформу и елече бабино, домаќо плетено.Сеќате се какф ву беше дебел глас, а ск ву е профи т'нак, добар за дует и соло, а глеам ск песне су ву да заиграш коло.Она има две позитивно наелектризирани ноге, увек лизни мазни, познаа се чива нога сс штиклу газила по Широк сокак

Негативна страна ву е што некад завива што ти ги потикне органи у стомаче да ву се придружиф у ист ритам, још па ако не си еа некои два три саата, тој ке биде урнебес у стилу ми кркорат цревата леле колку гладен сум.Завива како тајванска рихтерова направа за мерење на земјотреси
Гладан степски вук > Гласот на Каро > Гладен стомак
Негативно куде њума ми е што га смени стил на песне, виде не бива сс поп сцену у државу па проба нагоре по балканску дијаспору,од Словенију и Хрватску па сфе до сунначе скале у Црну гору.Млади не ме слушаф, ај ке поју етно,ке препејују стари изворни траке кои кд ги слушаш искача ти слика на галичку сфадбу,знаеш тај етно ткаенина,фолклор и ансанбал.Прееска гу слуша две лири, и ? На што се базира тај нова изведба на тија стари траке. Нема се испирација и креативност за иновативни и нови видици, па ке преработуемо старо,олд ис голд нели па ск ке реставрирамо стари иконе од Јован Бигорски.Е не иде тој такој куде овуј модерну младу популацију

едитирано од модератор
 
Дијаманте не е на дискусија денес. Нема да е ни утре. Не во темава. Каролина и толку. Да не речете дека не сме рекле, па директ клизачи сме ви отишле. Среќно!
 
Kaриерата на ѕвездата - 4 дел

zosto-sonot-ima-kraj.jpg

ЛИСТА НА ПЕСНИ​
1. Ти можеш​
2. Се' е можно​
3. Мојот Свет​
4. И ќе биде се' во ред​
5. Повторно вљубена​
6. Кажи ми​
7. Јамајка​
8. Конечно​
9. Кога љубов постои​
10. Далечна желба​
11. Тој​

БОНУС​
1. You Could​
2. Looking For Jamaica​
3. Tell Me​
Зошто сонот има крај (Авалон Продукција, 2001)
Втор студиски албум на Каролина. Албумот излезе есента 2001 и ја потенцираше нејзината голема популарност и го потврди статусот на мега-ѕвезда.​
Кратко време по објавувањето на овој албум, Каролина ја започна својата нова македонска турнеја наидувајќи на одличен прием кај публиката секаде каде што настапи.​
Нејзините концерти во Скопје беа круна на успешната турнеја. Во април 2002, таа настапи 3 дена по ред во преполната Универзална Сала во Скопје - нешто што претходно не му успеа на ниту еден женски изведувач.​


znaes-kolku-vredam.jpg

ЛИСТА НА ПЕСНИ​
1. Хипокрит​
2. Љубов под облаците​
3. Не се плашам​
4. Од небо до дно​
5. Знаеш колку вредам​
6. Сирена​
7. Ноќ​
8. Штом сакаш​
9. Љубовта е моја религија​
БОНУС​
1. Srescemo se opet​
Знаеш колку вредам (Авалон Продукција/City Records, 2003)
„Знаеш колку вредам“ излезе во септември 2003. Овој трет студиски албум на Каролина, иако различен од претходните два, беше одлично прифатен од публиката и критиката.​
Во исто време, како специјално издание за српскиот пазар, излезе ЦД под името „Kad zvezde nam se sklope... kao nekada“ под етикетата на „City records“. Ова издание ги содржи истите песни, но препеани на српски јазик.​
Овој албум ја лансираше Каролина меѓу најсјајните ѕвезди на просторот на екс-ЈУ.​
 
Кариерата на ѕвездата - 5 дел
ЛИСТА НА ПЕСНИ​
1. Ова срце знае​
2. Умирам без тебе​
3. Слатка горчина​
4. Први март​
5. Во заборав​
6. Се лажам себе​
7. Пловиме​
8. Уште само еден ден​
9. Љубов​
10. Ружа Ружица​
БОНУС​
1. Kao malo vode​
2. Kad mi nebo bude dom​
Во заборав (Авалон Продукција/City Records, 2005)
Четвртиот студиски албум на Каролина, излезе на 5 декември 2005.​
Статусот на голема музичка ѕвезда на територијата на екс-ЈУ, ги привлече најголемите музичари и композитори на просториве да дадат свој прилог кон реализацијата на проектов: Дино Мерлин, Влатко Стефановски, Бајага, Ивица Бричиоски, Џибони, Златко Ориѓански, Калиопи, Мирко Вукомановиќ, Младен Марковиќ и Весна Малинова.​
Српската компанија „City records“ ја издаде српската верзија на овој албум “У забораву“ на територијата на екс-ЈУ.​
Со над 20.000 продадени копии, „Во заборав“ е најпродаваниот албум во Македонија на сите времиња.​
kapka-pod-neboto.jpg
ЛИСТА НА ПЕСНИ
1. Не се враќаш (со Влатко Стефановски)
Даниел Кајмакоски/ Весна Малинова/ Бертан Аслани
2. Не чувствувам страв
Марија Шерифовиќ/ Весна Малинова - Маја Сар/ Махир Сарихоџиќ
3. Капка под небото
Весна Малинова/ Весна Малинова/ Махир Сарихоџиќ - Дарко Тасев
4. Сама
Маја Сар/ Маја Сар - Весна Малинова/ Махир Сарихоџиќ
5. Сите тие дни (со Deep Zone Project)
Мирослав Костадинов/ Мирослав Костадинов - Весна Малинова/ Deep Zone Project
6. Ме љубиш ли и ти
Елена Терлеева/ Весна Малинова/ Владимир Дојчиновски
7. Крај (со Скај Виклер)
Скај Виклер/ Скај Виклер - Весна Малинова/ Скај Виклер
8. Бои
Евгени Димитров/ Весна Малинова/ Махир Сарихоџиќ
9. За година-две
Маја Сар/ Маја Сар - Весна Малинова/ Махир Сарихоџиќ
10. Да можев да те погледнам
Евгени Димитров/ Весна Малинова/ Евгени Димитров
11. Капка под небото (акустичен микс)
Весна Малинова/ Весна Малинова/ Махир Сарихоџиќ

Капка под небото (Авалон Продукција, 2010)
Снимено во: Long Play - Сараево, БМА - Скопје и Blue - Скопје
Продукција и мастеринг: Махир Сарихоџиќ - Long Play - Сараево
Фото: Дејан Пановски
Дизајн: КОМА
Извршна продукција и менаџмент: АВАЛОН Продукција
 
КАРОЛИНА РАСТУРА, АВАЛОН ВО ШОК, МАКЕДОНИЈА ОДБРОЈУВА
Авалон Продукција со големо задоволство информира дека и вториот од петте промотивни концерти на Каролина за „Македонско девојче 2“ е комплетно распродаден, а за останатите три концерти 60 проценти од влезниците се веќе распродадени. Бидеќи е очигледно дека сите пет концерти ќе бидат распродадени, Ве молиме набавете ги вашите влезници на време со што ќе го имате во раце први и новиот албум „Македонско девојче 2“.​
Концертите ќе се одржат во Македонската Опера и Балет од 20ти до 24ти февруари. Цена на пакетот, влезница плус луксузно дигипак издание е 600 денари. Влезниците се продаваат преку продажната мрежа на “Купи Карти За Се”, online како и на билетарата на МОБ. Како што претходно Ве информиравме албумот “Македонско Девојче 2” ќе биде во слободна продажба од 25 ти февруари низ цела Македонија.​
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom