jasisamojas
Не ми треба титула
- Член од
- 26 ноември 2008
- Мислења
- 762
- Поени од реакции
- 423
Да, точно дека ги пее високите тонови со леснотија, но искрено, најискрено, малку е напорно да се слуша во оваа песна, бидејќи е пренагласено и зборовите за неколку секунди се развлечени. Барем да бил само во еден дел (да речеме во вториот дел од песната) малку ќе беше „поприфатливо„ да се слуша, а тука скоро во првиот дел почнува од 20 секунда и така тера до крајот на песната. Во гласот на Каролина може да се почувстува некогаш и тага, ранливост, кревкост. А во оваа песна е премногу јако и едноставно пренагласено. За мене не е аргумент тоа што некој друг пеел максимум, па сега тоа да и биде појдовна точка на Каролина кога пее.