Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
(y)
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН КАРОЛИНА

happy_birthday-2006.gif


Уште еден огромен ден во Македонија, низ улиците на Македонија
се слави роденденот на македонската принцеза.

:vozbud::vozbud::vozbud:

Најголем ден! Сите го празнувавме... Дури и неработен го прогласија :vozbud:
 
„Високи октани“ на хуманоста со Каролина Гочева

185110_402821909758950_1383453376_n.jpg


Kај градинката „Бели Мугри“, на ул. „Ацо Караманов“ бб, на 7 јуни се означи првиот од вкупно трите пешачки премини во општина Центар, како дел од проектот за поголема безбедност на децата во сообраќајот, во организација на автомобилското шоу „Високи октани“, со донација од Кроација А.Д. - Друштво за неживотно осигурување.

Промотивното означување го направи македонската поп пејачка Каролина Гочева, во придружба на актерката Јелена Јованова, водител на емисијата „Високи октани“. Тие ги поздравија децата од градинката кои ја набљудуваа акцијата со нивните воспитувачки и Директорката на градинката. Меѓу присутните беа и Градоначалникот на општина Центар, г-дин Владимир Тодоровиќ и генералниот директор на Кроација А.Д. - Друштво за неживотно осигурување, г-дин Драган Лазарески, кои срдечно ја поддржаа акцијата.

„Ја поддржуваме оваа одлична акција што за вторпат екипата на „Високи октани“ ја спроведува во рамките на оштина Центар. Минатата година беа обележани и освежени и други три пешачки премини пред градинки и училишта и би сакале традицијата и понатаму да продолжи и да се прошири“, изјави Градоначалникот на општина Центар, г-дин Владимир Тодоровиќ, со многу ентузијам за хуманата акција.

Генералниот директор на Кроација А.Д. - Друштво за неживотно осигурување, г-динот Драган Лазаревски исто така изјави: „Се надеваме дека Кроација осигурување ќе постави пример и за останатите македонски компании да се приклучат кон слични акции. Одбележувањето на денешните пешачки премини е еден од многуте проекти на компанијата за изразување на општествената одговорност, а ќе продолжиме и во иднина. Срдечно ја поздравуваме иницијативата на „Високи октани“ и сме среќни што сме дел од ова.“

Во рамките на општествено корисните акции, екипата на нашето и ваше автомобилското шоу, традиционално, по вторпат го реализира проектот за безбедно учество на децата во сообраќајот, а истиот ќе продолжи и во другите скопски општини. Познатите личности, кои се идоли на најмладите, а воедно и пријатели „Високи октани“, исто така, ги поддржуваат овие акции. Во минатата сезона Марко Новески и Ана Зафирова означија зебри во општина Центар.

Локациите кои оваа година се означени и освежени во општина Центар се: БЕЛИ МУГРИ-работна единица, ул. „Ацо Караманов“ б.б. (зад ОУ „Кочо Рацин“), ОУ „Кочо Рацин“ (на ул. „Салвадор Аљенде“), НАУМ НАУМОВСКИ БОРЧЕ-работна единица, ул. „Борка Талески“ бр. 50 (позади Универзална сала).

Посебна благодарност упатуваме и до професионалната екипа на „Виа сигнал“, компанија за сигнализација и outdoor рекламирање, кои го изведоа означувањето на сите три локации.
 
Glupava KOZAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAA ...
otide u srbija srbinka u bugarija bugarka :facepalm:
svinjaa bez cicki


Вакви коментари нека бидат пример за тоа како не треба да се изразувате не само во Музички подфорум туку и на цел форум. За вакви испади следи санкција
 
Кога ТИ ќе достигнеш 1 процент од она што го направила Каролина, тогаш ќе може да судиш. До тогаш остануваат само завидливите кои зад компјутер се силни да навредат име како Каролина.

Бајага ја преработи Умирам без тебе на Каролина за неговиот нов албум. Воедно Бајага е автор на Умирам без тебе и на српската верзија која прво ја пееше Каролина, па сега тој.

Некакви новости за Каролина, ќе има ли нова песна наскоро? КАРАМАНОТ, дали знаеш?
 
Некоја нова поразлична соработка на Каролина со бугарска група. (Делот на Каролина почнува од 1:50 минута)

 
Кога ТИ ќе достигнеш 1 процент од она што го направила Каролина, тогаш ќе може да судиш. До тогаш остануваат само завидливите кои зад компјутер се силни да навредат име како Каролина.

Бајага ја преработи Умирам без тебе на Каролина за неговиот нов албум. Воедно Бајага е автор на Умирам без тебе и на српската верзија која прво ја пееше Каролина, па сега тој.

Некакви новости за Каролина, ќе има ли нова песна наскоро? КАРАМАНОТ, дали знаеш?
Па новости сеуште нема,се бараат квалитетни песни,треба да излезе компилациското ЦД со две три нови песни,инаку една требаше да излезе како најавен сингл,но сеуште нема ништо(песната ја има снимено пред година дена од Бертан Аслани)а зошто не ја пуштаат не знам,најверојатно во септември.Некако последниов период Каролина е повеќе во Битола,а Авалон беа преокупирани со нивните музички фестивали овде и во Белград,може затоа и доцнат.
 
Вечерва Каролина е специјална гостинка на големиот концерт на Градскиот стадион по повод независноста на Република Македонија.
 
Ден на независност на Македонија 08.09.2012 (арена „Филип Втори„)

 
22 декември
прв анплагд концерт на Каролина во Универзална сала
Во декември ќе биде промовирана и новата песна и новиот спот за новиот албум
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom