Оф, аман!
danibas77, да сум расипана, ко што не сум, па да покажам што глупости изнатраска по ПП. Молчи си, оти кај да е, самиот ќе се издадеш. Погледни три поста над мојот, од кого и колку пати беше спомнат зборот душебрижници досега на темава, па после јај од кафеавото. ОК?
Што се однесува до спотот и понатаму
лажете! Без разлика кој и како одлучува за концептот, самиот музичар го има последниот збор, па макар и бил гостин. Ако не сакам, не може жива сила да ме натера да се појавам во такво нешто. Прво, затоа што ниеден спот не е паднат од небо, туку претходно стилски се осмислува. Второ, затоа што во моите кадри не може тукутака да се убаци кој сака. Трето, затоа што за тоа си постои договор. Четврто, макар и ми подметнале нешто, имам секогаш опција на бојкот за дистрибуција на спотот. И да не набројувам понатаму, што се` треба да помине и да биде задоволено, за да нешто се појави во етерот потпишано од самиот музичар.
И на ова, таа не го забранила, туку само "наивно и невино" кажала дека не е по нејзина мерка. Шијем ти га Џуро! Не ставила вето затоа што се согласила и сакала да оди тоа во етерот. Ама нема муда да застане зад тоа што го сработила, којзнае зошто. Додуше знаеме, дека не` мислат сите за мутави, ама ај....
И престанете да си играте мајтап, како она била гостинка и немала избор, морала да прави така како што некој друг и` кажал. Епа, ако е таков случајот, тогаш не е ниту мега ѕвезда, ниту било каков фактор на естрадата. Ако кој како сака, и во што сака може да ја вметне.
Затоа да расчистиме барем со лагите.
На караманот му се испушти низ јазик без да сака, па си призна.....
На крајот на краиштата тоа е само шоу бизнис.
И во тој шоу бизнис, со последните потези во кариерата, Каролина за жал веќе не поминува како срамежлива, скромна, невина, културна, пристојна и сл. Веќе стана дел од шундот, во кој таа, пак ќе кажам за жал, како нејзин адут ја стави голотијата. И после се`, ставот дека "јас немам никаква врска, и поим немам што се случува, и нема ништо страшно, итака Плејбој е дневен весник, ама јас сум повлечено девојче " е само отслик дека нема муда да иде до крај.
Сакам да се ....., ама нејќам да ми ......
Инаку, што се однесува за тоа кој каде кисне, можам да кажам дека другите форумџии учествуваат и во другите подфоруми, само вие тука 3-4, платени да го работите ова, од оваа тема не мрднувате. А ако не сте платени, тогаш мора да сте некои фриковци. Немам видено некој од јутра до сутра да седи и на секој можен пост да одговара, упс пардон, да држи монолози, без притоа да сфати што се пишува.
За нејзината хуманитарна инволвираност, не сакам да се расправам, ниту да пишувам. Само ќе кажам дека (настрана концерти) тоа е нешто за кое се дознава на улица, од обичниот човек, од оној со солзи во очи што ќе ти ја раскаже приказната, а нема гласно да ја објави. За неа, таква приказна досега не постои. А луѓето во мака зборуваат за убавите нешта што им се случуваат и за помошта што им била пружена. Можеби на полето хуманизам е неуспешна, бидејќи хуманизмот не можеш да го промовираш со пари, не можеш да му изградиш имиџ, џабе ти е и тим да стои позади тебе, тоа си доаѓа од внатре. А обичниот човек тоа го чувствува. Не е бонбонче, па да можеш да му го продадеш.
За сите уметници се вртат и вакви и такви приказни, само за неа се слушаат негативни. Да не одиме натаму дали се точни или не, небитно е тоа. Ама ваљда има некои искрени обожаватели, освен вас тука, една шака луѓе. Зошто за 15 год. кариера, колку што е девојка, нема ниту една приказна за неа што е позитивна и убава? Неможно е сите, ама баш сите, да бидат љубоморни и завидливци.
Инаку, судејќи по вас (како нејзини придружници, без разлика дали сте пријатели или соработници), и вашите ставови за многу нешта искажани тука, хуманизам, материјализам, естраден колегиум, етикетирање на публиката и однос кон јавноста, тогаш можам да замислам каква е самата "ѕвезда". Бидејќи, во крајна линија, тесното опкружување е огледало на самиот човек.