Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Вечерва Каролина ќе биде гостинка во ЗАЈДИ ЗАЈДИ на Алфа телевизија од 20.30 часот.

Каролина како и други гости ќе исполни една песна од легендарниот Тоше Проески, нејзин соработник и пријател. Се работи за песната "Казна моја си ти" која Каролина ја одбрала поради смислата која песната ја имаше во животот на Тоше.
Koga ide repriza ???
 
Не знам дали Дијаманте или некој друг го има ова постирано, ваљда не е дупла вест.

Кaролина го одби “Големиот брат“

По завршувањето на реалното шоу “Големиот брат“, одговорните луѓе на “Имоушн“ на 30 јануари повторно ќе ги отворат вратите на најпопуларната куќа на Балканот, во која овој пат ќе влезат популарни личности од светот на шоубизнисот од речиси сите поранешни југословенски републики. Имињата на новите ВИП-гости се држат во тајност, но “Свет“ дозна дека една од поканетите личности била и нашата најпопуларна пејачка Каролина Гочева. Понудата за учество во “Големиот брат“ пристигнала минатата недела во канцеларијата на “Авалон продукција“. Во неа, покрај официјалната покана, детално биле прецизирани и сите други правила на играта, меѓу кои и хонорарот од 10 илјади евра, кој Каролина би го добила доколку влезе во шоуто и остане 15 дена.
Но и покрај примамливоста на понудата, одговорните луѓе на “Авалон“ во консултација со пејачката ги одбиле големиот хонорар и учеството во шоуто. “Имавме состанок со Каролина, и кажавме за што се работи, но таа само се насмевна и кажа - нема шанси. Таа не е девојка што би сакала на тој начин да ја дели својата приватност со широкиот аудиториум, сега е концентрирана на новиот албумот, кој треба да излезе за два месеци“, ни изјави Филип, ПР-менаџер на Каролина.
Покрај ангажманите околу албумот, блиските пријатели на ѕвездата како втора причина за нејзиното одбивање на понудата ја посочуваат и нејзината “свежа“ врска со Марко Антиќ Анте, во кој, како што тврдат нашите извори, Каролина е ептен затрескана.
“Не сакам да влезам во шоуто и сите да ме гледаат по долна облека. Во моментов имам премногу ангажмани и обврски“, ни изјави Каролина. До самиот почеток на шоуто има уште десетина дена, а дали Каролина ќе се премисли поради добрата сума, ќе видиме. На крајот на краиштата, Марко ја сака, па ќе ја почека.

Извор
Свет
Уф бре, македонско девојче, китка... :)
 
Не сум го постирала ова досега, фала Lurtz за информацијата.
Својствено за Каролина да не прифати учество во вакво реално шоу, нејзината кариера не се гради на скандали и делење на приватноста со народот, туку на работа. Сепак мислам дека е можно да се појави во ВИП Големиот Брат како гостинка.
 
да прашам и јас тоа што го прашал ако_можеш гледам нема одговор, Каролина уште е НЕВИНА? :pos2:Нели врските и биле како брак.... Која бламажа :nesvest:...
За тоа невина таа само го кажа тоа со цел да избегне одговор на тоа интимно прашање,а очигледно имало глупи луѓе кои тоа го сфатиле буквално.
 
За тоа невина таа само го кажа тоа со цел да избегне одговор на тоа интимно прашање,а очигледно имало глупи луѓе кои тоа го сфатиле буквално.

невина............ 3 000 евра.......... :))))))))
 
Kaде си ти karamanot, те нема долго време?
Инаку на Каролина и биле нудени 10 000 евра за влез во Големиот Брат, и тоа на 15 дена, не прифатила, браво.

BTW, не знаев дека толку внимание ќе предизвика таа нејзина изјава за невиноста:pos2::pos2::pos2:
 
>>>Минатата недела во популарното шоу на Огњен Амиџиќ – “Ами Џи шоу“ гостуваше и нашата поп-пејачка Каролина Гочева заедно со српскиот актер и водител Милан Калиниќ. По низа прашања од типот нова песна, нов спот, Огњен своите гости започна да ги прашува за нивното прво сексуално искуство – кога, каде и со кого. Кога дојде ред Каролина да го даде својот одговор, таа рече: “ Секс? Јас потекнувам од традиционално семејство, па за мене важи правилото - ’ништо пред брак!’“. Публиката одговорот на Каролина го сфати како мала шега, но на неа не и е првпат да го даде истиот одговор. Имено, кога Каролина гостуваше во шоуто на Боки 13, контроверзниот водител и го постави “фамозното“ прашање – кога ја изгубила невиноста, на кое таа го даде истиот одговор како и во шоуто на Амиџиќ, но на многу посериозен начин.<<<

од лани е ова интервју ама ОДГОВОРОТ НЕВИН е битен....

За тоа невина таа само го кажа тоа со цел да избегне одговор на тоа интимно прашање,а очигледно имало глупи луѓе кои тоа го сфатиле буквално.

ако Каролина вака ги избегнува сите `интимни` прашања, значи нема два грама мозок....
 
ако Каролина вака ги избегнува сите `интимни` прашања, значи нема два грама мозок....

Тоа значи дека Каролина знае што да каже за потоа да биде зборувана, тоа го докажува фактот што таа емисија беше пред помалце од една година, а се уште се зборува за таа изјава, значи самата си направила публицитет. Одма по таа изјава, Каролина излезе на сите насловни во српските весници, но таа како и секогаш, ништо повеќе не коментираше. Одлична провокација даде за да се зборува на долго и широко за тоа.

А два грама мозок според мене има некој/а кој/а е свиркан/а по реномирани македонски фестивали, а кој/а упорно не сфаќа дека публиката не го/ја сака.:vozbud:
 
хахаххаха, нели Каролина не ја градеше кариерата со афери, скандали, провокации :kesa:.... жалосно.... луѓето и се смеат на таквата изјава (и фурањето на имиџ на `невина` девојка) и ја сметаат за обична непромислена, медиокритетска, глупост...

ако публиката не ја сакаше личноста за која алудираш немаше да има најпродаван албум во 2009 за само два месеци (притоа албумот не е 100 денари заедно со календар со разголени слики), па види ти сега....
 
>>>Минатата недела во популарното шоу на Огњен Амиџиќ – “Ами Џи шоу“ гостуваше и нашата поп-пејачка Каролина Гочева заедно со српскиот актер и водител Милан Калиниќ. По низа прашања од типот нова песна, нов спот, Огњен своите гости започна да ги прашува за нивното прво сексуално искуство – кога, каде и со кого. Кога дојде ред Каролина да го даде својот одговор, таа рече: “ Секс? Јас потекнувам од традиционално семејство, па за мене важи правилото - ’ништо пред брак!’“. Публиката одговорот на Каролина го сфати како мала шега, но на неа не и е првпат да го даде истиот одговор. Имено, кога Каролина гостуваше во шоуто на Боки 13, контроверзниот водител и го постави “фамозното“ прашање – кога ја изгубила невиноста, на кое таа го даде истиот одговор како и во шоуто на Амиџиќ, но на многу посериозен начин.<<<

од лани е ова интервју ама ОДГОВОРОТ НЕВИН е битен....

ако Каролина вака ги избегнува сите `интимни` прашања, значи нема два грама мозок....
Па вака првин добро запамти што кажала па после коментирај,кај Боки 13,таа кажа дека интимните работи ги кажува и ги дели само со блиските луѓе околу неа и му рече кога тие двајца ќе бидат добри пријатели тогаш може и ќе разговараат за тоа.
 
сите информации кои ја тангираат расправата се приложени погоре, никој ништо не измисли, и нема потреба од памтење кого тоа е запишано негде....

што се однесува до изведбата на `Казна моја си` една од најлошите изведби на Каролина....
 
Немам намера да се расправам со од твој калибар зашто немам ни време и не сакам да пагам толку ниско за вакви глупости, за изведбата сигурно е 1000пати подобро изведена од колку од изведбата на "немаш ни благодарам" од "големата" пријателка на Тоше која никогаш не била на ниту еден негов концерт сега зборува за него најмило мое.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom