По завршувањето на реалното шоу “Големиот брат“, одговорните луѓе на “Имоушн“ на 30 јануари повторно ќе ги отворат вратите на најпопуларната куќа на Балканот, во која овој пат ќе влезат популарни личности од светот на шоубизнисот од речиси сите поранешни југословенски републики. Имињата на новите ВИП-гости се држат во тајност, но “Свет“ дозна дека една од поканетите личности била и нашата најпопуларна пејачка
Каролина Гочева. Понудата за учество во “Големиот брат“ пристигнала минатата недела во канцеларијата на “Авалон продукција“. Во неа, покрај официјалната покана, детално биле прецизирани и сите други правила на играта, меѓу кои и хонорарот од 10 илјади евра, кој Каролина би го добила доколку влезе во шоуто и остане 15 дена.
Но и покрај примамливоста на понудата, одговорните луѓе на “Авалон“ во консултација со пејачката ги одбиле големиот хонорар и учеството во шоуто.
“Имавме состанок со Каролина, и кажавме за што се работи, но таа само се насмевна и кажа - нема шанси. Таа не е девојка што би сакала на тој начин да ја дели својата приватност со широкиот аудиториум, сега е концентрирана на новиот албумот, кој треба да излезе за два месеци“, ни изјави
Филип, ПР-менаџер на Каролина.
Покрај ангажманите околу албумот, блиските пријатели на ѕвездата како втора причина за нејзиното одбивање на понудата ја посочуваат и нејзината “свежа“ врска со
Марко Антиќ –
Анте, во кој, како што тврдат нашите извори, Каролина е ептен затрескана.
“Не сакам да влезам во шоуто и сите да ме гледаат по долна облека. Во моментов имам премногу ангажмани и обврски“, ни изјави Каролина. До самиот почеток на шоуто има уште десетина дена, а дали Каролина ќе се премисли поради добрата сума, ќе видиме. На крајот на краиштата, Марко ја сака, па ќе ја почека.
Извор
Свет