Карлос Сантана

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување
Аууу многу го поштувам човеков значи... Имам неколку негови песни, најдобри се, а некои и ми будат страшно добри спомени...:pipi:
 
Не бев на концертов ама не е лошо некој ако бил да ни ги пренесе импресиите:

Сантана го разигра Скопје како никогаш до сега

santana%20skopje%202009%20185.NEF.jpg
„Oye como va mi ritmo

Bueno pa' gozar, mulata

Oye como va mi ritmo

Bueno pa' gozar mulata“

Во исклучително позитивна и разиграна атмосфера, пред повеќе од 15.000 гледачи на Градскиот Стадион во Скопје, Карлос Сантана изведе легендарен концерт кој ќе остане запишан како најдоброто музичко доживување во Македонија.

santana%20skopje%202009%207531.jpg
Еден од најдобрите гитаристи на сите времиња ја изненади јавноста, и невообичаено за светски познатите ѕвезди го започна својот концерт на време, точно во 21 часот. Публиката која се’ уште влегуваше на стадионот не можеше да поверува дека Сантана без каснење го започна своето шоу кое како што вети траеше скоро два и пол часа.​
santana%20skopje%202009%20200.jpg
Врвната изведба на легендарниот гитарист и неговиот бенд од 14 луѓе беше одлично животно доживување за македонската јавност. Својот настап кој наликуваше на легендарниот фестивал „Woodstok“ од 1969“ година, Карслос го започна со „Soul sacrifice“. Атмосферата се загреа со познатиот хит „Maria Maria“, а веднаш потоа следуваа „Samba pa ti“ и „Into the night“.​
Виртуозниот гитарист успеа да ги спои своите омилени музички правци, рок, салса, латино, џез, самба и ја разигра публиката која секоја исвирена нота ја дочекуваше со овации.​
santana%20skopje%202009%20900.jpg
Речиси и да немаше присутен што не го фати заразниот ритам, или пак остана имун на јужноамериканскта музика која Сантана и неговиот бенд одлично ја вклопија во рок звукот. Гитарските сола беа еуфорично прифатени од многубројната публика, а особено значење на концертот дадe изведбата на легендарната песна од Џон Ленон, „Imagine“.

santana%20skopje%202009%20382.JPG
- Сакам да ви посакам убава вечер и благодарам за енергијата која успевате да ни ја пренесете. Ве поздравувам сите, а особено женската популација која како што гледам дошла во голем број. Сакам да ги поздравам и Џон Ленон и Боб Марли, легендите кои пееја за љубовта и мирот. Посакувам љубовта да се шири во светот, рече Сантана, а потоа ја отсвире „A Love Suprime“.​
santana%20skopje%202009%20101.NEF.jpg
Романтичната атмосфера која ги разнежи срцата на Градски беше надополнета со големите хитови „Black Magic Woman“ и „Smooth“. Сантана ја воодушеви јавноста со своето однесување и настапот на сцената и одржа лекција за тоа како треба музилчарите да се однесуваат на концерите. Спонтаноста, енергијата, контактот со публиката и менувањето гитара на секоја песна оставија белег на концертот, за кој најверојатно и најголемите скептици ќе кажат дека беше перфектен.

santana%20skopje%202009%20391.jpg
Карлос на крај ги отсвире „Oye como va“ и „Corazon Espirando“, а потоа ја напушти сцената. Сантана на барање на публиката се врати на бис, со што на крај само докажа дека тој можеби е најголемата музичка ѕвезда која што одржала концерт во Македонија.

santana%20skopje%202009%20873.jpg
Организаторот Авалон одлично го имаше решено влезот и излезот од стадионот каде и покрај големата посетеност не се почувствува гужва и нервоза. Да се надеваме дека нема долго да чекаме за да можеме да присуствуваме и да слушнеме некоја друга голема музичка легенда од типот на Карлос Сантана.​
santana%20skopje%202009%205541.JPG
 
Човеков има свој стил на свирење кој лесно се препознава. Бев на концертот и навистина бев воодушевен. Секоја негова изведба беше виртуозна. Се чудам како издржаа сите тие гитари..... Шегата на страна.
Песните со брз ритам те тераа да заиграш а оние поспорите беа добро опуштање после сето тоа скокање и рипање. Бендот, чиј секој член беше поединечен мајстор, одлично се вклопуваше со музиката Сантана.
Се беше одлично.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom