Карцином/Канцер/Рак

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
„otkrio „Imunofan“ na sajtu www.verauzivot.rs i pobedio karcinom“
како оваа страница има некоја релевантност од областа медицина?
„Kod lečenja bolesnih od raka, počinje da se koristi neposredno pre hemoterapije i zračenja ili operacije, pa se nastavlja tokom celog perioda lečenja.“
Значи дека не е лек против ракот, туку уште еден од низата суплементи кои наводно помагаат, ама треба и зрачење и операција.
Нема направено клинички испитувања и тоа е аларм дека се работи за обични суплементи кои немаат никакво дејство, или некое благо дејство кое нема врска со основните елементи на ракот.

Колку што можев да видам, тој оригиналниот Имунофан е синтетски хормон кој наводно ги запира воспалителните процеси преку запирање на некои процеси во имуниот систем преку отстранување на ТНФ (тумор некотизирачки фактор) и на тој начин ја зголемува способноста на имунитетот да се бори против слободните радикали како еден од можните предизвикуачи на рак.
Значи дури и ако овој лек си го врши своето дејство, ќе нема лечебен ефект, затоа што најмногу што може да направи е да ги отстранува слободните радикали кои и не мора да значи дека предизвикуваат рак, што значи гола вода. Насила е најден начин како да се поврзе со терапијата за рак, демек преку спречување на слободните радикали, кои и немаат никаков ефект во терпаијата на рак.
Исто како и сите овие суплементи кои се рекламираат за истото и наоѓаат некоја периферна поврзаност само за реклама.
 
Ме интересира дали рак се пренесува со трансплатација на органи или трансфузија на крв
Дали се такви експерименти вршени на животни?
 
Ме интересира дали рак се пренесува со трансплатација на органи или трансфузија на крв
Дали се такви експерименти вршени на животни?
Во нормални услови имуниот систем би ги препознал туѓите клетки, не само ракот, туку и целиот орган, и би ги уништил. Теоретски е возможно да се пренесе кај 100% генетски идентични индивидуи, што не е возможно кај виши животни заради шифтинг во имуните гени.
Или кај целосно супресиран имун систем, што вообичаено е стандардна процедура кај примателот на органот пред трансплантација, со цел имуниот систем да не го уништи органот. И тоа ја зголемува шансата, ако органот има некои малигни клетки, тие клетки да останат неуништени, и да се прошират во организмот. Што значи целосно е возможно, иако многу малку веројатно, а примателот штом дошол до степен да има потреба од нов орган, таквите малку веројатни шанси се последна грижа.
 
како мислиш болен од рак да донира крв или органи :icon_lol:
Најнапред болниот од рак, не знае веднаш дека е заболен. То ќе го забележи дури кога ќе се појават некој видливи симптоми
Но друго ми е прашањето:
за лабараториски глувци - дали е направен експеримент од заболен глушец да се пренесе крв или ткиво на здрав глушец
Дали во такви случаји се пренесува ракот?
 
Да, правени се експерименти на глувци, и тоа на голи глувци, барај nude mouse, тие се посебни глувци кои немаат т клеточен имунитет и не можат да се оформат стекнат имунитет. Кај нив, трансплатнирани клетки на рак, се оформуваат во рак.
Кај нормални стаорци, трансплантирани клетки од рак, не се развиваат во рак.
 
Ме интересира тој лекот со листови од алое вера, кафе од цикорија, етанол, домашно вино и мед со сод, дали помага или е само за намалување на болките?

Sent from my GT-I9300 using Tapatalk
 
Се обидов на пребарувачот да најдам каков е текот на болеста од појавата на ракот со метастази до смрта на пациентот.
Ве молам да ми предложите интернет адреси на кои е опишан текот на болеста
А еве што најдов:
http://www.centarzdravlja.rs/bolesti/138/rak-dojke/rast-raka-dojke-i-nacin-sirenja/2/
Рак на дојка расте бавно со удвојување на туморските клетки. Во 15-40% од случаите се јавува во неколку места во дојката. Природната историја на рак на дојка се карактеризира со долговечноста. Значи преживување кај пациентите кои одбиваат третманот секој пат меѓу 2,5 и 3 години, но понекогаш може да биде подолг од 20 години.
http://www.kancer.rs/category/metastaze-2/
Појавата на болката не е типичен за раните фази на малигни заболувања, со исклучок на некои видови на рак, како рак на коските, кога болката се јавува многу рано.
 
Барај карциногенеза (Carcinogenesis) и патофизиологија на ракот (pathophysiology). За секој тип на рак, текот на болеста е различен.
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/books/NBK12889/
 
Никаков лек, само продолжува живот за 4-6 месеци.

Друго ме интересира. По извршена КТ докторите кажуваат дека се работи за тип на канцер кој метастазира, а по резултатот од биопсијата испаѓа дека нема никакви малигни клетки на тоа место што претходно кажале дека е метастазирано.
Има големо масно ткиво под десната рака, а левата рака и нога тешко ги движи.

Пациентот уште на почеток се води со дијагноза канцер на бели дробови. Но ги нема сите симптоми како кашлање, хемоптиза, визинг.
 
Овие симптоми не е задолжително да ги има. Се јавуваат во доста поодминат стадиум.
А на кое место кажале дека има метастазирано и од каде земале биопсија? Плеврален излив?
 
Овие симптоми не е задолжително да ги има. Се јавуваат во доста поодминат стадиум.
А на кое место кажале дека има метастазирано и од каде земале биопсија? Плеврален излив?
Точно овој дел.

slika 1 copy.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom