Карцином/Канцер/Рак

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
знам само дека од патологија добиле позитивен резултат на малигнитет
 
А што правиме кога лекарот по грешка со месеци пробува да те лекува од дијабетес и ишијас? Татко ми пред да му го откријат 8месеци го лекуваа од дијабетес и ишијас, човекот имаше планоцелуларен-неситноклеточен канцер, на панкоаст делот. Идиотот во интерно во Прилеп сметаше дека плешката (панкоаст делот) го боли поради ишијас, а 4 месеци го лекуваа од дијабетес. Јас не сум лекар, али кога гледаш дека мажиште од 85кг се топи секојдневно и станал за 3 месеци 60кг и покрај тоа што јаде нормално, ќе почнеш да бараш по интернет според симптомите. Го молев докторот да му даде упат за компјутерска томографија чисто да провериме, да знаеш која реченица ми ја даде како одговор, „бркај си ја работата и гледај си твојата струка“. Денот кога забележаа дека има затемнување го испратија од ортопедско да му направат рентген, а не интернистот. Денес јас го немам човекот покрај мене, а според докторите на пулмологија, доколку бил откриен неколку месеци порано, имало шанса да се реши со оперативен зафат и човекот денес ќе беше жив.
Кажи ми сега ти како да го казнам копилето, кога и да отидев си играше солитаире на компјутер и си го ладеше!
Ова нека биде поука за сите форумџии. Ако ви е сумлива одлуката на еден лекар, одма барајте мислење од друг. На дедо ми матичниот упорно му даваше лекови за притисокот а тој имаме главоболки и вртоглавици, јас на своја рака го однесов кај ушен лекар да му ја испита рамнотежата, а тој ме препрати кај невролог, затоа што претпоставуваше, ама и погоди што е. До пред 2 години беше како стрела, а еве веќе една недела е под земја :(
 
Neka me kontaktira nekoj ako ima ulje od kanabis.
 
Ако ова што го напишале е точно, се надевам дека ќе се направи голем чекор во борбата против оваа болест и нејзино рано откривање.
http://sputniknews.com/art_living/20150617/1023457857.html
Да не мрчам, ама веста е типично за медиум кој бара внимание. Тумор маркерите кои се користат денес, ич ама ич не се специфични (со исклучок на еден за еден вид на карцином)
 
Човек кога има мака и за сламка се фаќа.
За жал мојата личност со рак ме напушти пред 4 години. Немаше ни време да бараме лек, во неколку месеци болеста се појави се разви страшно и толку....
Пред некое време кај една побогата пријателка, што не пробаа од хемотерапии до разни напивки алтернативни лекови, само ја измачија дополнително ништо не помогна
Сега читам некој германски лек за рак на кожа или можда и за друг тип 10 000 $ месечно... :(
 
Дали може само од рентген снимка на бели дробови, на пациентот да му се даде дијагноза дека ткивото е малигно?
 
Дали може само од рентген снимка на бели дробови, на пациентот да му се даде дијагноза дека ткивото е малигно?
dracula.gif
[DOUBLEPOST=1436901025][/DOUBLEPOST]
А што правиме кога лекарот по грешка со месеци пробува да те лекува од дијабетес и ишијас? Татко ми пред да му го откријат 8месеци го лекуваа од дијабетес и ишијас, човекот имаше планоцелуларен-неситноклеточен канцер, на панкоаст делот. Идиотот во интерно во Прилеп сметаше дека плешката (панкоаст делот) го боли поради ишијас, а 4 месеци го лекуваа од дијабетес. Јас не сум лекар, али кога гледаш дека мажиште од 85кг се топи секојдневно и станал за 3 месеци 60кг и покрај тоа што јаде нормално, ќе почнеш да бараш по интернет според симптомите. Го молев докторот да му даде упат за компјутерска томографија чисто да провериме, да знаеш која реченица ми ја даде како одговор, „бркај си ја работата и гледај си твојата струка“. Денот кога забележаа дека има затемнување го испратија од ортопедско да му направат рентген, а не интернистот. Денес јас го немам човекот покрај мене, а според докторите на пулмологија, доколку бил откриен неколку месеци порано, имало шанса да се реши со оперативен зафат и човекот денес ќе беше жив.
Кажи ми сега ти како да го казнам копилето, кога и да отидев си играше солитаире на компјутер и си го ладеше!
Кога ќе почне нагло да се губи на килограми, обично се работи за карцином со метастази.
Докторите од пулмологија малку имаат преувеличено.
 
Последно уредено:
Ако не може, зошто веднаш му даваат таква дијагноза и го пратиле во болница на лекување? Значи може е тумор, ама без испитување на ткивото му ја дале таа дијагноза.

Се пожалил на болка на десната страна на грбот, а они го сликале и на градите. Имал проблеми со дишењето, слабост, лесно се заморува и нема гушење. Изгледа локализацијата на туморот е периферна. Ова обично е супериор сулкус тумор кој се шири и кон рамото и раката.
 
Мора да се направи пункција и биопсија, не може туку така секоја сенка да се третира како канцер.
 
Гледав на тв апарат за радиотерапија во систина. Мене не ми треба ама звучеше како добра идеја... цени не кажаа
 
И јас се зачудив зошто матичниот кога ги разгледал тие сликите, не препорачал прво да се направи биопсија. Затоа прашав дали е можно тоа

Од око пишал дека ткивото е малигно и препорачал веднаш да се отстрани.
Како што ми кажаа и издал некој документ за привремено отсуство од работа, поради дијагностициран рак на бели дробови. o_O :eek:

Современ апарат имаат во Систина, ама сигурно терапијата би била 5000 евра. Отстранување на ткиво им е 2000 евра.
 
Мора да се направи пункција и биопсија, не може туку така секоја сенка да се третира како канцер.
Значи сепак било канцер, а сега не може да се направи биопсија. Има и тромб на срцето. Треба терапија за тромбот да се разбие, па канцерот да се испитува.
Што чисто се сомневам, дека може да се излечи. :(
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom