Карактерот во очите?

  • Креатор на темата Креатор на темата bibika
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Демек,оние што имале сини очи,се таинствени и длабоки.Оние со зелени биле необични и специфични,а пак оние со темни очи,мистични и елегантни.

Дали сте размислувале, или можеби знаете, какви карактери имаат, луѓето со одредена боја на очи?
Какви се оние плавооките,црнооките...???

Тргнете од себе и од оние што ги познавате.Какви очи имаат,а какви карактери. Опишете ги,заедно ќе откриеме.:)
 
bibika напиша:

мммммммммм во право си со ова јас имам зелени
 
G e G o напиша:
мммммммммм во право си со ова јас имам зелени

Е убо де.:) А малку да ни помогнеше нас другиве, да разберевме каков си? Кажи каков си (кратко),па да видиме што ќе кажат другите со зелени очи,па да научиме сите,да го гледаме карактерот во очите.:)
 
Незнам за бојата на очите, ама дефинитивно - очите се огледало на душата. Навистина како да можеш низ нив да ѕирнеш и да видиш што чувствува некој, целата душа и сите емоции му се пресликуваат на нив.
 
е каков сум то ни ја не знам :toe: тешко е да оцениш некого а уште потешко е сам да се оцениш каков си ! па вака некако
претежно сум расположен, весел ретко се нервирам ,комуникативен и шо знам во кратки црти то...
 
И јас имам зелени очи.... и сум најдобар човек на свет :nesvest: .... барем така велат повеќето а и таков се гледам себеси.
 
Мислам дка бојата на очите нема многу влијане за разлика од погледот. Каков поглед имаш таков и си. Можеш да го искарактеризираш некого според него. А за бојата на очите незнам дека може да влиае.

Имам кафеаво со примеса на зелено очи и по принцип сум многу комуникативен, пријателски настроен, без пардон, галамам многу, секогаш позитивен, додуша се нервирам од ситници ама брзо ми мине нервоза.
 
pa so znam ja iam plavi oci poznvam i drugi so takvi oci ima nekoi slicnosti ali ipak mnogu se razlikuvame.Ocite nemaat mislam deka nemaat nekakva vrska so licnosta osven fizickkiot izgled
 
bibika напиша:
Демек,оние што имале сини очи,се таинствени и длабоки.Оние со зелени биле необични и специфични,а пак оние со темни очи,мистични и елегантни.

Дали сте размислувале, или можеби знаете, какви карактери имаат, луѓето со одредена боја на очи?
Какви се оние плавооките,црнооките...???

Тргнете од себе и од оние што ги познавате.Какви очи имаат,а какви карактери. Опишете ги,заедно ќе откриеме.:)
Некако не ја поврзувам бојата на очите со карактерот на личноста. Тоа ми е исто ко она- леваците биле поинтелигентни од деснаците, или плавушите биле поглупи од црнките. Некако незнам на кој начин би можело по физичка особина да се одреди карактерна. Ама ај.
Јас имам темни очи, кафеави, и да ти кажам искрено, нит сум мистична, нит сум елегантна:) Повеќе сум некоја комбинација на карактеристиките на сини и зелени очи, ако веќе гледаме така.
А од луѓето што ги познавам- сите се различни. Не може според боја на очи да процениш нечиј карактер, бе Бибика. Ама ај, ти си по тие работи(психоанализи исл), ти си знаеш :)
Иначе дека од очите на личноста можеш да го прочиташ неговиот карактер- тоа да. Ама не е тоа до бојата. До длабочината на погледот е, до сјајот на очите...
 
Мистичен напиша:
Незнам за бојата на очите, ама дефинитивно - очите се огледало на душата. Навистина како да можеш низ нив да ѕирнеш и да видиш што чувствува некој, целата душа и сите емоции му се пресликуваат на нив.

Блазеси им на оние што можат да проценат нечии емоции,судејќи по очите.Конкретно јас повеќе од половината од блиските луѓе околу мене не знам што боја им се очите,а тек да ги анализирам по нив.Не знам можеби има нешто,ама ретко се загледувам за да знам да проценам.Не сум стручна:nenene: Ајде вие поискусните кажете како може да фатите нечии емоции по очите,а Мистичен???
 
bibika напиша:
Оние со зелени биле необични и специфични,:)

Да, се сметам себеси за специфична личност, едноставно се издвојувам во повеќето работи од другите, најмногу по она што не можам а да не го кажам она што ми е во срцето..необична сум поради тоа што не се совпаѓам со според мене конзеративните сфаќања на околината во која живеам, а кога ќе се соочам со фактот дека само тоа ми преостанувам тогаш се повлекувам ден-два, и пак почнувам со обидите!Секогаш неславно завршуваат, ама секогаш ми се поттик за повторно да бидам различна!
 
Можеби

bibika напиша:
Демек,оние што имале сини очи,се таинствени и длабоки.
Сини очи.
Можеби е вистина, можеби не е.Но имам прочитано дека девојките со сини очи симболизираат верност, а тоа е еден квалитет кој не го поседувам, така да...
Мислам дека постои веројатност, очите да зрачат со нешто, со некоја посебна фама, но не и да ги одредуваат карактерините особини.
 
...Ја иам темни очи не се чувствувам мистичен и елегантен ама звучи кул, ама на втора помисла имаше еднаш кога ми казаа дека не ме познаваат(другарите) и сеа би требало да значи дека сум мистичен.:toe: Искрено не мислам дека секогаш очите го показуваат карактерот.
 
bibika напиша:
.Оние со зелени биле необични и специфични
мхм...имам специфичен вкус,најголемата причина поради која постојано сум во расправија,али не го сметам тоа како мана,едноставно за се што ќе видам не викам дека е убаво,или да се согласам со нешто затоа што мнозинството мисли така!
И да се само обична не:wink:
 
Оние со плави и зелени демек многу лажеле...така вика една другарка :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom