Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
За пробување, сигурно не сум пробал, сеуште сум при здрав разум
А за второто, ако случајно некој ми подметнал, овде мислам пред се на дилерите со месо кои преку месарниците нудат свежо месо, не значи дека сум канибалист, туку изманипулиран потрошувач на свинско, телешко итн. ...месо.
Мајка монструм си го искасапила и испекла родениот син
Виолета Кожинкова
02.10.2008 19:45
Грозоморниот настан се случил во с.Оризари
Мајка си го искасапи и испече родениот син. Лозена Андевска од кочанското село Оризари со нож и секира го исекла телото на својот 32-годишен Влатко, а потоа парче по парче го горела заедно со дрвата.
Toecutter, во случајот од Македонија нема никаков канибализамl.
Ете имаш на линкот целиот настан...
А што е касапење,чување во фрижидер и печење на човек? Не лути се човече?
Не знам кому му е храна човечкото месо, ама нас не ни е.
Под нас подразбирам нормални луѓе.
Ама ако сакаш, слободно. Ене ти грибишта, тркни земи и спржни си нешо.
Па не биди сигурен...гледајќи некои месарници тука човек страв да го фати...
Кај нас оваа појава ја нема одамна освен еден случај кој пред 2 години се случи во кочанско кога мајка го убила,искасапила и испекла родениот син...колку што знам единствен случај на канибализам кај нас последно време....
Е сеа тоа ти звучи никакво ама така е било во некои племињаСите се јаделе а можеби и ти си јадела во колбаси или сл. само не си приметила оти можеби е имало мала количина
![]()
Си правите филмови,така било тоа човек да се убие и да ти го продаваат во месарница,можеби ставаат мачкино или кучешко месо,ама човек во Македонија тешко да исчезне незабележено,не сме нешто многу народ.
А што е касапење,чување во фрижидер и печење на човек?
Рандом неповрзани актови од страна на психопат? Дали дошло до јадење, дигестија, етц?
Кога ја спомна оваа случка се сетив на таа жена,моја бивша школска и беше комшивка,сега сите се плашат да ја погледнат а не па да и влезат во кука,се правела ко ништо да не се случило...демек зборувала дека не можела да го гледа како страда...тотално пореметување.
Имам гледано многу документарци за таа гадна работа,на Рипли-Верувале или не емисијата која се емитуваше пред некое време...како ги беа јаделе другите,со која сласт еј...тотално скрената работа.
Ѕверство, наречи го и поинаку, ако сакаш, но канибализам не е.
На слобода е жената???
Mислам дека се збореше едно време дека била во психијатриска болница...ама не сум многу сигурна...ке ja прашам нејзе(одамна ја немам видено другарка ми) и ке кажам,и мене ме интересира![]()
Канибализам ќе има во злосторстворто само ако жената го јадела месото, за што нема докази.
Многу поголеми се индициите дека месото е распарчувано и процесуирано за да се прикријат доказите.
Истрагата не потврдила дека жената го јадела месото.
Благата казна за човекојадецот изненади многумина
Подготвил: Небојша Јаконов
За време на судењето Мејвес беше смирен и насмеан, што ја иритираше јавноста
По седумнеделното судење, што германската јавност го следеше со мешавина на неверување и морбидна фасцинација со бизарноста на случајот, во петокот во судот во Касел му беше изречена казна на 42-годишниот компјутерски стручњак Армин Мејвес, кој тоа тој самиот го призна пред тричлениот судски совет - го убил, а потоа го изел својот пријател кого го запознал преку "садомазо"- сајтот на Интернет-мрежата.
Бидејќи германската (но и светската) публика веќе имаше можност да се запознае со сите морбидни детали за овој за многумина крајно неверојатен случај и "одблиску" да го запознае "главниот лик", по петочната пресуда, се чини, централната тема со која се занимаваат Германците е за мнозинството луѓе зачудувачки малата казна од осум и пол години затвор, со дополнителната формулација дека станува збор за убиство без умисла, што ја доби канибалот од Ротенбург. Нормално, реакциите на обичниот свет се изненаденост проследено со прашања дали државата е во состојба да го штити општеството од перверзници како Армин Мејвес. Наспроти тоа, пак, правните експерти ја посочуваат сложеноста на судењето и товарот на кој беше изложен претседателот на Судскиот совет, Волкер Мутзе. Имено, откако минатата година полицијата од Касел (по деветмесечна истрага) го откри Мејвес и во неговата куќа во малото гратче Ротенбург близу Касел пронајде многубројни докази за грозоморното злосторство, Јавното обвинителство - соочено со фактот дека германското законодавство конкретно не го санкционира канибализмот (кој можел да предвиди дека такво нешто може да се случи во модерна Германија) - грчевито се обидуваше да изгради обвинение за убиство со умисла (најтежок крвен деликт според тамошниот Кривичен законик за кој е предвидена максимална казна од 15 години затвор), додека одбраната на Мејвес изгради стратегија за "убиство од милосрдие" (што се казнува со, максимум, пет години затвор) нудејќи евидентни докази дека жртвата на канибалот своеволно се изложило на касапењето.
Фактот што пресудата од осум и пол години затвор подразбира дека опскурниот патолошки убиец, наместо да биде доживотно изолиран во некоја лудница (за жал, судските вештаци докажаа дека Мејвес, за време на извршувањето на злосторството бил наполно свесен за своите постапки, па оттаму, гледано од правен аспект, не подлегнува на мерката за изолација) - би можел, по основа на добро поведени, веќе за четири-пет години да се најде на слобода, за адвокатите на Мејвис беше повод за вистинско ликување, проследено со изјава дека одбраната "на поени" го победила обвинителството. Што е најважно, се шпекулира со тоа дека одбраната би можела дури и да вложи жалба на пресудата, инсистирајќи и натаму дека нивниот клиент извршил "убиство од милосрдие", додека, наспроти ова, се проценува дека Јавното обвинителство, најверојатно, нема да го користи институтот на апелација, согледувајќи дека не ќе може да изнајде дополнителни аргументи за да докаже дека целиот случај е "убиство со умисла".
Иако, како што рековме, германската јавност прилично се "презасити" од грозоморнирте детали за случајот со кои тамошните медиуми во текот на целото судење ја "хранеше" публиката, се добива впечаток дека Германците и натаму не можат да веруваат дека нешто такво можеше да се случи во демократска и напредна Германија, повторно и повторно поставувајќи си го прашањето какви се тие личности што можат да го направат дури и она незамисливото и непоимливото.
Во таа слика, како што и натаму се плетат разни теории околу тоа што предизвикало навидум нормалниот и симпатичен (така барем велат сите негови соседи) Армин Мејвис да се претвори во монструм што фрапантно личи на фикцискиот лик Норман Бејтс од култниот хорор-филм на Алфред Хичкок "Психо", уште повеќе е енигма за обичните луѓе ликот на жртвата, 43-годишниот Бернт Јирген Брандес, исто како и Мејвис, компјутерски стручњак, кој во март 2001 година дошол во куќата на канибалот од Ротенбург, намамен од "огласот" што преку Интернет-сајт, специјализиран за "садомазо" перверзии, го дал Мејвис. Имено, веќе текстот на овој оглас - "барам млад маж меѓу 25 и 35 години кој сака да биде изеден" - сам по себе е несфатливо морбиден, да не говориме за деталите што беа расветлени на судењето, како оној, на пример, дека хомосекусалецот Брандес доброволно прифатил на специјално подготвениот "стол за касапење" (украсен со "симболи" достојни за сценографиите од евтини хорор-филмови), Мејвес да му го отсече пенисот (што потоа обајцата се обиделе да го јадат) или, пак, фактот, недвосмислено евидентиран на видеото што Мејвес го снимил за време на грозоморниот чин, дека жртвата го замолила својот џелат да ја остави насамо за да умре од искрвавување. Берт Брандес, се чини, остана енигма дури и за експертите што како вештаци беа повикани на судењето. И за врвните психијатри, имено, е несфатливо како е возможно некој како "најголемата екстаза што ја доживеал во животот" (така Брандес говори на споменатото видео) да го квалификува сопственото мачно долго умирање кое, како што велат стручњаците, било многу болно и покрај големото количество средства за смирување и алкохол што во текот на осумчасовната "сеанса" ги консумирала жртвата. Да не говориме за тоа дека Брандес, на крајот, без да даде каков било отпор (и овој детаљ Мејвес го "документирал" со видеокамера) мирно дочекал монструмот Мејвес да го заколе со голем касапски нож.
Ако веќе говориме за реагирањата во Германија за целиот случај, она што најмногу и тежи на тамошната јавност, се чини, е фактот што во светот овој грозоморен и неверојатен настан некои би можеле да го припишат на "националните карактеристики" на Германците, дотолку повеќе што светските медиуми "Ротенбуршкото касапење" веднаш го поврзаа со легендарниот случај на "Касапот од Хановер", една морбидна сторија од хаотичното време на таканаречената Вајмарска Германија по Првата светска војна, кога касапот Фриц Харман, инаку притаен хомосексуалец, уби дваесетина млади момчиња, за потоа нивото месо, преработено како колбаси, да го продава во својата месарница. Колку за потсетување, оваа неверојатна приказна, своевремено му даде поттик на славниот германски синеаст Фриц Ланг да го сними својот легендарен филм "Повикај го Ем за убиство", иако ни големиот режисер не смогна сили на публиката да и ги понуди сите грозоморни детали од тој случај, трансформирајќи го ликот на "Касапот од Хановер" во поприфатливата верзија на "масовен убиец" на млади девојки.
Како и да е, за да ги утеши вознемирените Германци пред можноста Армин Мејвес да биде поистоветен со претставата за типичен Германец, некои тамошни коментатори, би рекле со право, деновиве констатираат дека канибалот од Ротенбург не е "производ" на "германската култура" туку, дефинитивно, дел од "подземјето" и "сметот" на ова наше модерно, глобалистичко време. "Мејвес, вели деновиве еден германски новинар, никогаш не се поистоветувал со Касапот од Хановер - "митски ликови" во неговите болни фантазии биле хероите на Холивудската фабрика на соништата, вклучувајќи ги тука легендарниот Норман Бејтс од 'Психо' и (?!) русокосото детенце во популарната американска ТВ-серија 'Флипер' во седумдесеттите години, лик кој, како што се откри за време на судењето во Касел, прв пат кај 13-годишниот Мејвес - осамено дете препуштено на својата доминантна мајка и трауматизирано од тоа што сите машки членови го напуштале семејството - ги поттикнал соништата да јаде луѓе, потсвесно убедено дека само така може да ги задржи оние што ги сака". Споменатиот новинар посочува и на тоа дека уште повеќе одошто "културата на евтината, консумерска забава што од комерцијални побуди често кокетира со матните сфери на човековата подсвест", "пеколниот механизам" што го втурнал Мејвес во грозоморното злосторство, треба да се бара во опскурната "алтернативна култура" на глобалната компјутерска мрежа. "Интрнет, на кој Мејвес минувал часови и часови, шарајќи по многубројните сајтови специјализирани за најарзновидни човечки перверзии, е несомнено главниот причинител за целата несреќа", констатира овој новинар, додавајќи го ставот, што го делат, се чини, многу експерти што деновиве се занимаваа со овој случај, дека "болните и перверзни содржини што преку Интернет им се достапни на сите, за несреќа, кај некои можат да ја избришат границата меѓу она што е фантазија и она што е реален, прифатлив животен стил".