Калинки

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.625
Поени од реакции
9.156
Возраст
39
Калинките личат на црвените крвни зрнца и имаат широк спектар на лековитост. Тие се добар извор на антиоксиданти. Многу клинички студии ја испитувале превентивна улога на калинката кај ракот на простатата, ракот на кожата и ракот на дојката. Исто така, многу студии докажале дека калинките го забавуваат развојот на ракот.
Калинката е полна со антиоксиданти. Просечната енергетска вредност на 100 грама калинка е 74 килокалории. Богат извор е на калиум, а содржи и магнезиум, фосфор, калциум, железо, бакар. Од витамини содржи каротеноиди, витамини од Б-групата и Ц-витамин. Може да помогне и кај лицата со срцеви заболувања. Една чаша сок од калинка го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.
Исто така, калинката помага и во намалувањето на симптомите поврзани со стареењето. Фитоестрогените од семките можат да ги намалат симптомите од менопаузата и постменопаузата, вклучувајќи ги и топлотните бранови. Таа е една од малубројните растенија кои содржат материи слични на естрогените.
Калинката содржи голема количина фенолна елагична киселина. Оваа фитохемикалија е силен антиоксидант и делува против ракот. Истражувањата покажаа дека делува во превенцијата на најраните хемиски реакции кои можат да доведат до рак.
Растителните хормони кои се наоѓаат во калинката го намалуваат ризикот за појава на рак на простата.
Една студија покажала дека калинката може да доведе до намалување на вредностите на ПСА во крвта. За подобрување на ПСА вредностите неопходно е да со месеци се пие секојдневно по 250 мл сок.
Во однос со другите сокови, виното како и зелениот чај, калинката односно нејзиниот сок, содржи најмногу антиоксиданти. Тие го штитат телото од слободните радикали кои се наоѓаат во крвта. Слободните радикали го менуваат холестеролот во процесот на оксидацијата, за која се смета дека го забрзува процесот на задебелувањето на крвните садови и ја намалува нивната еластичност. Истражувањата покажаа дека сокот од калинка ја намалува оксидацијата на холестеролот.
При изборот внимавајте плодовите да бидат тешки, тркалезни, со големина на портокал. Поголемите плодови имаат повеќе сок. Kалинките може да се чуваат и до еден месец на ладно и суво место или два месеца во ладилник. Свежиот сок треба да се чува во ладилник и да се испие за два-три дена.

Колку често јадете калинки?
 
Еднаш до два пати неделно. Уште се надевам дека некогаш ќе престанам да бидам антиталент за јадење калинки и дека нема да ме мрзи да си ги исчистам :)
 
Еднаш до два пати неделно. Уште се надевам дека некогаш ќе престанам да бидам антиталент за јадење калинки и дека нема да ме мрзи да си ги исчистам :)
Полесен начин за чистење на калинките
 
аууу калинкички ,ептен ги сакам.
ного ми се мизерни за чистење ,ама не се откажувам,секоо вечер ми се на менито...

Од лани почнав да ги ставам зрнцата у сите салати,а од сабота почнав и у чашата со бело вино:):)

ептен сум забегана ама стварно добар шмек ми има вино и калинка:):)мммм..
 
Пред пола сат јадев една калинка, на муабетов :)
Стварно се убив од чистење зш ја мразам таа белата кора, ама зато после беше освежувачки благо :coffee:
 
Еве уште еден интересн начин за вадење на зрнцата :)


Ова јас го испробав,ама не успешно....тешко дека е така како на снимката ;)
 
Многу ги конзумирам. Есенски и зимски период ми е кога сум на строг режим со исхрана заради спортот па така да добродојдени ми се. И пробајте блендајте ги во микс со банана, мене ми е топ. Освежителни плус бананата заситва и доаѓа како супер оброк..
 
Оваа година јадам многу калинки, мене лично како вкус ми се допаѓаат а и знам дека се многу здрави :)
А за чистење натенане полека, без многу марифети...
 
Полесен начин за чистење на калинките


не е интересно вака да се јадат , јас дур не се направам како свиња дур јадам калинка како да не сум јадел
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom