Калинки

Обожавам калинки, посебно сок од нив или торта со нив :)
 
Не ги обожавам нешто калинкиве, вкусни ми се ама веројатно тоа што не ги конзумирам често е резултат на чистењето кое отсекогаш ми било кошмар.Атер за темава, одам сега да пробам еден од начините на чистење предложени тука.:vozbud: Се надевам нема бербат да се направам.:D
 
За калинки душа давам, ги сакам најмногу од сите овошја и посакувам да ги има во текот на целата година. Купувам ептен стално и последните два-три пати изедувам по цел кг на ден. Оваа година се 40 ден, ми се чини дека до лани или полани беа дупло поевтини, односно околу 20 ден, а можеби и грешам. Денес овде во Штип видов една калинка со многу род, а башка и тоа што не беше заградена па ми дојде идеја на оние некогашни времиња кога ги знаев сите овошки низ градот кај баба, од мај па до последното дрвце во есен, ако случајно имам минување од таму ќе си скинам ако е темно :). Има и во дворот кај газдите ама за несреќа има родено само 4-5 плодови па ако земам ептен ќе се забележи :(. На пролет ќе носам дома садница и ќе засадам па се надевам ќе успеам да скинам плод. Инако толку многу имам изедено што веќе воопшто не се испрскувам со калинките, ја засекувам кората со нож онака плитко, како на видеото и полека ја расцепувам и внимавам да не дупнам некое зрно. Еднаш имам декорирано дома штотуку обелен ѕид и од тогшаш мама постојано ме тера надвор да ги цепам. Немам пробано ниеден продукт од нив како сок или сл. мислам дека свежо е најдобро.
 
Торта од калинки

Тесто
5 јајца ;5 лажици шеќер ; 5 лажици брашно

Фил
4 кесички пудинг од ванила/густин; 1 литар млеко ; 3 калинки; 1 лимон ; шлаг/хопла.

Припрема
Измешајте ги брашното, јајцата и шеќерот. Потоа добиеното тестото испечете го и откако ќе се излади исечете го на два дела.
Во меѓувреме исчистете ги калинките. Со помош на млекото подгответе ги 4 кесички пудинг( може и со вода) , без да додавате шеќер.
Во готовиот пудинг/густин изрендајте од кората на лимонот и додадете ги зрнцата од калинките.
Со овој фил премачкајте го пандишпанот и декорирајте со шлаг.


Мераци :)
 
Сега само шо каснав една и беше ептен блага за мерак. Иначе доста често јадам калинки 3-4 пати неделно, а кога по извесен период ќе ми здосадат се префрлам на мандарини или киви :)
 
Што има да се јаде во калинките освен да се исцица сокот ? :D Не ги сакам ниту ги конзумирам..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom