Какво однесување ги привлекува жените? (или: Sussaro-style против Шкорпион-style)

  • Креатор на темата Креатор на темата WizKhalifa
  • Време на започнување Време на започнување

Какво однесување ги привлекува жените?

  • Sussaro-style

    Гласови: 86 69,9%
  • Шкорпион-style

    Гласови: 13 10,6%
  • Друг-style - ќе наведам во мислење

    Гласови: 24 19,5%

  • Вкупно гласачи
    123
Ти пишав во ПП, колку што паметам, а не добив одговор на тематикава, сакаш тука да пастирам?:)

П.С. Знаеш дека не навредувам, тоа е под мој ниво.

Не те обвинив за навреди лично. Слободно пиши зошто мислиш дека не сум во право. Ама со поткрепа. Да е издржано тоа што ќе го пишеш, и да не се повикуваш на индивидуални исклучоци како потврда за контрареплика оти одма ќе се дисквалифицираат.
 
Само што не сум субјективен. Субјективно не сакам некои работи да се такви какви што ги опишувам. Но за разлика од многу други дистанцирам што јас мислам дека треба, и како реално е. Дискутирам исклучиво според тоа што го гледам во реалност. Дали лично тоа мене ми е по ќејф или не е најмалце битен фактор.
Врти сукај, врти сукај, јадеш го как шо поштар го јаде од кучиина, љути жени, љубоморни сопрузи. Никој да ти каже нешто за проблематиката.. :icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:

Јас лично нема да пречкртам некого ако е фин и сосема ОК личност, напротив, туку поради некои други маани кои не ги трпам. А на него тоа може да му делува дека не палел пристапот ради финоќа, сфаќаш?
А кои се тија маани шо не ги поднесуваш? o_O
 
Луки најјак фраер излезе! А таман јас сакав да му се местам... Ејјј Плавоока, прљаво играш.... :(
На тебе гејмерите ти са фетиш. Јас не сам таков.. :(:(
Него, твојо гејмер шо е? Сељо или Најс Гај? Или нешто измеѓу?

пс. Јас неам ни ф од фраер... Нели гледаш оти нон стоп се допитувам низ 2-3 теми како несигурен тинејџер шо как дек, за да си знам за утре коа ќе ја сретнам невестата на мојо живот... :unsure::unsure:
 
Како што ти реков, прочитај што пишав во неколку наврати во повеќе постови на претходните страни, ќе видиш дека не генерализирав никаде. Напротив, убаво реков дека и меѓу мажите и меѓу жените има секакви луѓе и дека не треба да се подлегнува на стереотипи.
А да, оваа генерализација која ја спомнуваш, ја направив за да повеќето овде машки форумџии осетат како е кога некој те генерализира беспотребно. Не е баш сеедно, нели?

Друго, го почитувам и ценам Сусаро, си стојам на тоа, интелигентно дете е, но не секогаш интелигенцијата е израз на објективност како во случајов. На крајот на краиштата, истата може да биде и злоупотребена до немајкаде.

И не ми годи ниту пак ме навредува споредбата со никого, секој си е сам за себе и своја личност.

Прво викаш каде сум рекла СИТЕ па откога ти покажав твој цитат, тоа било за да виделе мажите на форумот како било да се генерализира :eek:. Каква врска имаат сите мажи на форумот кога ти правиш муабет со двајца или тројца со кои не се слагаш? И да не спомнувам за тврдењата дека немало мажи (Алфа, Бета, Гама, Делта и да не одам понатаму :D) и дека не мораш никого да упознаеш туку знаеш унапред кој каков бил зашто си видовита. Прво мислев се зезаш ама ти озбилна си била :confused:. Можеш ли да сватиш сериозно некого што тоа го тврди ;)?

Ако јас речам сите Скопјанки се курви и каљаштури, можам после да се вадам дека не сум генерализирал и дека сум сакал форумџиките да ги пецнам ама секоја со малку интелигенција ќе знае дека или имам проблем со женскиот пол, или немам никаква објективност и живеам во облаци или сум малку дрмнат во глава, нема четврто ;).

У секој случај ќе биде забавна темава а како си тргнала може и му ја потврдиш теоријата на Сусаро (без да сакаш) ;).
 
Ок, разбирам од машка гледна точка како тоа делува.
Ама секоја приказна/паричка си има две страни.
Верувам дека и некоја другарка има споделено со тебе љубовни маки, нели? Не само другарите.
Муабетов е, ситуацијава е двострана, има и Ок девојчиња кои налетуваат на бараби кои ги малтретираат.
Екстреми се ова, не е добро ни едно ни друго.
А тоа со френд зоната, еве од женски агол...тоа се мажи кои поради некои нивни други карактерни маани (а тука не спаѓа културата и финото однесување, напротив) ги пречкртуваме.
Јас лично нема да пречкртам некого ако е фин и сосема ОК личност, напротив, туку поради некои други маани кои не ги трпам. А на него тоа може да му делува дека не палел пристапот ради финоќа, сфаќаш?

А за она фраер/фин дечко или добра/лоша девојка, па се е до мерката. Човек треба да знае кога како треба да се однесува. На крајот на краиштата, и мажите не сакаат еднодимензионални жени кои им стануваат здодевни за брзо. Кога ќе заглават со некоја конзервативна, одма бараат друга, да ја пополни празнината што фали, или обратно.

Секој човек треба да си има здрав став и однос кон животот, како кон себеси, така и кон околината. Ако не се почитуваш самиот, нормално, нема никој друг ни да те почитува.
На крајот на краиштата, кој како ќе си се постави, таков однос и ќе добие за возврат. Секому своето.

Ок, ќе бидам краток оти ипак од кафана се враќам и не сум баш 100% оперативен. Остатокот-утре.
Прво дека има ок девојчиња што налетуваат на бараби-има и тоа многу случаеви. Меѓутоа тука се отвора едно друго прашање-Шо кој кур бараат ок девојчиња со бараби па одозгора и да ги малтретираат? Да не заборавиме, пазарот на сексот и врските го диктирате вие. Ако познавањето на кафе беше битен сегмент во тој пазар во рок од 3 дена секое машко ќе знаеше се за и околу кафето и стално со нас ќе се шетавме со 200 грама турско и со по 100 грама нес, филтер и еспресо за секој случај. Фактот што сељаците (модерните) бележат далеку поголем успех значи дека вие вашиот избор сте го направиле и ги преферирате токму нив. Зошто ок девојката налетува на бараба, и дали по аутоматизам тоа неа не ја прави класична кокошка а не ок девојка? Оти ок девојка по сите стандарди нема ни допирна точка со куртони а не па да завршува со нив.
Со френдзоната ѕирни го параграфот што и го реплицирав на Мнемозина за френдзонирањето и зошто тоа настанува, и како не е определено со некаква си телесна привлечноста или како што ти викаш маани. За да не се повторувам пак.
Болд и италикс од мое искуство обично значи обратното. Човек што многу сака по секоја цена да се оправда дека се дистанцира од некоја работа и нагласено го потенцира тоа најчесто е многу близок токму до таа работа од која вложува толку труд да се тргне. Не викам дека и кај тебе случајот е таков, само ти кажувам лично искуство со таквите со
категорично НЕ!
Ај ќе го прерипам она фраер/фин дечко. Наврати се на оној долгиот мој пост на Мнемозина.
Апсолутно не е точно дека кој како ќе се постави таков однос и ќе добие. Тие што се поставиле отворено, чесно, достоинствено, ферски, најмногу го јаделе курот. Тие што гледале максимално да си обработат за свој бенефит дури и по цена да газат врз лешови и да испозаебат се останато се тие успешните кои на крајот го јадат кајмакот. Пак оној долгиот пост со Мнемозина...
 
И да не спомнувам за тврдењата дека немало мажи (Алфа, Бета, Гама, Делта и да не одам понатаму :D) и дека не мораш никого да упознаеш туку знаеш унапред кој каков бил зашто си видовита. Прво мислев се зезаш ама ти озбилна си била :confused:. Можеш ли да сватиш сериозно некого што тоа го тврди ;)?

У секој случај ќе биде забавна темава а како си тргнала може и му ја потврдиш теоријата на Сусаро (без да сакаш) ;).

Гледам постојано запнуваш околу мојата т.н видовитост.
Тоа беше мој саркастичен одговор на Ставрогин и не знам зошто упорно го повторуваш, бидејќи нема никаква врска со тебе.

Не реков дека овде нема мажи, туку дека нема Алфа маж на форумов, и си стојам на тоа. Мажи има, но алфа не. На темава па особено.
Ова овде се поуки за т.н. алфа однесување, со цел да им се олесни проблемот околу женскиот пол на другите типови.
Нека им е со среќа, ќе им треба.
 
На тебе гејмерите ти са фетиш. Јас не сам таков.. :(:(
Него, твојо гејмер шо е? Сељо или Најс Гај? Или нешто измеѓу?

пс. Јас неам ни ф од фраер... Нели гледаш оти нон стоп се допитувам низ 2-3 теми како несигурен тинејџер шо как дек, за да си знам за утре коа ќе ја сретнам невестата на мојо живот... :unsure::unsure:
Ах бре Луки златен, такви муабети на другите девојчиња не мене... :)
Туку и ти имаш докторирано, очигледно (како и останатите мажи тука), на тема Меѓучовечки односи - како да ќариш девојка. Знаеш ти многу добро, прашање на време е која ќе биде „среќната добитничка“. ;)
 
Гледам постојано запнуваш околу мојата т.н видовитост.
Тоа беше мој саркастичен одговор на Ставрогин и не знам зошто упорно го повторуваш, бидејќи нема никаква врска со тебе.

Не реков дека овде нема мажи, туку дека нема Алфа маж на форумов, и си стојам на тоа. Мажи има, но алфа не. На темава па особено.
Ова овде се поуки за т.н. алфа однесување, со цел да им се олесни проблемот околу женскиот пол на другите типови.
Нека им е со среќа, ќе им треба.
Се извинувам што како падобранец доаѓам на темава ама те молам објасни што според тебе е Алфа маж и кој се неговите карактеристики, и како разликуваш алфа маж од обичен маж. И ако не ти е тешко и ако сакаш да кажеш кој тип повеќе го преферираш.
 
Се извинувам што како падобранец доаѓам на темава ама те молам објасни што според тебе е Алфа маж и кој се неговите карактеристики, и како разликуваш алфа маж од обичен маж. И ако не ти е тешко и ако сакаш да кажеш кој тип повеќе го преферираш.

Сигурно треба да вози Алфа 147, прашуваш глупости и ти:icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom