Ок, разбирам од машка гледна точка како тоа делува.
Ама секоја приказна/паричка си има две страни.
Верувам дека и некоја другарка има споделено со тебе љубовни маки, нели? Не само другарите.
Муабетов е, ситуацијава е двострана, има и Ок девојчиња кои налетуваат на бараби кои ги малтретираат.
Екстреми се ова, не е добро ни едно ни друго.
А тоа со френд зоната, еве од женски агол...тоа се мажи кои поради некои нивни други карактерни маани (а тука не спаѓа културата и финото однесување, напротив) ги пречкртуваме.
Јас лично нема да пречкртам некого ако е фин и сосема ОК личност, напротив, туку поради некои други маани кои не ги трпам. А на него тоа може да му делува дека не палел пристапот ради финоќа, сфаќаш?
А за она фраер/фин дечко или добра/лоша девојка, па се е до мерката. Човек треба да знае кога како треба да се однесува. На крајот на краиштата, и мажите не сакаат еднодимензионални жени кои им стануваат здодевни за брзо. Кога ќе заглават со некоја конзервативна, одма бараат друга, да ја пополни празнината што фали, или обратно.
Секој човек треба да си има здрав став и однос кон животот, како кон себеси, така и кон околината. Ако не се почитуваш самиот, нормално, нема никој друг ни да те почитува.
На крајот на краиштата, кој како ќе си се постави, таков однос и ќе добие за возврат. Секому своето.