Какво кафе пиете и каде го прават највкусното кафе?

Турско, јако, без шеќер и голема шоља ( само то може да ме освести ) ; нес поретко - онака си правам од досада , без или со многу малку млеко ; а по кафиќиве најчесто макијато - исто без шеќер :D
 
Нескафе, ова турсково ич не ми се свиѓа исто како да не сум пиел кафе:)
 
Не пијам кафе (оффтопик ама тоа е) штом издржав студентски денови без него, можам цел живот (искрено ми смета на организам било каков пијалок кој содржи кофеин)
 
на работа пијам еспресо или ладно макијато во голема шолја (да ме дигне :D) а дома ретко пијам (освен ако се најде некој да ми направи ;))
 
Не пијам кафе ама кога им правам на мојте дома лижнувам од кафето :pos:

А некогаш сакам едно нескафе со млеко она измутено да е и доста кафе да има баеѓи :) но кога сум со друштво едно макијато колку за во моабет инаку слабо пијам кафе скоро ич
 
„Аурата на доброто кафе кај некои луѓе поттикнува чувство на релаксираност, додека пак кај некои други типови е главниот двигател на енергија. Исто така и средината каде што се пие кафето, без разлика дали станува збор за кафуле, дом, канцеларија, е повеќе од само место за пиење кафе. Онаму каде што се пие кафе е всушност заедница отворена за прифаќање нови идеи и култури. Изборот на вкус пак, неретко се поистоветува со нашиот личен животен избор. Сите овие факти, но и многу други индикатори говорат за нашиот карактер, за нашата социјална припадност и потреби“, вели Славе Младеновски, социолог.
 
Ретко за наоѓање, ама вредно.Кафиште!
58744.JPG
 
Најубаво еспресо има во Кафе ди Рома и Експириенс(на плоштад).
 
Мене наjубаво ми е макиjатото во Coffeeshop Company (Eкспериенс и тоа во Соравиа) и Palmie Bistro.
 
А 2 во1/3 во 1 за кафе ги сметате? :icon_mrgr:
Еспресо мало за будење.На Џенцка Плажа КЕ комшиине.Само да не станиме ко Италијанци:vozbud:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom