Зависи од кое на кое одиш. Јас од Коце,(што по некое правило би требал да завршам на Финки, Машински, Електро) сум моментално на правен на Студии по новинарство. Предност од мене имаат само оние кој доаѓаат од Економско и ги прошле Вовед во Право и Вовед во Економика, бидејќи во прв семестар ги имам тие два предмета. За некој е полесно да ги сварат, за мене е катастрофа, но еве со повеќе труд ако ги совладам во јануари, тогаш ќе бидам буквално на исто рамниште со останатите. Затоа ти викам зависи од што на што одиш.
Во твојов пример, за Електро. Јас имав супер потпора да отидам на некој таков факултет што ме насочува мојата струка, но само таа пуста математика ме јебе ептен. Познавам другари кој имаат сличен проблем како твојот и се осудиле на тој "ризик" и успеале да се справат. Е сега не зимај здраво за готово дека секој успева, но само треба повеќе труд и брзо ќе се изедначиш со останатите.