Какво е влијанието на средното образование?

  • Креатор на темата Креатор на темата UrbanSamurai
  • Време на започнување Време на започнување
Насловот кажува. Што мислите, колкаво е влијанието на средното образование врз градењето на индивидуата, а поважно, дали основата стекната во средно се осеќа понатаму. Пример, со средно економско, на технички факултет. Дали би имал потешкотии, иако сум одличен ученик ? Бидејќи јас ја имам основата на економијата, а не на електро-техниката. Во секој случај, сакам да чујам важи искуства и дали таквата промена на средно-факултет е потешка ?
Фала многу :)
Друже воопшто немој да му ја мислиш за тоа што си учел 4 години економски, а не електро. Знам многу примери на мои другари кои и од општа гимназија се запишаа на медицина, машински, градежен и тн. Кога го учиш она што го сакаш и не е толку тешко за тоа да се научи, па што и да е. Така да средното е баш колку за да не изгубиш навика за учења, а не дека добиваме некоја добра основа за на факултет.
 
нормално е со возраста да се промени и афинитетот кон некоја област,да се запишеш и да го учиш она што го сакаш во моментот и глеј да биде перспекривно,а тоа што си учел не се секирај,ќе ти се најде кога тогаш:)
 
Средно ми е мене животна школа, до основно гледав многу филмови со боречки вештини, но во средно практично увидов дека да се тепаш против тројца не е баш добра идеја :icon_lol:.
 
Зависи од кое на кое одиш. Јас од Коце,(што по некое правило би требал да завршам на Финки, Машински, Електро) сум моментално на правен на Студии по новинарство. Предност од мене имаат само оние кој доаѓаат од Економско и ги прошле Вовед во Право и Вовед во Економика, бидејќи во прв семестар ги имам тие два предмета. За некој е полесно да ги сварат, за мене е катастрофа, но еве со повеќе труд ако ги совладам во јануари, тогаш ќе бидам буквално на исто рамниште со останатите. Затоа ти викам зависи од што на што одиш.

Во твојов пример, за Електро. Јас имав супер потпора да отидам на некој таков факултет што ме насочува мојата струка, но само таа пуста математика ме јебе ептен. Познавам другари кој имаат сличен проблем како твојот и се осудиле на тој "ризик" и успеале да се справат. Е сега не зимај здраво за готово дека секој успева, но само треба повеќе труд и брзо ќе се изедначиш со останатите.
 
Професионално, во мојот случај, ич немаше врска.
Завршив во Борис, економски смер, студирам психологија. Ама апла допирна точка средново немаше со факултетов.
Во однос на градењето како карактер, јас сум многу благодарна што моите ме натераа во Борис да се запишам, а не онаму кај што јас сакав :)
 
Зависи од кое на кое одиш. Јас од Коце,(што по некое правило би требал да завршам на Финки, Машински, Електро) сум моментално на правен на Студии по новинарство. Предност од мене имаат само оние кој доаѓаат од Економско и ги прошле Вовед во Право и Вовед во Економика, бидејќи во прв семестар ги имам тие два предмета. За некој е полесно да ги сварат, за мене е катастрофа, но еве со повеќе труд ако ги совладам во јануари, тогаш ќе бидам буквално на исто рамниште со останатите. Затоа ти викам зависи од што на што одиш.

Во твојов пример, за Електро. Јас имав супер потпора да отидам на некој таков факултет што ме насочува мојата струка, но само таа пуста математика ме јебе ептен. Познавам другари кој имаат сличен проблем како твојот и се осудиле на тој "ризик" и успеале да се справат. Е сега не зимај здраво за готово дека секој успева, но само треба повеќе труд и брзо ќе се изедначиш со останатите.
фала ти, само те молам кажи, другарите твои, од што средно на што факултет отидоа и со каков успех беа ? :D
 
Друже воопшто немој да му ја мислиш за тоа што си учел 4 години економски, а не електро. Знам многу примери на мои другари кои и од општа гимназија се запишаа на медицина, машински, градежен и тн. Кога го учиш она што го сакаш и не е толку тешко за тоа да се научи, па што и да е. Така да средното е баш колку за да не изгубиш навика за учења, а не дека добиваме некоја добра основа за на факултет.

Оди сега во снегот буцни го да го отрезниш.......


Пак може ќе се повторам,за средни стручни школи,и те како е голема потпора и не е само да изгубиш навика од учење,туку ако продолжиш на факултет со истата струка голема предност имаш,повеќе од 50%.

И нормално дека е голема разликата,си учел на пример гимназија,утре сакаш медицина да одиш,а некој 4 години имал некоја си основа од средно,нема шанси да се рамниш со него.
 
фала ти, само те молам кажи, другарите твои, од што средно на што факултет отидоа и со каков успех беа ? :D
Ајде да не разглабам подлабоко, напишав голем пост па го избришав :).
Ниту еден од економско... претпоставувам ова те занимаше. Успех ? Па сеуште не се завршени, но самите сметаат дека откако ги совладале предметите, се на некое исто рамниште со останатите кои имале предност. До сега за нив тоа е успехот.

Мој совет. Ако нешто толку многу те интересира и би го учел со желба, не размислувај на ништо друго. Пали патиките и право на Електро. И јас кога се думав каде да се запишам, еден постар дечко ми рече: Додека не би се плашел, елиминирајќи ги сите работи околу себе, каде те влече да одиш и што е тоа што ќе го учиш(и понатаму најверојатно работиш) со задоволство ? Без разлика на страв од неуспех, на недоволно добра потпора и на сите околности кој те плашат. Доколку сакаш нешто да успееш, никогаш не е касно да ја промениш својата одлука и својот пат.
 
Насловот кажува. Што мислите, колкаво е влијанието на средното образование врз градењето на индивидуата, а поважно, дали основата стекната во средно се осеќа понатаму. Пример, со средно економско, на технички факултет. Дали би имал потешкотии, иако сум одличен ученик ? Бидејќи јас ја имам основата на економијата, а не на електро-техниката. Во секој случај, сакам да чујам важи искуства и дали таквата промена на средно-факултет е потешка ?
Фала многу :)

Колкаво ти беше влијанието од основно во средно? Ич, така? И без тоа научи економија.
Е па така и со факултетот.

Ако не знаеш, ќе научиш.
 
Не можеш да го генерализираш прашањето за тоа дали и колку има влијание средното врз факултетот, затоа што до 8 сеуште многу од децата поим немаат како да го продолжат образованието, многу се запишуваат во исто средно училиште каде ќе им бидат другарите, многу се запишуваат таму каде што моментално е модерно, т.е каде што има најмногу кандидати, некои слушаат што ќе им кажат од дома, некои каде има слободни места, од тепка и тн. Ако ти се погодило да го учиш во средно тоа што ќе го учиш и на факултет, тогаш супер, и ако го сакаш тоа што ќе го учиш, уште подобро, совршена комбинација. Ако не ти се погодило тоа, ако сакаш да студираш нешто трето, ако имаш можност, ако имаш желба и мотивација, обиди се, ништо нема да загубиш. После завршување на факултет многу луѓе се каат што не се запишале тоа што тие сакаат туку тоа што им било сугерирано од страна. Затоа не ја прави таа грешка, следи си ја интуицијата, внатрешниот глас, и учи го тоа што навистиина го сакаш.
 
Огромно, да не речам пресудно. Јас завршив општа гимназија, О-Х смерот, бидејќи сфатив после втора година (кога требаше смеровите да ги фаќаме) дека повеќе ги разбирам и ми лежат општествените науки и после матурата се гледав себеси на економски, правен, политички и некој сл. факултет. Се одлучив за првиот и предзнаењето т.е. основата што ја стекнав последните две години од економските предмети што ги учевме, ми се најдоа неизермно многу и ми завршија огромна работа при адаптацијата на новите академски услови. Првите 4 семестри на факултетот минаа глатко глатко и знам дека голема заслуга за тоа има темелот што го стекнав во средно - бидејќи таму вистински се учи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom