Какво чувство добивате кога ќе се замислите да имате бебе?

  • Креатор на темата Креатор на темата blue seagull
  • Време на започнување Време на започнување
Сум го осетил тоа чувство, лично. Пред да се роди ќеркичката мислев дека најубаво чувство е она кога ќе добиеш бинго, но бингото е нула во споредба со ова чувство. Никогаш не се заборава.
 
Веројатно фино ке се осекам.Можеби со доза на страв,бидејки ете сега ја имаш најголемата одговорност што може да ја добиеш,ама сепак...убаво е некако...
 
Сега колку и да се трудам не можам да си замислам бебе, едноставно не знам како треба да се понашам, освен гугу, друго не знам. Мислам дека оној мајчински инстинкт си иде сам по себе. Сега засега ме плаши таа помисла.


Гугу...
 
Се чуствувам прекрасно од самата помисла и баш би сакал да имам дете ама има време за тоа
 
мразам бебиња, малку ми се језиви , уствари ги мразам затоа што се плашам , ми изгледаат многу нежни па ми е страв да не ги повредам.
иначе коа ќе помислам на некое 2 годишно или така нешто...е тука ми се прави филм ....
па тука го држиш малиот за рака , го шеташ и му викаш "сакаш тато да ти купи чоколатце" хехе, закон бреј ....па после коа ќе те прашува "a,тато , а што е тоа " па тука му викаш "абе сине многу си мал да ги знаеш тие работи "...леле леле, ајде бе нека се огласи некоја да ми роди едно такво сонценце...одвај чекам да дојде тој момент.
 
Убаво ми е при помислата дека ќе имам дете, но ме плаши каква мајка ќе бидам јас.
 
So ogled na toa deka premnogu sakam deca prekrasno.
 
Ми се лоши... ми се врти.. ми се повраќа... бљак.. мразам деца.... посебно бебиња и размазени, плачливи кретенчиња....
 
Ми се лоши... ми се врти.. ми се повраќа... бљак.. мразам деца.... посебно бебиња и размазени, плачливи кретенчиња....
Па како успеваш да дишеш воопшто?Светот е преполн со дечиња,тоа значи на секој 5 мин. повраќаш:toe:
Брррр се што ќе напишам ќе биде лошо сватено(иако имам право тоа шо го мислам)затоа ќе си преќутам.
 
Па како успеваш да дишеш воопшто?Светот е преполн со дечиња,тоа значи на секој 5 мин. повраќаш:toe:
Брррр се што ќе напишам ќе биде лошо сватено(иако имам право тоа шо го мислам)затоа ќе си преќутам.

Добро она не го мислеше така баааш:helou:
 
Мразиш бебиња ? Замисли, родителите твои ти да го мислел истото како тебе.
Дали тоа, за тебе, сега е добро или не ?
 
Господе Боже луѓе, зарем не е темава КАКВО ЧУВСТВО ДОБИВАТЕ итн.? Тиквичка добива ТАКВО чувство, и се лоши, не сака деца. Што е одма со глупости од типот:„пиштол у чело, ова-она“? Не сака деца и не сака. И тоа не значи дека треба да се убие заради тоа. Она сака други нешта. Зошто не можете да сфатите мислење различно од вашето? Еве и јас не сакам деца, па сега ајде да се обесам на првана бандера. Секој си одредува приоритети и сништа во животот и ако некој не сака деца не значи дека не е вреден како човек и сл. Тиквичке, затоа си ми комшивка:)
 
Какво чуство можеш да имаш бе?Па тоа е нешто најпрекрасно иако не сум го искусил сум помислувал многу пати!Ќе имаш едно невино безгрешно ангелче ќе гледаш како му расте првото запче,ќе слушнеш како ќе ги изговори првите зборчиња, ќе го гледаш како расте ќе се радуваш на секој можен детаљ во врска со него тоа е благослов! Ме разнежни темава:kesa::pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom