Какви патики носите?

  • Креатор на темата Креатор на темата Filip89
  • Време на започнување Време на започнување
Има ли некоја страна каде што може да се купи со пари од Alertpay?
 
за фудбал
41551.jpg
- eптен се добри :)
ОД про-директ страната ги порача? Прашувам пошо ме занима како иде царина ова она доплаќања/плус/минус, и јас планирам од оваа страна да порачувам па да те прашам од таму ако си ги зел како иде процедурата, или било кој форумџија од таму да зел да сподели искуство?

Any1??!!
 
Дајте предлог кај да си купам патичиња така у боја, црвена, плава итн. Гледав во екс шоп нишо нема :/
 
А одприлика колку се плаќа царината, и од што зависи дали ќе се плати или не друже?



1. До вредност од 45 евра (со вклучена поштарина) не се наплаќа царина и ддв.
2. Над 45 евра се наплаќа царина 15% и данок 18% освен ако
(3) Побарате да се распредели во правилната царинска ставка (на пример ако за тој дел се плаќа царина помалце од 15%, или данок помалце од 18%. Треба за ова да се пополни формулар/барање.
е уреди што се нарачуваат/купуваат ги имате овде објаснето колку се царинат:

Компјутери и делови за компјутери: Царина 0%, Данок 5%
Часовници: Царина 5%, Данок 18%
Музички инструменти: Царина 9%, данок 18%
Мебел: Царина 0-15% (зависи), данок 18%
Игри (вклучувајќи и видео игри, конзоли итн.) Царина 0%, данок 18%
Спортска опрема: Царина 7%, данок 18%
Слики и антиквитети: Царина 7%, данок 18%
Телевизори: Царина 0-5%, данок 18%
Проектори: Царина 0-5%, данок 5-18%
Облека: Царина 0-10%, данок 18%
Објективи: Царина 5%, данок 18%
Дигитални фотоапарати: Царина 0%, данок 18%
Видео камери: Царина 5%, данок 18%
Мобилни телефони: Царина 0%, данок 18%
 
Јас лани нарачав од pro direct и задоволен сум. Патиките стигнаа за нецели 10тина дена. Е сега, царина не плаќаш на нарачка пониска од 50 евра.
Ама важно е на сите патики кои ги нарачуваш, да им додаваш плус 13 евра за некои не знам какви трошоци, Ако бендиса патики од 40 евра, плус 13, 53 евра ќе ти дојде вкупно. А чим патиките ти се 40 евра, царина не плаќаш (тие 13 евра не се вклучуваат во цената на патиките за царина).


Јас набрзина гледав нови модели пред некој ден и овие ги бендисав. Само чекам малце цената да им се олабави.
 
Има ли во Скопје (Рамстор по можност) црвени adidas машки патики?
 
Е сега, царина не плаќаш на нарачка пониска од 50 евра.
Ама важно е на сите патики кои ги нарачуваш, да им додаваш плус 13 евра за некои не знам какви трошоци.

Фиксни се тие 13 евра или варираат од модел до модел или нешо слично?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom