Какви луѓе ве нервираат/не поднесувате

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување

Каков тип на луѓе не сакате:

  • Дволични

    Гласови: 84 28,7%
  • Со негативна енергија

    Гласови: 85 29,0%
  • Преваранти

    Гласови: 39 13,3%
  • Лажговци

    Гласови: 46 15,7%
  • Од оние што се фураат/се прават којзнае кои се

    Гласови: 80 27,3%
  • Од оние што мислат дека се знаат

    Гласови: 66 22,5%
  • Татини мази/галеничиња

    Гласови: 40 13,7%
  • Ќе наведам какви....

    Гласови: 38 13,0%
  • Не ме нервираат никакви

    Гласови: 22 7,5%

  • Вкупно гласачи
    293
Има доста човечки особини ај така да ги наречам кои едноставно ми создаваат кај мене негативна енергија. Прво што најмногу не ми се допаѓа кај некои луѓе кои со самата нивна појава создаваат негативна енергија и поточно тие исти личности имаат и негативна перцепција за сегашноста и иднината. Кога ќе бидеш во нивна близина тие секогаш зборуваат негативно за 90% од работите, секогаш кога ќе кажеш некоја идеја тие автоматски гледаат негативно на идејата. Исто во оваа категорија на личности се оние кои се трчи-лажи кои буквално за секој трет збор им е лага,измислица. Третите пак се оние кои цел живот се жалат и плус тоа не можат да се поднесат себе си па заедно со нив ги повлекуваат и останатите личности кои се наоѓаат про крај нив па така да ваквите личности ги избегнувам се повеќе. Доста во последно време ми пречат личностите кои се квази филозофи, кои секогаш мислат дека се во право и врз тоа солат памет и својот нос секогаш знаат да го "пикаат" во туѓиот живот како свој да немаат. Тука можам да ги додадам и оние дувна ветре што ги нарекувам јас кои ќе излезат со тебе и сега ги гледаш после не или подобро кажано само што имаш излезено со нив се предомислиле и мораат да одат дома или пак на некое друго место, плус тоа секогаш не им се допаѓа нешто било тоа кафето,чашата, амбиентот со овие личности тешко се излегува на крај.
 
Лицемерни луѓе, луѓе кои имаат малку повеќе и мислат дека имаат се, и дека имаат право во се. А најмногу од се мразам неодговорни луѓе. Е и тоа како ми се одмилиле таквите, на секој чекор ги има.
 
ㅘㅁㅇㅇㅁㄻㅇㅇㅇㅁㄹㄴㅅㅁㅁㅅㄽ미ㅐ옴ㅇㅇㅁㄹㄽㅁㅁㅁㅇㅇㅇ

Мразам копита кои се замислуваат мангупи и ги малтретираат физички луѓето поради ништо и копита дали женски и машки пол кои се дволични карактери .... и мразам луѓе кои мислат дека одлично изгледа облеката со патент ко блуза со патент .... Едноставно мразам патент и никогаш ме носам облека ма патент .... :(

ㅁㅁ매ㅣㅏㅗㅁㅁㅁㅇ며ㅗㅠㅇㅇㅅㅆㄹㄹㄻㅁㄴㄹㄽㅆㅆㅆㅆㄺㄲ매ㅣㅣㅣㅣ
 
Me nerviraat ljugje na 50g koi koga gi rendash odat da plachat kaj adminite; kako ovoj Атеист
Sektashite koi shirat omraza;
Ateisti koi se Budisti a ne se svesni za toa;
 
Најпрво дволични луѓе. Луѓе што се прават многу паметни, а се далеку од тоа. Намќори! Луѓе што трчкаат само кога им треба нешто од мене. Луѓе што исмејаваат други луѓе. Луѓе што не знаат да сврзат два реда муабет, а сепак не ја затвараат муцката! Луѓе што само се жалат и што не знаат ништо друго да кажат. Песимисти! Луѓе што си раскажуваат само за нивниот живот без притоа да прашаат нешто за мојот. Луѓе без смисла за хумор. Луѓе што ме анализираат од глава до пети без да трепнат. Луѓе со површни размислувања. Неписмени новинари. Луѓе што се како отворена книга..само што си ги запознал, а веќе ти го раскажале пола живот. Самобендисани мамини/татини принцези. Ме нервираат и 12 годишни тинејџерки со "повредено срценце" :sick:
 
Ми се гади од луѓе што не сваќаат колку се мизерни, а ругаат по други.
Ми се гади од оние кои цел живот кукаат дека дека државата е крива што немаат работа, а се будат во еден попладне.
Ми се гади од луѓе кои се "привремено невработени"-веќе три години.
Ми се гади од оние кои луѓето што го собираат сметот ги нарекуваат ѓубрари, а истите не знаат забите да си ги измијат.
Ми се гади од луѓе кои на 40 години дозволуваат татко им да работи за нив, за да се гребат за цигари и излегување.
Ми се гади од луѓе кои цел живот само лаат дека ќе избегаат од МК, а жива вистина е дека од родниот град не излегле надвор.
Ми се гади од луѓе кои цел живот плукаат по партиските војници, а на крај истите одат у штаб и молат за пристапница.
Ми се гади од луѓе кои се прават гратски фаци, а всушност никој не ги ебе 2%.
Ми се гади од луѓе кои по цел ден кмичат пред кладилница, а билтенот им е библија.
Ми се гади од луѓе на кои цел живот другите им се криви.
Ми се гади од луѓе кои не те оставаат на раат, дури и кога фино и нетолку фино ќе ги замолиш да си ја гледаат работата.
 
Последно уредено од модератор:
Na se pogore ke dodadam samo :Mi se gadi od psihopati koj svojata mentalna falinka ja prestavuvaat kako da e vo prasanje natprosecna iq
 
Дури и најпозитивните личности имаат лош ден. И убаво е кога лошиот ден го носат на себе без синтетички насмевки. Да можеш да речеш да, секој се крши. Ме нервираат луѓе кои глумат дека за нив зборовите лош ден,негативен вајб и тага или разочараност се непознати. И не, луѓето со кои дружам се луѓе, кога имаат лош ден заедно тагуваме,а кога се смееме пак го правиме тоа заедно. Човекот е спектар на огромен број емоции и состојби и убаво е кога знае правилно да ги искаже. Чим почне да глуми или живее така што никогаш не препознаваш други емоции на него освен хахаха-хихихи, значи нешто не е во ред со него. Според мене.

До негде се наоѓам тука, ама тоа е затоа што нејкам да им ги покажувам моите маки и проблеми на другите, ни пак сакам да ме замараат со нивни ОСВЕН ако бара помош, утеха или сме блиски. На некој ако не му е денот не мора секој што го сретне да знае дека е така, оној кој гледа ќе види дека нешто не штима. И плус, од зборување нема многу фајде, акција треба.

Иначе мене ме нервират луѓе што ти повторуваат исти муабет, може некогаш малце изменет 3-4 пати во неделата.
Луѓе што зборуваат премногу бавно. Тогаш осеќам како времето за мене и тој што ми зборува се забавува.
И идиоти и лажговци.
И кога ке се спојат тие карактеристики во еден си викам денес требаше да останам дома...
 
Ме нервираат воа џанкине што цел живот го поминаа со барање кредит за да се јават да земат трава, е од такви ми се гади, ми се гади и од определени мрсули кои што се спремни да напраат војна ако јавно искритикуваш позиција или опозиција, ми се гади од затворени умови, што не знаат да примат шала и секоја заебанција си ја сваќаат премногу озбилно, од вакви да бегаш, туку кај и да бегаш џабе е, секогаш ќе има по 2-3ца до тебе...
 
Меѓу другите и тие што не почитуваат туѓо мислење:(
 
Прво ми се гади буквално од оние мангупите/шмизлите кои ги вреѓаат сите, и не сфаќаат дека некој тоа многу го боли.Исмејуваат ради физички изглед, финансиска состојба.Да можам сите нив би ги убила, сите.
ДРуго, мразам нападни луѓе, лижачи, кои незнаат за доста, нонстоп се наметнуваат, исмејваат гласно.За жал иам една таква во друштвото, и нонстоп ја избегавам,и секоаш секое излегување преврќам очи коа ќе каже дека ќе дојде. А и по потреба во самоодбрана ја ругам онака без влакна на јазикот.Пих, колку ми е кеиф тоа да го правам, си го заслужила дотичната, коа не знае до кај и е границата.
Нарциси, луѓе кои го почитуваат само своето мислење и ничие друго.
А и да, на живци ми одат луѓе кои се си сфаќаат здраво за готово.Не примаат никакви шали на своја сметка.Од нив да бегаш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom