Какви луѓе ве нервираат/не поднесувате

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување

Каков тип на луѓе не сакате:

  • Дволични

    Гласови: 84 28,7%
  • Со негативна енергија

    Гласови: 85 29,0%
  • Преваранти

    Гласови: 39 13,3%
  • Лажговци

    Гласови: 46 15,7%
  • Од оние што се фураат/се прават којзнае кои се

    Гласови: 80 27,3%
  • Од оние што мислат дека се знаат

    Гласови: 66 22,5%
  • Татини мази/галеничиња

    Гласови: 40 13,7%
  • Ќе наведам какви....

    Гласови: 38 13,0%
  • Не ме нервираат никакви

    Гласови: 22 7,5%

  • Вкупно гласачи
    293
Покрај веќе наведените, ме нервираат и оние луѓе кои никогаш немаат еден добар збор за луѓето да кажат. Петко е ваков, Ристе е таков, Миле не чини, Цацко е тапа, оној е катастрофа... Ме пунат со негативна енергија. Ќе седнеш со некој на кафе и само негативни работи за луѓе слушаш... аман не може сите да не ти чинат бре човек и тогаш си мислам, ако за сите вака збори, гарант на други и за мене истото го вика....па така од таквите луѓе се оддалечувам во најкус можен рок.
 
Иако ме нервираат и одбиваат скоро сите наведени категории во анкетата,органски не можам да поднесам луѓе кои само се жалат за се што им се случува во животот.Од оваа категорија пак,посебно ме нервираат луѓе кои везден и хронично се жалат дека немаат пари и ти бараат пари на заем секој први во месецот.А од овие пак,најмногу ме нервираат луѓето на кои ќе им позајмиш пари,бидејќи си се заебал и ги сожалуваш,а потоа си молчат за парите и те принудуваат да им спомнеш сам,иако не сте се договориле така.
Сума сумарум,посебно ме нервираат луѓе кои нон-стоп се жалат и ме полнат со негативна енергија и луѓе кои не си стојат на зборот,поточно лажговци.
 
Ме нервираат луѓе кои од првото запознавање сакаат да сме најдобри пријатели, да си кажеме се’, да се слушаме секој ден етцетера.
Такви луѓе ми се голема гњаважа, а најчесто сето тоа го прават со добри намери, па едниствениот начин да побегнам од нив е да ги сведам контактите на минимум.
 
Ме нервираат луѓе кои од првото запознавање сакаат да сме најдобри пријатели, да си кажеме се’, да се слушаме секој ден етцетера.
Такви луѓе ми се голема гњаважа, а најчесто сето тоа го прават со добри намери, па едниствениот начин да побегнам од нив е да ги сведам контактите на минимум.
Сосема одговарам на описот, само немам баш добри намери. Сакаш ли да се дружиме, етцетера?
 
Квази либерали, квази хуманитарци, квази револуционери, квази интелектуалци, квази експерти, квази тролове, квази политичари, квази уметници, квази филозофи, квази хакери, квази новинари, квази проповедници, проповедници, квази шофери, квази земјоделци, цревата од државната администрација, квази скупски педери, скупски педери, квази студенти, квази историчари, квази патриоти, квази националисти (на гол газ пиштоли), данокчии, квази кремчиина, уплаќачи на спортска, коцкари, квази коцкари.... Листата е голема... :D:D:D:D:D
--- надополнето: 4 март 2013 во 10:41 ---
Ти многу сакаш да ме гњавиш, Змејко.
Виде оти Мац Мац не го ферма, и сега си тера друга жена да му раѓа ВМРОвченца.... Он е млад, благонадежен, интелегентен, образован, мотивиран македонски интелектуалец шо ќе не изваде од вија темни времиина шо са се зададеле на нашата мила и напатена мајка татковина, на чело со пресветлиот лидер Гвујо... :)
 
Ме нервираат фаци без свое јас. Луѓе кои имитираат други луѓе, им се улижуваат на други луѓе и ги идеализираат сите со поголема самодоверба од нив самите.
 
Луѓе со премногу его и ич суперего.
 
Кога сум во мир со себе никој не ме нервира. Може да ми биде евентуално смешен или за жалење. Кога не сум во форма - сите ме нервираат. Згора на тоа, се нервирам што се нервирам и трошам енергија за џабе :P
 
Кога имав 13 ме нервираа сите луѓе. Кога имав 16 имав ги мразев сите луѓе. Кога имав 19 ги потценував сите луѓе. Неколку години потоа ги сожалував. Сега немам време ни за тоа.
 
Не гледам хипстери во анкетава... :D
 
Не знам за вас, ама мене најмногу ме нервираат сезнајковци кои себеси се преценуваат, а сите други потценуваат. Ме нервираат и "луѓе " кои вредноста на човекот ја проценуваат по дебелината на нивниот паричник, кога дискутира некој за некоја област каде што најблизок сусрет со таа тема имал кога комшијата на третиот братучед му кажал на фризерот, а овој слушнал, Исто луѓе кои немаат почит спрема постарите персони и животните, луѓе што се хранат со трачеви и невистини и се ситат на туѓа несреќа. Дволични персони кои седат со тебе и те гушкаат, оговарајќи некој, и со брзина на светлината трчаат кај тој некој што го оговарале и го осипуваат со комплименти(овие ме нервираат највеќе) и уште многу други нелуѓе што моментално не ми доаѓаат на ум..
 
Мислам дека тука во оваа листа не треба да припаѓаат луѓето со негативна енергија.Тие луѓе се исполнети со негативна енергија поради некаква причина.Не може некој да биде исполнет со негативна енергија без причина.На крај крајава ако некој таков здогледате, немојте да се обидувате да му ја зголемите негативната енергија со некакви ваши коментари во „паметњакович стајл“.Зошто така само вие ќе испаднете далеку поодвратни.
Што се однесува до листата, следниве луѓе ме нервираат: татини и мамини мази, лажговци и така натаму......
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom