"ВИРГИН ГАЛАКТИК" ЌЕ ГО ПРОМОВИРА СВОЈОТ НОВ ВСЕЛЕНСКИ БРОД
200.000 долари за лет во вселената
"Откривањето на "Вселенски брод два" го носи "Вирџин галактик" еден чекор понапред и обезбедува понатамошни конкретни докази дека овој амбициозен проект не само што се реализира многу брзо, туку и бележи огромен напредок кон нашата цел, а таа е: безбедни комерцијални вселенски летови", изјави основачот на "Вирџин галактик", Сер Ричард Бренсон.
Вселенскиот брод, кого го нарекуваат "Ентерпрајз", ќе може да преносува шест патници - кои ќе платат по 200.000 долари - и двајца пилоти во вселената, изјави "Вирџин галактик".
(АП/ДПА) - "Вирџин галактик" е спремен да го покаже "Вселенски брод два", најголемиот комерцијален вселенски брод со екипаж во светот.
"Откривањето на "Вселенски брод два" го носи "Вирџин галактик" еден чекор понапред и обезбедува понатамошни конкретни докази дека овој амбициозен проект не само што се реализира многу брзо, туку и бележи огромен напредок кон нашата цел, а таа е: безбедни комерцијални вселенски летови", изјави основачот на "Вирџин галактик", Сер Ричард Бренсон.
Вселенскиот брод, кого го нарекуваат "Ентерпрајз", ќе може да преносува шест патници - кои ќе платат по 200.000 долари - и двајца пилоти во вселената, изјави "Вирџин галактик". Матичниот вселенски брод "Бел витез два" ќе го однесе "Ентерпрајс" на висина од 15,24 километри ќе го испушти за тој да може да ја исфрли својата ракета и да ја лансира во вселената.
"Вирџин галактик" планира официјално да го покаже веленскиот брод кога ќе се стемни на "Мохаве ер енд спејспорт", со што "Ентерпрајз" ќе биде прикачен за матичниот вселенски брод, наречен Ева, по мајката на сер Ричард Бренсон.
Името "Ентерпрајс" е "во чест на долгата традиција на употреба на зборот "Ентерпрајз" во именувањето на Кралската морнарица, на Морнарицата на САД, на превозните средства на НАСА, па дури и за научно фантастични вселенски бродови", изјави "Вирџин".
"Ова не само што претставува признавање на благородното минато на ова име туку и укажува на иднината која ова приватно претпријатије ќе ја има во развојот на истражувањето, индустријализацијата и престојот на луѓе во вселената".
"Бел витез два" користи четири мотори на "Прат" и "Витни ПВ308А" додека ракетата на "Вселенски брод два" сe уште е во изработка.
Брансон изјави дека планира да биде дел од првиот патнички лет, кој ќе се случи за околу 18 месеци, заедно со неговото семејство и дизајнерот на бродот Барт Рутан.
Вселенскиот брод е изработен по примерот на "Вселенски брод еден" кој ја доби наградата "Ансари Икс" за остварување на првите приватни летови во вселената со екипаж во 2004.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=F2F9CEE85F34A6419DF4A38DA093C124