Имаше слична иницијатива и пред неколку години.
Беше доста успешна, имаше доста кандидати, супер концепти, имаше и реализација на истите. А, да имаше и награди.
Од многуте пријавени летала, сепак на крајот најдобро се покажа концептот на американецот Барт Рутн. Можеби на некој ова име ќе му звучи познато бидејќи Барт беше човекот кој стои и зад проектот Војаџер. Не оној Војаџер за кого сите сте слушнале, туку Војаџер првиот приватен авион со човечки екипаж кој го обиколи светот без дополнување на гориво. Навистина фасцинантно! Барт е еден од најдобрите и највлијателните луѓе во авио бизнисот во последните 20-тина години.
Има повеќе интересни факти, во врска со овој
SpaceShipOneпроект но, еве како за вовед... да кажам збор два за изработката на леталото. Имено овој амбициозен проект изнесуваше 25 милиони долари, а да потсетам сето ова беше самоиницијативно и немаше никакви средства донирани од владата на САД, па затоа ова беше интересен и скокотлив проект и за инвеститорите. Изградбата на победничкиот проект беше спонзорирана од Пол Ален, еден од оснивачите на Мајкрософт па затоа проектот доби шанса да се реализира. Нормално кога зад ваш проект ќе стои милијардер.
Друго, ајде нешто и за тест летовите. Мајк Мелвил стана првиот пилот, тест пилот кој управувал со приватен авион во орбитата на Земјата на 21 Јуни 2004. Истиот пилот, неколку месеци подоцна го управуваше
SpaceShipOne и на неговото деби пред светската јавност.
Висината која требаше да ја достигне леталото, за да биде проектот оценет како позитивен и операцијата да биде успешна... изнесуваше 100 километри. На првите неофицијални тестови, таа висина едвај била достигната но, на официјалната презентација тест пилотите успеаја да достигнат висина од 118 километри, што беше далеку пред конкурентите. И ќе заборавев, требаше да понесе тежина... еквивалентна на три човечки особи бидејќи нели, тоа беше и целта на овој проект да се направи комерцијален авион за превоз на луѓе кон небесните височини.
SpaceShipOne беше избран за победник на овој ''натпревар'' и ја освои главната награда од 10 милиони американски долари и стана првиот комерцијален летачки објект кој доби дозвола да врши превоз на патници во земјината орбита.
п.с.
Ќе напишам статија и за уште еден друг проект и еден друг, доста интересен концепт кој работи на принципот на вертикално полетување и спуштање. Ама кога ќе имам повеќе време.
