Јас за мене не пишав

На сликите се имам видено, кога сум бил мал (читај 2-3 години), сум имал бушава коса, да не речам локни. Се чудам како сум можел и нешто вака личело...
Потоа се сеќавам периодот пред забавиште, за време на забавиште и прво одделение фризурата ми се улижуваше наназад, со цел да сум личел ко американскине деца

Периодот 5 - 7 одделение се обидував да имам четка фризура, ставав по една кутија гел на глава (незнам како сум имал помисла дека така добро изгледам

) и затоа еве сега косата ко проретчена да ми е. Од модата што се тераше.
Е веќе кога стигнав средно работата се промени. Почнав да се шишам од страна 2ка, а горе 4ка, па се до ден денес продолжив таа фризура да ја носам.
Дури има една работа за пофалба, минатата година на почетокот на јануари си купив машинка и почнав сам да се шишам и слободно можам да кажам дека нешто подобро од тоа нема.
А и да не заборавам........., оваа фризура никогаш нема да ја сфатам кај малите деца........., ко да им ставиле нокшир на глава, па сечеле по линијата

Стварно дебилно изгледа