Каков ученик сте (според тип на учење)?

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување

Каков ученик сте вие?


  • Вкупно гласачи
    151
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.243
Поени од реакции
962
Локација
Скопје
Ваш пријател ве поканува во неговиот нов стан. Доколку вие од него барате да ви го нацрта патот до станот, тогаш сте ВИЗУЕЛЕН ТИП на ученик - додека учите, се служите со цртежи, графикони, белешки.

Ако ви е доволно пријателот со зборови да ви опише како да стигнете до станот, тогаш сте АУДИО ТИП - додека учите, го прераскажувате материјалот на глас

Ако добро се снаоѓате во просторот, т.е со минимални упатства ќе успеете да стигнете, вие сте МОТОРИЧКИ ТИП - додека учите, се шетате по собата или го следите учењето со ритмички движења на главата, рацете, нозете
 
Според ова јас сум аудио тип.
 
Jaс сум сите!
 
Тоше кај си го ископал ова :) ...инаку назад на темата НИЕДЕН, седнував читав што беше за читање еднаш и тоа.
 
Моторички. :pipi:
 
Па од овие 3 најмногу се пронаоѓам во моторички.
 
па сите ми одговарат, да ми го нацрта некој патот ќе успеам хехех, еве на пример кога учев Анатомија, сликите од телото многу ми помогнаа. лекциите задолжително ги прераскажувам, понекогаш на глас, понекогаш во себе. а и обично ѓи движам рацете и главата кога раскажувам како да објаснувам.
 
Јас сум Аудио :toe:
 
И јас сум аудио
 
Сите.Кога студрав прво подвлекував, си запишував прашања, па си ги одговарав во памет, потоа ги раскажував на глас, сама или со колешката, и на крај за да бидам 100% сигурна се шетав низ соба само со тетратката со прашања отворена и раскажував од почеток до крај се.
Не сум била салам, жими мајка.
 
Нишо од тоа многууу РЕТАРДИРАН!хаха
 
Зависи од содржината на материјалот што треба да ја научам. Бидејќи во средно имав многу теорија за учење цртав, подвлекував, учев на глас и на крај се преслушував со шетање низ соба. Епа сега за жал немам ич теорија и не се шетам веќе низ соба. Сега сум во најголема мера визуелен тип ама понекогаш може да се деси и на глас да земам да учам иако ретко.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom