Каков туризам имаме ние !

Само селски туризам може да понуди Македонија со биено сирење, пита, ракија... Јбг Охрид дефинитивно не е Мајами.
 
Само селски туризам може да понуди Македонија со биено сирење, пита, ракија... Јбг Охрид дефинитивно не е Мајами.

И Охрид не е за секого односно младите сакаат бољи провод па имаат друг избор Охрид е Унеско град културно уметничко црковно историски да речеме а плажите се зорт хаххаххаха.
 
Македонија има што да понуди, воглавно понудите се планински места, и има навистина убави места, традиции и култури.
 
Озбилно е така. Јас втора година нема да одам во Охрид на одмор, туку ако искочи инцидентно на викенд. Зашто? Бидејќи претеруваат со идиотскиот игнорантски однос - и вадиш 500 и она ти вика ај ај имаш и поситно. Имам ама не ти давам кој те ебе и си искочив.

На Крф смештајот е 15-17 евра по вечер од човек али можам да си приуштам и не ги жалам - на сама плажа, секој ден ни мењаат постелнина, чистат и фрлаат ѓубре. Има клима која си работи цел ден, таман простор, спастрено - милина! Газдите те поштуваат и ти ги ценат парите, сакаш рипаш во базенот (или џакузито) или идеш 10м и си во море.

Епа другари ова да го имав во Охрид немаше воошто ниту да барам алтернација, а камоли да идам. Ама бидејќи не е така ќе фураат "рекет" туризам и ќе ме гледаат мене максимум 2 пати во годината. Чесен исклучок е Џез Ин.
 
Немаме менталитет развиено за туризам ние
 
Баш денес случајно погледнав некои понуди за одмор во Грција, Закинтос поточно и искрено кога ги гледам цените уште повеќе ми исчезнува желбата за одмор во Охрид. Цените на Закинтос (како еден од поскапите, острови) се движат од 30-35 евра од вечер во хотел со 4*, со сателитска, интернет, 10метра од плажа, 5минути од центар, сауни и што ти душа сака. Плаќам 1.50 - 2 евра за кафе или сок и лежалката е цел ден моја, на море со кристално чиста вода.
Цените на таков сличен Хотел во Охрид се движат од 2.000ден па нагоре што е приближно, или слично со цените коишто ги нудат нашите соседи на море. 100-150ден за лежалка и чадор, минимум 60 за кафе, а за пиво и слични работи не станува ни збор. После криви ни се Грците, Бугарите, Албанците и не знам кој :).
 
Куба либре, кадмо бич, Бела Виста, Метропол, Белви, Трпејца, Љубаништа, Градиште, Свети Наум, Втора Горица, Трета Горица, Славија, Лагадин 10...еве ви кај имате без лежалка (и со лежалка) и место кај да се напиете нешто.
Пештани, Трпејца, Даљан, Центар, Билјанини извори - еве ви места приватниот престој кај шо е блиску плажите со цена од 350 денари (гледам сте спомнале тоалети во дворови, изгледа по селава околу сте биле негде).
Скопје пијачките се поскапи па не е туристичко место.
И не сум од Охрид па да го бранам, иако живеам Охрид.
 
Во животов 3 пати сум бил во Охрид и тоа на продолжен викенд на 4 или 5 дена. Зошто? Зошто домаќините поим немаат како да се однесуваат со гости. За во хотел искрено пари не ми се даваат. Може да сум немал среќа со домаќините, ама како што читам не сум единствен со лошо искуство.
 
Треба да ви признаjaм дека за топ место во Македониja, цените во Охрид са и мали.
Охрид не може да привлекува туристи от странство со плажи. Плажите на Охрид можат да ги користата тиja от близина на Охрид, но редко некоj турист от странство ке избере Охрид да прави плажа наместо Шпаниja или некоj екзотичен остров.
Охрид може да привлекува многу туристи само и едноставно со културен и религиозен туризам. Има што да понуди во тези области многу пошироко.
Лично jaс бев миналата година и единственото што не ми бендиса е дека не продават алкохол след 21 часот мислам по продавниците.
Не знам што не им бендисвате на охригани,наполно со спротивното мнение останав.

Като цело што сум поминал и видел имате можност за планински туризам през летото,предпоставувам и зимски, ако имате минерални извори - сега многу е актуално и се барат SPA и Wellness туризам со пакетни аранжмани. Странците многу обичат ваков вид туризам,а ако тоj е со нешто како jaздене, разходки из гората или планината, лековита гимнастика, билково лечение и се што е био има голем успех.
Друго многу битно е да гледате да разнообразите можностите за туризам, не само летен,но и зимен.
НО, колкото и да зборуваме от туризам,тоj не може да е столб на една икономика.
 
Туризам??? уште некој комбинира со тоа?? мислам дека не не бива за такво нешто, еве веќе 100 години пробаме и ни да мрднеме од нула. Уште ни идеа за концептот на Македонскиот туризам , освен благотелешки булазнења кои се повторуваат од такозваните туристички гуруи..... НЕМА!!!
Од друга страна: интернет комуникациите( во сите облици), контејнерскиот транспорт врата до врата, енергетската ефикасност и ТУРИЗМОТ се бизнисите на иднината, заедно со чистата вода..., а ние и понатака бауљаме у магла.... :)
 

Живеам во Охрид,и ставрно ова што го прават нема смисла.Во текот на цела година ОХРИД е еден од најскапите градови во МАКЕДОНИЈА,а налето да не прам муабет.
Катастрофа,на никого не му се исплаќа да оди на одмор во ОХРИД,кога за тие пари ќе оди на море одколку во езеро.Претеризам.Зошто,бидејќи си мислат ајде туристичко место и креваат цени.НИКАКОВ ТУРИЗАМ НЕМА ДА ИМА,АКО ОХРИД НЕ ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ.Тоа е факт,и секоја година се помалце и помалце ќе доаѓаат во Охрид.Дека не им се исплаќа.
 
На почетокот на Мај имав некоја работа у Валона. У супер хотелче, на падината 100 метра од брегот, ко у Монте Крло..:) 10 евра ....и со букви десет евра, соба голема, чиста со балкон и тип-топ купатило и тооопла вода и се тоа само за мене. Го прашуам газдата сабајлето како успева таква цена да спакува...одговори: празен хотел е НАЈСКАП хотел!!!
 
Епа се додека езерото си го правиме море, ќе си одам кај соседите ! За некој денар плус, нема да го трпам Охридскиот газда што ќе се дере тањир ако сум скршил :)
демек таму без пари ти е?!
ќе си плаќаш и кај јужниот по 6 евра ДНЕВНО за клима, по 1.5 евра за сеф......;)
http://arka.com.mk/leto-2011/grcija/168-zakintos-hoteli-i-privatno.html
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom