Каков темперамент имате?

каков темперамент имате?


  • Вкупно гласачи
    370
Има повеќе класификации, делби и поделби околу оваа тематика, но се одлучив според онаа на Хипокрит, кој ја дава во 4 поделби, не е многу сложена (можеби поради ова и има недостатоци) но како и да е решив да ја отворам темава.

Темпераментот се однесува на брзината на манифестирање на емоционалните реакции, нивната јачиња и времетраење.

Хипокрит пишувал за:
1.Колерик
2.Сангвиник
3.Флегматик
4.Меланхолик


—Колерик - брзи емоционални реакции, неговите емоции се многу силни, траењето им е долго, надворешно ги манифестира, а основниот емотивен тон им е лутина (гнев). Тоа е човек што брзо пламнува на емоционални дразби, со силни емоционални реакции кои доста долго траат со карактеристична експресивност. Заради неговите нагли реакции често запаѓа во судир со околината. Накратко, колеричниот темперамент се карактеризира со : нагли, брзи и јаки реакции.

—Сангвик - Брзи емоционални реакции, неговите емоции се слаби, траењето им е кратко, надворешно ги манифестира, а основниот емотивен тон е ведро расположение. Тоа е човек кој брзо пламнува, но и брзо се смирува. Експресивноста му е карактеристична и важи за весел и комуникативен човек кој е прифатен од околината. Во целина овој тип го карактеризираат брзи, но слаби реакции.

Меланхолик - бавни емоционални реакции, неговите емоции се силни, траењето им е долго, надворешно не ги манифестира, а основниот емотивен тон е тага. Тоа е човек кој ретко реагира, но кога ќе реагира, реагира со силни емоции кои не се експресивни, а се долготрајни. Најчесто неговите реакции се во врска со неговата личност. Тешко носи одлуки, не е многу подвижен, чувствува загриженост. Кај него преовладуваат непријатни чувства, тага и загриженост.

Флегматик - бавни емоционални реакции, неговите емоции се слаби, трањето им е кратко, надворешно не ги манифестира, а основниот тон е рамнодушност. Тоа е мирен, сталожен, слабо осетлив и слабо подвижен човек. Неговите емоционални доживувања не се експресивни, така што оддава впечаток на незаинтересираност за надворешните случувања. Основни карактеристики на овој тип се : слаби и спори реакции.

Или подетално на сликава би било вака.
cb1553_e38543e3a6657e433efbaf20b2f490da.png




Па прашањево е доколку одберете, каде се сместувате себеси меѓу овие 4 видови? :D
 
Најмногу се пронаоѓам во Меланхолик во однос на реакциите но за разлика од тој тип на темперамент многу добро се справувам со негативни емоции и најчесто тажните емоции за брзо ги преобразувам во ведри...
 
Сангвик! Јао :(
Ако нешто не ми е по кеф, се дешава и да се раскарам со првиот шо ќе ми дојде во околина...
Среќа па брзо ми проаѓа :)
 
30% сангвиник, 70% колерик. Некогаш доаѓа обратно, ама се поретко во последно време.
 
Па неможе да се рече дека еден човек е тој и тој темперамент и толку, од проста причина што најчесто се случува луѓето да бидат мешавина од два или евентуално три темперамента.

Јас сум 80% колерик, 20% сангвик:)
 
Па неможе да се рече дека еден човек е тој и тој темперамент и толку, од проста причина што најчесто се случува луѓето да бидат мешавина од два или евентуално три темперамента.

Јас сум 80% колерик, 20% сангвик:)
Далеку си ти од колерик, освен, ако пцуеш при пишување :D
 
Нешто фаќам и од другите, но најмногу си се пронаоѓам во флегматик.
 
Убава е темава многу само уште по убаво би било не членовите да си се групираат каде сакаат него да има еден или повеке членови кои преку тест или прашања да одредат кој човек кај одговара.

Јас сум нешто измеѓу сите 4 темпераментни делби што ги има овде. :)
 
флегматик со некои особини на сангвиник според дијаграмот погоре
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom