Каков мобилен користите во моментов?

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
iph.jpg

530201355201AM_635_sony_xperia_l.png
 
Sony-S312-2.jpg

440x330-nokia-2330-classic-1.jpg

Паѓани и фрлани милион пати и пак си фукнционираат беспрекорно. Смартфон? No, thank you for now.
 
многу позадоволен бев од старите мобилни отколку од овие новиве смарт....
порано батерија траеше и по неколку дена па може и 10 а сеа на паметниве телефони постојано во полнач....
се знае за што слуѓи и каква намена има тел....
а сеа ние телефоните ги користиме за СЕ,(одиме на нет,сликаме.исл)а најмалку за нивната основна функција....

Технологијата напредува за да сите имаме корист од нејзе. Ако не си доволно зрел за да користиш смартфон користи си Nokia 3310 и нека ти трае батеријата 10 дена. Тоа што ти го болдирав ти е грешка - не се телефони туку смартфони. Смартфон = телефон+оперативен систем+интегриран хардвер+подобри апликации и игри. Да, не секој е зрел за смартфон. Моите дома сеуште се со обични телефони, никој не ги присилува да мигрираат по секоја цена.
Второто болдирано во италик исто така е грешка. Основната функција на смартфонот не е зборувањето туку сето она што ти сакаш да биде. Имаш опција да си бираш што ќе ти биде основна функција - дали дремење на ФБ, Скајп, Инстаграм или зборење/праќање Viber пораки кои да напоменам се бесплатни.
 
Тотално си у право брате, неможе све што ти треба на смартфон (фејсбук,скајп,интернет) да го користиш и да очекуеш батеријата да ти трае 10 дена,
 
Технологијата напредува за да сите имаме корист од нејзе. Ако не си доволно зрел за да користиш смартфон користи си Nokia 3310 и нека ти трае батеријата 10 дена. Тоа што ти го болдирав ти е грешка - не се телефони туку смартфони. Смартфон = телефон+оперативен систем+интегриран хардвер+подобри апликации и игри. Да, не секој е зрел за смартфон. Моите дома сеуште се со обични телефони, никој не ги присилува да мигрираат по секоја цена.
Второто болдирано во италик исто така е грешка. Основната функција на смартфонот не е зборувањето туку сето она што ти сакаш да биде. Имаш опција да си бираш што ќе ти биде основна функција - дали дремење на ФБ, Скајп, Инстаграм или зборење/праќање Viber пораки кои да напоменам се бесплатни.

немам ништо против новите смартфони..туку само направив споредба....а инаку не користам вибер лајн...бидејки неам потреба од тоа зата што сум на ВИП оператор каде што и такаимам беслатни разговори и бесплатни смс...пораки кмон сите оператори... а и едноставно неам толку слободно време а и неможам и несакам да бидам постојано со тѕел во рака......телефонот го користам исклучиво за разговор понекогаш за СМС да пратам..и повремено за вклучување на ФБ.....
 
Бидејќи на LG Optimus L3 го заебав патернот уште во септември месец и ме мрзи да идам да го опраам, го користам овој, топ си врши работа, плус ептен е издржлив
П.С. Се утепав барајќи го како се вика на гугл, а тоа ми пишува кога го приклучувам :facepalm: ... Sony Ericsson C510
sony-ericsson-c510-1.jpg
 
Иам самсунг галакси аце2.Доста добар телефон, сето она шо ми треба го содржи.Камера од 5 мп , солидни фотки, да не речам одлична, предна камера.Добар дизајн, не е премногу голем , досега никоаш не ми закочил, тачот е брз ии тоа.Иначе еве и слика.
Samsung-Galaxy-Ace-2.jpg
 
Бидејќи на LG Optimus L3 го заебав патернот уште во септември месец и ме мрзи да идам да го опраам, го користам овој, топ си врши работа, плус ептен е издржлив
П.С. Се утепав барајќи го како се вика на гугл, а тоа ми пишува кога го приклучувам :facepalm: ... Sony Ericsson C510

Изгледај го видеово, среди си го сам и кликни еден лајк :)
значи на исклучен телефон се држи home key + volume down + power button ... кога ќе го појави ЛГ логото го тргаш прстот од power копчето ;)
 
Изгледај го видеово, среди си го сам и кликни еден лајк :)
значи на исклучен телефон се држи home key + volume down + power button ... кога ќе го појави ЛГ логото го тргаш прстот од power копчето ;)

Фала ти многу друже, го направив сега го ставив да се полни, ти дужам за ова, си ме спасил од давање 500 денари по мобилари и сервиси :cuc: :D
 
Секој мобилен што го купив, ми се расипа. :D Моментално еден ми е на поправка, а другиот што ми беше резерва, од чиста мира поцрка. Кога ќе видам поубаво, сите од чиста мира поцркуваат, ко да ми ги има некој проколнато. :D На страна тоа што постојано ги маам, ги квасам во вода и лом ги праам. Него работата е што сега работи, после петнаесетина минути, ќе го снема, отишол во неповрат. :ROFLMAO:

Така што со овој сум си раат, колку е издржлив, алал му чуфте. Што се` не претрпел... :D
Само што, кога зборам на телефон, исто како на спикер да сум. Мислам дека дури и комшиите ме слушаат, кога праам муабет со мајка ми. Да, да, чорапите ти се во првата фиока. :tapp:

Од толку сменети мобилни, само овој ми е останат цел. Имам полна фиока со мобилни и полначи. Некои од нив се со пукнат екран, некои скроз нови, а отидени во рајот. А бе шта да ти причам. :icon_mrgr:

Единствено, овој ми остана непрежален. Можеби пред 3 години беше, имавме исти со сестра ми. И многу често по грешка, нејзиниот го носев во школо. Затоа морав да преземам нешто, го акнав од асфалт и пукна екранот.Така повеќе никогаш не го смешав со нејзиниот.:icon_lol:
Ама тоа не траеше долго, набргу се расипа. Сестра ми се поднови со друг, јас го земав нејзиниот. И нејзиниот ми цркна.:D

http://technave.com/data/files/mall/article/201110181917091371.jpg

Моментално чекам да ми се јават од сервис, ако не, ќе чекам да истече договорот со мобилниот оператор, да земам некој за денар плус-минус. Затоа што очигледно не вреди да давам пари за мобилен, што ќе го користам помалку од една година. :pos:
sony-ericsson-j100i_3.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom