Сите мислат дека белиот леб не е здрав и дека треба да се избегнува...Тоа навистина е точно дека црниот (ржан или интегрален) е поздрав, но тоа не значи дека белиот треба да се игнорира. И двата си имаа свои добри страни...
Црниот е богат со микробиотички влакна кои се добри за причистување на цревата (од масни наслаги на ѕидовите), и со тоа помага побрзо и лесно да се абсорбира храната преку цревата. Затоа е добро да се консумира со млеко или јогурт за доручек - после прочистувањето помага калциумот од млекото побрзо да се абсорбира. Исто се препорачува црн леб при консумација на месо и други протеини.
За разлика од него, белиот леб баш напротив се лепи на ѕидоите на цревата. Но тоа некогаш има и добра страна, особено кога станува збор за консумирање на салати и зеленчук. А еве и зошто...
Зеленчукот не е лесно сварлива храна и често не се разградува во целост за да можат нашите црева да ги примат сите минерали и витами од него. Затоа зеленчукот често се препорачува да се консумира со масло и со бел леб (лебот се лепи за цревата а зеленчукот на лебот па така тој останува подолго време на цревата и тие можат да примат повеке од неговите хранливи материи.
Значи, најдборо е комбинација и на црн и на бел леб, зависно од видот на другите состојки со кои ги консумираме. :wink:
А иначе лично, мој омилен е Баварскиот ’Ржан леб (со малку путерче)...ммм...