Како знаете дека сте вљубени?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lil-Krist**
  • Време на започнување Време на започнување
Тешко прашање
Веќе не се ни сеќавам
Знам само дека една вечер се утепав плачејќи и денес си се смеам на тоа, ни самата незнаев зошто таа вечер толку плачев.
Не осетив пеперутки во стомакот, туку едноставно знаев дека тој е вистинскиот за мене слушајќи го срцето.
Незнам...
Незнам како да ти опишам
 
Кога си возбуден и се осеќаш хаај, и ништо не ти е битно сигурно си заљубен :D Јас по тоа осеќам....
 
Ако пијам три апчиња на сабајле,5 кафиња дневно,ако мачам ја баба ми да гледа на кафе секој саат, ако ѓи заборавам купените работи од продавница ако сум под депресија, ако сум напнат, ако сум стегнат, ако ми се дига една рака повеќе од вообичаеното, ако паметот не ми е на место, ако ми се дига адреналинот тогаш дефенитивно сум заљубен. Инаку тешко се заљубувам, а се палам скоро на секоја втора цура во градот
 
Јa сум бизнисмен и зафатен сум со земјоделието неам време ја да се заљубувам, да пишам песни на полна месечина и воздивнувам гласно ко крава пред телење, али знам дека комшијата мој многу си ја сака и љуби жената оти еднаш ко не начека в плевна среде онадење, збесна, се вцрви ко домат в лице ... а бе ќе ме убиеше да не бев побрз од него на препреки. Значи ако сакаш да видиш дал си заљубен, остај ја жена ти (ил девојката) да ја клецка некој друг а ти посматрај одстрана, па ако ти е сеедно и ако не те узнемирава тогаш не си заљубен а ако ти зоврие крвта и посакаш да го убиеш јавачот на жена ти (или девојката) тогаш тука веќе има емоции и љубови
 
Имам заборавено на тие емоции, ама штом знам дека некогаш сум ги имала тогаш распознавањето било најлесната работа на светот.Клише одговор максимално, ама, да, едноставно знаеш.
Нема бегање од тоа.
Сум заборавила да пишам...еден момент и после тоа не можеш да дишиш без да се смешкаш како морон.
Морам да престанам да се смеам ...
 
Се замарам со типот повеќе него шо се замарам со моите проблеми.
Ми ги нема проблемите, не ги осеќам, не се замарам со нив, се замарам со некој тип таму.
Не би пак. Можда некогаш кога стварно ќе осетам дека неам проблеми, да си го дозволам луксузот на мислење на некој друг со кој не сум крвно поврзана.
 
Од целиот ЕДЕН пат, колку што сум била вљубена, еве (сеуште) како е;

Пеперутките во стомакот се задолжителни кога и да ми се насмевне, да ме погледне или да ме допре, нема делче од денот во кое не мислам на него, после секој бакнеж ми доаѓа топло во душата и многу пати се фаќам како мижам уште делче од секунда, демек за да не ми избледи чувството толку брзо.. :P
Навикната сум на неговиот допир толку многу што веќе секој останат ме оттуѓува, или, да не биде толку грубо, ми создава носталгија баш кон неговиот.
До утре можам да филозофирам, ама се се сведува на следново: се чувствувам сигурно покрај него, знам дека ми верува и дека можам да му верувам, понекогаш доволен е само поглед да се разбереме... а остај ти плави очи, и во црни очи можеш совршено да потонеш ♥

Брајан Адамс:You've gotta breathe her - really taste her, till you can feel her in your blood.
 
Тоа е чувство кое не се познава. Зашто тогаш си доволно изгубен да не познаваш базични реакции а не па ова.
 
Имаш стомачни инфекции ,такозвани пеперутки!Така барем велат...
 
Имаш стомачни инфекции ,такозвани пеперутки!Така барем велат...
Всушност истите тие инфекции ги добиваш при самото соочување со смртта. Адреналин, јбг.
 
Песнава кажува многу за тоа.

Се будиш сабајле, очекуваш повик од саканиот. Со нетрпение чекаш да му го чуеш успаниот глас, и колку е тоа слатко. Со насмевка стануваш од кревет од помислата дека за 1 саат или 2, ќе ја почувствуваш неговата топла преграта и бакнеж.
бла бла бла
Едноставно се чувстуваш најсигурно до него, можеш да му го кажеш секој детал за кој нема да бидиш навредувана или исмавана. Едноставно како да постоите вие 2ца на светот.

Еве дел од текстчината кои ги напишав.
Повторно тоа чувство на осаменост, ми се тресат рацете, околу срцето повторно нешто сило ме стега, ми фалиш, сакам да ти го почуствувам мирисот и допирот, сакам повторно да те гушнам силно и да се изгубам некаде во тебе. Сакам секоја секунда која поминува да биде измината со тебе. зарем мислиш дека можам некој друг да го ставам на прво место освен тебе..ако размислиш подобро никој друг не би ги правел нештата кој ти ги правиш за мене. Ме сослушуваш, тоа е и веќе доволно, ми помагаш, ме гушкаш секогаш кога не ми е ок. Можеби сметаш дека не правиш доволно за мене..но мене сосема ми е доволно и добро.
Повторно како и секоја вечер..им се молам на ѕвездите и месечината никогаш да не останам без тебе, сонот да ми се оствари. Но сега можам да им се радувам на бакнежите, допирите, зборовите, делата кои си ги врежал во мене. Можам само да заспијам со помислата дека некој ден целата оваа мечта ќе ми се оствари. И воедно..безпрестано се надевам дека и ти имаш еден ваков белег на тебе., на твоето срце. Се надевам дека секоја вечер ќе заспивам на твоите гради и ќе го слушам звукот на срцто кое ќе чука само за мене.Те сакам најмногу !Проклето ми недостасуваш !

Има уште многу ама ме мрзи да пишувам.
 
Хмм..кај мене веднаш се приметува :) во очите,подруго се однесувам и слични работи :)
 
МИ СЕ КЛЕЦКАТ НЕШО, АМА МНОГУ МИ СЕ КЛЕЦКАТ, НЕ КАО НОРМАЛНО КОА МИ СЕ КЛЕЦКАТ!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom