Песнава кажува многу за тоа.
Се будиш сабајле, очекуваш повик од саканиот. Со нетрпение чекаш да му го чуеш успаниот глас, и колку е тоа слатко. Со насмевка стануваш од кревет од помислата дека за 1 саат или 2, ќе ја почувствуваш неговата топла преграта и бакнеж.
бла бла бла
Едноставно се чувстуваш најсигурно до него, можеш да му го кажеш секој детал за кој нема да бидиш навредувана или исмавана. Едноставно како да постоите вие 2ца на светот.
Еве дел од текстчината кои ги напишав.
Повторно тоа чувство на осаменост, ми се тресат рацете, околу срцето повторно нешто сило ме стега, ми фалиш, сакам да ти го почуствувам мирисот и допирот, сакам повторно да те гушнам силно и да се изгубам некаде во тебе. Сакам секоја секунда која поминува да биде измината со тебе. зарем мислиш дека можам некој друг да го ставам на прво место освен тебе..ако размислиш подобро никој друг не би ги правел нештата кој ти ги правиш за мене. Ме сослушуваш, тоа е и веќе доволно, ми помагаш, ме гушкаш секогаш кога не ми е ок. Можеби сметаш дека не правиш доволно за мене..но мене сосема ми е доволно и добро.
Повторно како и секоја вечер..им се молам на ѕвездите и месечината никогаш да не останам без тебе, сонот да ми се оствари. Но сега можам да им се радувам на бакнежите, допирите, зборовите, делата кои си ги врежал во мене. Можам само да заспијам со помислата дека некој ден целата оваа мечта ќе ми се оствари. И воедно..безпрестано се надевам дека и ти имаш еден ваков белег на тебе., на твоето срце. Се надевам дека секоја вечер ќе заспивам на твоите гради и ќе го слушам звукот на срцто кое ќе чука само за мене.Те сакам најмногу !Проклето ми недостасуваш !
Има уште многу ама ме мрзи да пишувам.