Како живеете?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Живеам прилично добро, и никогаш не се жалам. Со текот на времето обврските стануваат поголеми. Меѓутоа едно знам, секогаш ќе сакам/сакаме повеќе.
Барем таа човечка особина никогаш нема да замре.
 
Во глобала живеам како што сакам, но не можам да кажам дека правам се како што сакам (така можам да живеам ако сум на пуст остров без никој до мене) гледам пред се да ми е убаво, но тоа не е можно ако луѓето околу мене не се среќни
тоа пред се зависи од ситуацијата, во одредени случаи ги слушам и почитувам стандардите на другите, а во други го слушам сопственото јас
 
си терам така како што мислам дека ми е најарно
па засега добро ми оди
 
Па што знам да речам дека е добро..не е сјајно,но не е и лошо зошто секогаш може да е полошо...живеам турбо и со една надеж (ама не кажвам за шо и која :kesa: )
 
Живеам онака како што сметам дека е најдобро за мене, секогаш се грижам и за тоа како на другите би им одговарало да го живеам животот , ама на крајот на краиштата мој е и ке правам онакак како што мислам дека е во ред, секогаш со мислите за подобар ден од денешниот
 
Живеам среќно , со моменти на тага понегокаш се офкорс.
Имам среќно семејство,имам доволно пари,а најногу сум пред писи.
Не ме интересира ни најмалку за другите.
 
Можеби повеќе живеам за другите отколку за себеси, но мислам дека тоа е причината што живеам во мало гратче, да би живеела во поголем град веројатно би живеела само за себе, не дека и сега не живеам за себе ама некои работи, кој што ќе рече како, уффф го мразам градот каде што живеам (поточно луѓето, менталитетот) :tapp:
 
....Живеам осамено...Спонтано, брзо...Безгрижно...Со други зборови, онака како што можам и како што сакам, не како што другите ми велат...
 
Си го живеам животот така како што сакам,но секако тоа да е во некои граници кои си ги имам прифатено...Но прилично животот си го терам како што сакам,си уживам и без разлика понекогаш колку ми е брзо темпото на животот,уживам затоа што тоа е нешто што сакам да го правам...Можеби ако го живееш животот според другите,ќе имаш помал притисок од страна за разлика ако си одиш само по твоите размислувања,но никогаш нема да прекинат некои други да го живеат твојот живот наместо нивниот,а јас не сакам да сум една од таквите,сакам да живеам сега и овде.И споменав дека тоа ќе си терам по свое треба да има граници затоа што можеби не живеам за луѓето,но живеам со нив...:pipi:
 
Онака, секој ден скоро ист, ама нема веќе да биде така...
 
Порано живеев како што сакав... ама таа фаза во животот заврши, и сега живеам за моето семејство. а и ... да додадам.. дека многу ми е мило што заврши... поубаво е четворица да живеат заедно и да се балансира, отколку 1 да живее како што сака ама да живее сам.

Додека ме огрева сонце на сабајле... животот ќе биде убав!
 
Како што ми е наложено и колку што ми е долго чергичето. Не постои начин на живеење „каков што сакаме“. Желбите и аспирациите мора да ги приспособуваме на ред други фактори, почнувајќи од општествени норми и правила, преку материјални можности, па се` до нечии туѓи очекувања.
 
Епа вака сеа, доколку не живејме по определени „општи“ стандарди, тоаш се би било хаос.Да речиме еве сеа јас сакам билјард, а мразам учење...шо би било од мене аку јас по цел ден само билјард играм...Го зедов овај пример со поважен факор ко шо е учењево ама на пример ако не сакам да речиме црвено а во мода е црвено секако дека не прекршвам никакво правило и доколку немат такви противници на разни поставени диктации се би било едно та исто...Сите би глеале шо прајт некој попознат, во центарот на вниманието и би го имитирале и не би постоела веќе разликата во љуѓево.Муабетов ми е во некој случаи требит да се придржвиме кон „правилата“ кој шо се општо познати за да не сме отфрлени ретарди, а за друго би требало да си имаме свое јас.
 
Живеам обидувајки се да си ја најдам среката на мој начин и според мои правила...Да стојам цврсто, свесна дека и јас сум како и сите.
Со свесност ,полека и брзина, обидувам се да ги усогласам мојте потреби со тоа шо `би требало` да биде.

Умереност.
 
Мислам дека во поголем процент треба да се прилагодуваме кон ,,правилата`` на општеството. Секако дека треба сами да си поставуваме одредени граници на живеење и начин на живеење, али ко шо велит Пчелка, пред се` мора да се има свое јас:wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom