Ќе вежбаш... или пред да пушиш оди в продавница. Мене порано, првите 2 години кога почнав да пушам, ме убиваа паранои. Не бев способен да одам. Страв “да не ме познаат“. Бед трипови. Кога пушиш поредовно, се контролираш.
Уствари, јас секогаш прашував: какво е чувството, онака за да споредам искуства. Сите беа како: апетит, вкусови, лебдење... викам каков апетит бре луѓе какво лебдење едрење, мене ме убиваат тешки филмови ми се прават низ глава.
Е, ама пристапот ми беше деликвентен тогаш. Шо ќе праиме, се испоопивме, ајде и трева сега да пушиме. Алкохол и тхц = бед трипови. Посебно кога си напиен пред да пушиш. Ако пушиш, не верувам дека после тоа ќе испиеш појќе од чаша две вино или пиво. Сега ми е така де. Гледам да избегнувам алкохол колку што можам. Имав проблеми од алкохолот, сега откако пушам трева немам направено ни една глупост. Ако запалам џокац, тогаш пијам само заради вкусот на виното, или за да се освежам едно пиво. Сокови - нова димензија за мене, непозната ми била порано.
Битола сум, и прв пат имам 10ка. Пред тоа се пушеш џоинт два. Седам во стан, си палам.... ме затепува параноја, ама почнувам да ја контролирам. Оти сум сам, и се смирувам некако. Почнувам да цртам... си слушам музика. Палам после саат и пол пак. Охрабрен, викам параглајдинг, држи се горе, едри на позитивната струја. Весел, весел, сум ги скротил бесовите ми...
Палам уште едно после тоа... и конечно за прв пат ми се појавува и мене - апетит! Како невиност да изгубив.
Е оттогаш, друг филм бил.
Инаку, изнапишав 160 страни...6 тетратки како есеј околу тревата.
1. Моментот кога те “фаќа“.
2. Што е да те “фати“, да те откачи, да се начуриш, да се напушиш, да се стонираш....
3. 16 типа на ТХЦ трипови. Бев убеден дека канабисот некако ми ги мени мислите, или 4 пати побрзо идат, или 4 пати поголеми се. Ако е позитивна мисла, ведра, G (good), ако е негативна, параноја, страв, апатија B (bad). И според тие по 4 комбинации од мисли, испаднаа 16 варијации, од GGGG до BBBB. Па почнав да имам полу добри мисли, полу лоши, со апостров ги бележев. GG'BB. Лудници.
Еве скенови од тие тефтери по канабинологија:
http://issuu.com/algbral/docs/liber_820
На трева се добива толерантност. Мала. Секако, ако пушиш една недела нон стоп, на крајот ќе ти треба да запалиш 2ка за да се откачиш како првиот пат.
Но убавото е дека ќе ти скурчи да си нон стоп начурен. Не прави филм така. Уше поубавото е, дека после 3-4 дена, недела, кога запалиш пак, пак почнуваш од 0. Едно џокче мало, пак ќе те фркне до небесата.
Гледам по јутуб американчиња, туфки ореси, па и хаш додадат, па и киф, па и некое уље... во бонг. Не дека не сакам и јас да опнам така еден бонг, да ми шекне твист у нозе....ама немаме ние пари и трева за до толку.
Што ќе ти се случи ако испушиш блант (6ка). Ништо. Ќе бидеш откачен можеби 4 саата. Сум налетувал на тревчиња што држат по 6 саата, свака част.
Што ќе се случи ако испушиш 2 бланта? Ништо, можеби ќе ти се приспие.
Што ќе ти се случи ако испуши 4 бланта одеднаш!?!? Не може да ги испушиш, ќе ти се згади.
Колку треба да испушиш за да се овердозираш и постанеш прв кој умрел од трава?
Количината е од 4 и пол, до 10 килограми, зависно од тоа колку тхц има. 4 и пол килограми се две кесиња од оние големите за во маркет! Тоа не може да го изедеш, не да го испушиш.
Која е дозата медицинска? 4 грама на ден за пушење.