Чадот може да има негативни последици врз грлото и дробовите - посебно кога се влече последниот дел од цигарата или џоинтот, блантот. Топлиот чад може да предизвика мали оштетувања. Но, сеуште не сум сретнал некој кој со здрав разум ќе шмука врел чад, дури и при тегнењето на последните димчиња, пушач знае како.
Проблемот во чадот од тутун е што има никотин. Никотинот создава зависност - која е високо горе после хероинот и опиумовите екстракти. Цијано-водородот е отровен. Јаглеродниот моноксид е отровен. Катранот од цигарите, оние 9 мг имаат барем 50тина супстанции кои потенцијално може да предизвикаат рак.
Разликата е што канабисот создава етерични уља, канабиноиди. ТХЦ, ЦБД, ЦБТ... и уште 60 такви. Тие на нормална температура се смолести. Во канабисот нема хемикалија која создава зависност, ниту има цијановодород, никотин, ниту има нешто кое штети. Втората работа е што канабиноидите се супстанции кои секое животно денес ги има и ги користи во нервниот систем (
ендоканабиноиден систем), а од таму неговите полезни дејства по реуматска болка, менструални болки, апетит (метаболизам), крвен притисок (срцеви аномалии и мозочни изливи), но најбитното, неговото дејство врз канцерот.
Ако си толку загрижен за топлиот чад, или некоја честица од ризла да не ти налета во алвеолите - ПУШИ ОД БОНГ! за 10 минути можеш да направиш од пластично шише.
штетен е ако пушиш секој ден ,мотивација ти намалува,концентрација,те прави мрзил и улежан.
Јас пушам по 2 кутии цигари на ден. Кога имам канабис, пушам по 5-8 џоинти, без да запалам цигара. Депресивен сум и мрзлив. Кога сум хај имам доза еуфоричност, и обично цртам, свирам...пишувам. Така, канабисот ми причинува креативност, еуфоричен занос. Концентрацијата на канабис не е намалена. Алфа брановите во мозокот кои се оние кога се медитира (решаваат проблеми) се иницирани од канабисот. Освен ако немаш некоја силна индика што ќе те успие, другите канабиси не те прават мрзлив, туку напротив - те прават активен. Сативата е позната по тоа што е осветлувач на мозокот. Кога како ефект на канабисот ќе видиш колку поубава е сината боја на небото, која ја изгубила својата убавина од секојдневното анкциозно живеење, не знам дали тоа се опишува како МРЗЛИВ И ДЕКОНЦЕНТРИРАН.
Се продава ли у Мк некаде гриндер со "kief catcher"? Mи треба итно.
Имаше во тобаката по 400 денари.
Е сега, дали е криминал да си искулирам цел ден, јадејќи благо, пиејќи сокови, шетајќи, цртајќи, свирејќи... Или е криминал да се опијам, да се степам во кафана, да газам ауто, да направам сообраќајка, да пробам да силувам некоја, да бидам агресивен и се друго што вообичаено секој викенд се прави на алкохол.
Дали е криминал да возиш 20 на саат со колата (кога си хај), или е криминал да даваш 3000 денари на месец за тутун, и да умреш од срцев удар, мозочен или рак? Патем, во србија цената на цигарите е 3 пати поголема од овде, во бугарија е 5 пати поголема, го Грција 7 пати поголема. Тутунски Комбинат Прилеп оди под стечај?!?!?!?
Дали си дилер и дистрибутер на ДРОГИ ако имаш две саксии со цвеќе, за кои се грижиш 7-8 месеци, и ќе извадиш 200 гр канабис (10 илјади денари), што ќе си го испушиш сам, а ако те фатат ќе лежиш од 6месеци до 5 години затвор, или е криминал ако исечеш една приколка дрва, ги продадеш, и имаш 700 евра оштетено државата? Овде обично крадењето дрва се санкционира со казна до најмногу 10 илјади денари.
Дали е криминал да дури и како рекреација користиш канабис, и адвокатирајќи го неговото медицински полезно дејство, или е криминал да ги учиш децата дека “дрогите“ сите на куп, хероини, кокаини, екстази, психоделици, метадони, барбитурати... се штетни, а алкохолот и цигарите се продаваат во секоја трафика?
Канабисот е скалило кон “тешки дроги“. Е тоа скалило јас никако да го минам во животот ми, еве 13 години пушам и никако да се навлечам на тешки дроги. А и 20 луѓе пријатели, кои се редовни конзуматори на канабис, се бели црвени, не сакаат ни алкохол да пијат.
Затоа пак, младежот кој се опива во кафани и вози брзи коли, знае што е кокаин и екстази и други финти, и тоа им се скали за докажување пред себе, пред другите и начин на бунт против родителите. Оти трева не се пуши за да докажеш нешто.
Кога прашањето на канабисот ќе биде јавно поставено - многу работи ќе бидат извадени од мрачните табу простори. Затоа не плашете се да зборувате јавно, и да се надеваме дека ќе биде легално и овде еден ден (доколку некој не сака да бидеме конзервативни религиозни шопи).