Сум земал 3 пати, и, тревава ваља делува не ефикасно на мене. Значи веднаш забележувам како нешто ме заспорува, го зафаќа моето тело, и имам чувство дека нешто сака да ме контролира. И цело време мислам на ова, срам ми е да се насмеам оти имам чувство дека не треба да се смеам, дека некој ме гледа од страна, дека срамота е да се смеам и да правам неконтролирани фаци и движења, и затоа за време на тоа само седам и се загледувам на пр, во мобилниот телефон и долго гледам во него и ги игнорирам сите другари/ки што се околу мене.. и после 2 саати од кога ќе помине тоа, отепан сум, многу сум гладен, жеден (особено ми се суши устата, и вода пијам преку 2 литри). Значи озбилно незнам што има убаво во тревата, јас немам ништо против тие што ја користат, ама јас не би земал уште еднаш.