CafeDelMar
Luminance
Марихуаната предизвикува рак
Тешкото користење на марихуана може да доведе до хронично заболување на белите дробови – тука е вклучен и ризикот од канцер. За разлика од пушачите, оние што пушат канабис се повеќе на удар, докажаа најновите истражувања.
Една од студиите покажува дека ризикот за заболување од рак на белите дробови кај оние што пушеле по еден џоинт на ден е поголем од оние кои пушеле 20 цигари на ден.
Уште поголема е можноста, луѓето кои активно пушат марихуана да добијат белодробен емфизем. Оваа студија е објавена во Respirology и во European Respiratory Journal.
Студиите се занимаваат со оваа тема за да се докаже дека во некои земји треба да се промени законот за поседување канабис.
Истражувачите на Medical Research Institute во Нов Зеланд признаваат дека постои една помала студија која покажува дека долгорочното пушење канабис го зголемува ризикот за појава на рак на белите дробови.
Всушност, проблемот што го интензивира ризикот е што пушачите на канабис вовлекуваат подлабоко од пушачите и подолго го задржуваат димот во градите. На тој начин во организмот и во белите дробови се задржува повеќе јаглерод моноксид.
Постоела и една студија која била спроведена на десетмина пациенти задржани во Alfred Hospital во Мелбурн, заради тешки респираторни проблеми. Сите тие признале дека долгорочно пушеле марихуана, минимум една година. Испитаниците имале специфична белодробна болест која прави воздухот да биде “заробен” во белите дробови, што кај пушачите на канабис тоа се случува на просечна возраст од 41 година, а на пушачите на тутун на 65 години.
Сепак строга поделба на пушачи на тутун и пушачи на канабис не може да се направи, бидејќи обично овие две се мешаат и се пушат заедно.
“Варијациите кои се однесуваат на канабисот се поекстремни отколку оние што се однесуваат на тутунот. Различни истражувања користат различни методологии кои сугерираат различни заклучоци, и сето ова ка прави споредбата многу проблематична” – истакна портпаролот на оваа студија Стив Ролс.
Тој додава дека инхалирањето на димот од било кој горечки објект е навистина опасно за организмот, и токму затоа луѓето треба да се едуцираат за ризиците при земањето дрога или пушењето.
Британската белодробна асоцијација смета дека дебатата за ефектите на канабисот врз белите дробови секогаш фокусот бил ставен врз попречувањето на менталните функции, а се превидувал фактот дека најголемата штета се прави на белите дробови.
“Студијата од Нов Зеланд ги истакнува карциномските опасности на пушењето канабис, и ова е прва студија од ваков вид” – вели доктор Наоми Ејзер, медицински директор на Британската белодробна асоцијација.
Извор Идивиди
Има некои делови од текстот што малку ми изгледаат ко чаршиски муабети.