Како влијае марихуаната на здравјето...

  • Креатор на темата Креатор на темата MSV
  • Време на започнување Време на започнување
Абе има многу лошо влијание, после ми се жала деца дека ги бркаа хеликоптери и сл...:tapp:
 
Добро луѓе што све се запнале толку за мозокот.Марихуаната е штетна општо врз целата човекова свест.Пример сум видел како раскинуваат цели сериозни врски заради нејзе.

Заради мара се раскинуваат почесто сериозни врски, отколку што се раскинуваат за цигари или пијуцкање, не?
 
Заради мара се раскинуваат почесто сериозни врски, отколку што се раскинуваат за цигари или пијуцкање, не?
Не знам брат не водам статистика,тоа што го пишувам го пишувам од лично искуство.
 
Да де, не ни очекувам некој цртки да трга која врска од шо се растурила. Јас од околината гледам како е, ти од искуство. Како и да е, марата е поголем проблем во врска ако еден дува а друг не, отколку ако некој пуши цигари или пие умерено, а друг не.
 
И тогаш,кога веќе знаеш дека таква состојба на умот е возможна,можеш да ја постигнеш и без марихуана.
Не би рекол. Како што рече Ада, тоа што го чувствуваш реално го нема.

Па тоа е интересната ствар бе брат.
Оти да се замараш со секојдневни идиотизми(кои и онака се пред тебе),кога можеш да разглобуваш деталји до ниво на атоми?:)
Џаначка ствар бе брат. Зошто да се занимаваш со реални постоечки проблеми што те засегаат тебе и луѓето околу тебе, кога можеш да тропаш глупости со другарите. Тоа се вика бегање од реалноста и кукавичлук.
Затоа супстанци што ја менуваат свеста се за пички, слабаци.
 
Да де, не ни очекувам некој цртки да трга која врска од шо се растурила. Јас од околината гледам како е, ти од искуство. Како и да е, марата е поголем проблем во врска ако еден дува а друг не, отколку ако некој пуши цигари или пие умерено, а друг не.
Еве јас лично сум непушач(не пушам цигари) и мене повеќе би ми пречело(не можам ни да се замислам) да бидам со пушачка отколку со треварка.Затоа што од цигарите тешко се откажува,а од тревата не.
 
Али искуството од таа состојба останува во меморија.
И тогаш,кога веќе знаеш дека таква состојба на умот е возможна,можеш да ја постигнеш и без марихуана.

Лохично.

Па тоа е интересната ствар бе брат.
Оти да се замараш со секојдневни идиотизми(кои и онака се пред тебе),кога можеш да разглобуваш деталји до ниво на атоми?:)

И тоа те прави крајно какосакашнаречисе пред другите. Пример, пишуваш "лохично" наместо "логично" и мислиш дека испадна фраер, а всушност си патетично смешен.
А во врска со интересната работа... значи ли тоа дека признаваш колку сте најнепродуктивните луѓе на светов? Која е поентата во тоа на сила да се правиш прост и да живееш без разумна цел?
 
Еве јас лично сум непушач(не пушам цигари) и мене повеќе би ми пречело(не можам ни да се замислам) да бидам со пушачка отколку со треварка.Затоа што од цигарите тешко се откажува,а од тревата не.

И јас сум непушач (ни мара ни цигара) и би ми пречело и со пушачка и со треварка. Некој кој свесно си го уништува здравјето и е слаб карактер со самото тоа што зема супстанца (мара) за менување на нивото на свест на мозокот, не е во мој видокруг.

Плус, како тоа од тревата лесно се откажува? 99% од луѓето што ги знам а дувнале тревче, си продолжуваат да дуваат континуирано (кога ќе има).
 
Добро тоа си е твое искуство.Еве јас познавам цела една плејада на тревари и треварки кои што имаат жени деца и не дуваат.Тие што се моја генерација кога ќе падне муабет за тоа велат остај брат детски работи одживеано нешто,па до негде и така е.
 
И тоа те прави крајно какосакашнаречисе пред другите. Пример, пишуваш "лохично" наместо "логично" и мислиш дека испадна фраер, а всушност си патетично смешен.
Напишав лохично,пошто така викаме во Велес и тоа ми е навика,а не за да испаднам фраер.
Уствари,како може да бидам фраер,ако намерно напишам некој збор погрешно?
А во врска со интересната работа... значи ли тоа дека признаваш колку сте најнепродуктивните луѓе на светов? Која е поентата во тоа на сила да се правиш прост и да живееш без разумна цел?
Не,туку тоа значи дека обожавам да ги разглобувам работите до деталји.
И зошто си запнала со таа непродуктивност,не те разбирам.
Ако веќе мора да го разгледуваме тоа,не сум непродуктивен(од општествена гледна точка,мада шо тоа не ми е толку битно).Одам на факултет,испитите ми се положени...а тоа е тоа што треба да го правам на 19 години.Каква останата,црна продуктивност е потребна?
Да се занимавам со политика?
Да гледам телевизија и да се трујам со срањата од медиумите?
Да одам на балови?:):)
Не фала,подобро ми е да седам со друштво,и да филозофирам.
Па ако треба,нека бидам сметан за непродуктивен поради тоа,јас во секој случај ќе се чувствувам добро.
 
Напишав лохично,пошто така викаме во Велес и тоа ми е навика,а не за да испаднам фраер.
Уствари,како може да бидам фраер,ако намерно напишам некој збор погрешно?
Со повеќе потези ти се гледа токму тоа, но не е темава за тебе, да не навлегуваме. Иначе извини што помислив дека го згреши зборот, ама не знаев дека токму тој збор некаде е видоизменет. Нелогично звучи како таков ...:toe:
Не,туку тоа значи дека обожавам да ги разглобувам работите до деталји.

И зошто си запнала со таа непродуктивност,не те разбирам.
Ако веќе мора да го разгледуваме тоа,не сум непродуктивен(од општествена гледна точка,мада шо тоа не ми е толку битно).Одам на факултет,испитите ми се положени...а тоа е тоа што треба да го правам на 19 години.Каква останата,црна продуктивност е потребна?
Да се занимавам со политика?
Да гледам телевизија и да се трујам со срањата од медиумите?
Да одам на балови?:):)
Не фала,подобро ми е да седам со друштво,и да филозофирам.
Па ако треба,нека бидам сметан за непродуктивен поради тоа,јас во секој случај ќе се чувствувам добро.
Не сум запнала со непродуктивноста колку што се сеќавам јас, прв пат те прашувам. А за тоа што треба да правиш на 19 години, јас неможам да ти кажам, имаш ваљда родители по дома. Сигурно не да се опушташ со трева со која ќе се утешиш за тоа што неможеш да го имаш како сите други. А не дека не можеш, туку полесно е бегањето од соочувањето. Годините воопшто не се малку и за потценување, за да мислиш и кажуваш како имаш исполнет живот со сите положени испити. :toe:
 
И тоа те прави крајно какосакашнаречисе пред другите. Пример, пишуваш "лохично" наместо "логично" и мислиш дека испадна фраер, а всушност си патетично смешен.
А во врска со интересната работа... значи ли тоа дека признаваш колку сте најнепродуктивните луѓе на светов? Која е поентата во тоа на сила да се правиш прост и да живееш без разумна цел?
:pos2:какосакашнаречисе :icon_lol: Дивајн, те поштуем! :back: Он топик: Фабулозен, види бачко... Ако сакаш да ги разгледуваш работите до ситници, земи си микроскоп и го имаш истиот ефект. Не мора да се дрогаш. Т.е. можеш, али и не мораш. Сепак, негативностите кои ганенцето ги носи и кои бај д веј, можат да те однесат до бал на вампирчиња, можат да направат да ти се залудни положените испити. Ако ме сфаќаш... А ова со медиумиве и филозофијава, те разбирам... Они да не беа, никој немаше да дува, мамата!
 
Сигурно не да се опушташ со трева со која ќе се утешиш за тоа што неможеш да го имаш како сите други.
Прво,по не знам кој милијардити пат-ако имаш проблеми,неможеш да се опуштиш со трава.Тоа е само мит.
Реалноста е дека,ефектот на травата го амплифицира конфликтот во главата,и на крај се чувствуваш многу полошо од претходно.
А не дека не можеш, туку полесно е бегањето од соочувањето.
Не бегам од ништо.
Ако беше така,немаше да го водам разговоров со тебе и ќе се срамев од самиот себеси и мојот живот.
А колку и да не ти верува,прилично сум задоволен со него.
Годините воопшто не се малку и за потценување, за да мислиш и кажуваш како имаш исполнет живот со сите положени испити. :toe:
А зошто да не ми е исполнет?
Факултетот е само дел од факторите(а го дадов како пример,бидејќи ме прашуваше за продуктивноста).
Секој бара начини за комплетирање на самиот себеси.
Јас го имам мојот(и не мислам на дување марихуана),и тоа ми е доволно.
И среќен сум што моите начини не повредуваат други личности и не им влијаат негативно на животот-напротив.Потребно е нешто повеќе од тоа(барем за овие 19 години)?
:pos2:какосакашнаречисе :icon_lol: Дивајн, те поштуем! :back: Он топик: Фабулозен, види бачко... Ако сакаш да ги разгледуваш работите до ситници, земи си микроскоп и го имаш истиот ефект. Не мора да се дрогаш. Т.е. можеш, али и не мораш. Сепак, негативностите кои ганенцето ги носи и кои бај д веј, можат да те однесат до бал на вампирчиња, можат да направат да ти се залудни положените испити. Ако ме сфаќаш... А ова со медиумиве и филозофијава, те разбирам... Они да не беа, никој немаше да дува, мамата!
Дај молимте:back:
 
Како влијае марихуаната на здравјето е јасно,исто како алкохолот и цигарите.Само разликата е во тоа што ако од узо преминеш на ракија или од родео на вест,ти е исти к*рац во различно издање.Но од марихуана на екстази или хероин воопшто не е интересно.Оној што често пуши марихуана никогаш нема да се убеди,дека некогаш ќе земе нешто појако,за освежење.Од земја да се мавнеш нема да му објасниш,едноставно таква е моменталната перцепција на работите.Кога ќе се фати сам во состојба да не ги чувствува ефектите на марихуаната,можеби ќе подразмисли дека е време за пауза или намалување на конзумирањето.Лошо е да не свати дека е време да прекине,многу убави деца,интелегентни,полни со иднина не сватија.На таа возраст од 16-20 е многу ефектно да се разбираш од таа проблематика,да делиш совети за виткање,за снабдување,фраер ипол.Но подоцна сето тоа изгледа смешно.Затоа оние кој се фатиле на орото,треба што поскоро да сватат дека има милион и еден начин да се расположиш и смееш за глупости исто како да си напафкан.Еве заменете го еден џоинт денес со неспиење од 24 часа во пријатно друштво кое наликува на вас,ќе видите какви ефекти има,потполно исти без последици.Не страшно да запалиш понекогаш,страшно е да се навлечеш на тоа,а психичката зависност која ја предизвикува е најлоша,исто како цигарата и коцкањето.Пострашно е што преминот од една на друго опојно средство е премин со едната нога во гроб.Многу е убав животот за да се уништи со непромислени потези кој во прво време изгледаат како да му се случуваат на друг,а потоа ви маваат шамар да ве потсетат дека сте претерале.
 
Добро луѓе што све се запнале толку за мозокот.Марихуаната е штетна општо врз целата човекова свест.Пример сум видел како раскинуваат цели сериозни врски заради нејзе.

сигурно не се скарал тој шо ја употребува марихуаната зато шо му влијае на мозокот и свеста туку другата страна се скарала затоа шо му смета тоа и знај дека е штетно...има разлика...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom