Како телевизијата ги уништува жените

Така да, ако сметаш дека може да го смениш севкупниот светски поредок, повели. :)


Баш убаво си објаснил човекот за еден вид масовно перење мозок , а искрено ок е шо си модератор и сл. ама ова е форум и е наменет за коментирање , не тргна никој од нас сеуште да го мења светот :salut:
 
Телевизијата подеднакво ги ништува и мажите и жените,жените мора да исполнуваат ИСО стандарди да бидат слаби,убавко стомаче и цице...е а мажите мора да имаат автомобил,ако не тоа...барем троа мускули-тие кои немаат предиспозиции за бодибилдинг забегуваат по политика...а најтешки психопатологии се квазидокументарците и комерцијалните заговори.
 
телевизијава ги затупува мажите и жените... нездрава работа е дефинитивно.. како шо кажа смарт ес треба некои си ИСО стандарди да имаш бла бла бла.. знаете шо е по трагично од ова.. телевизијата ја затупува и младината... :S децата пред се... се и свашта се прикажува по телевизија и шо треба и шо нетреба разни хорор филмови, порничи шо почнуваат у 00:00 и не каснат, ТЕЛЕТАБИСИ на времето шо имаше па благодарение на нив имаше и деца шо рипаа у шахти и слично... Но не е само телевизијата.. тука е и интернетот!!! пред некое време дојдов до информација направена преку анкета на што помислувате прво кога нешто незнаете... имаше некои кои дале одговор ко ус тил ке се информирам преку енциклопедии од типод 1000 зашто 1000 затоа имаше некои ке побарам одговор од родителите и имаше ОГРОМНА бројка кај што им текнуваше на интернет најпрво... Ок на интернет можеш да надјдеш секакви информации но жалосно е шо не се трудат луѓево да ги научат туку ги исцрпуват информациите додека им требаат и после буквално ги бришат од мозок...

според мене нај затупувачки сајтови се хај фајф и фејсбук... <--- фејсбук на прво место го ставам дефинитивно!!!
 
Телевизијата е прозорец кон светот.
Интернетот не знам, сигурно и тоа инаку дискусиите овде ќе беа од по 2 збора, посебно без википедија и некои срч сајтови.

А пренос на фудбал пере мозок?
 
Фудбалот е за мажи. А според насловот, ние, мажите сме имуни.
Телевизијата ги уништува жените! И само жените!

:ojea:
Е тогаш се извинувам, сум превидел пол :wink:
А можда несвесно сум сакал да ги оправдам жените, премногу се напаѓани у последно време.
 
Е тогаш се извинувам, сум превидел пол :wink:
А можда несвесно сум сакал да ги оправдам жените, премногу се напаѓани у последно време.
Ма нееее.
Оти така мислиш?
Жените се пички кои имаат една мозочна клетка поделена на оддел за домакинка, оддел за секс и оддел за перење мозок, пошто очигледно женската популација не е ни малку имуна на било каква пропаганда.Мажите од друга страна се недопрени со тие работи.Нив телевизијата не им влијае.Тоа може да се забележи затоа што се исти како и пред популаризацијата на телевизорот како медиум.


Дека телевизијата влијае навистина е многу познато, но е и неизбежно.Некои луѓе и воопшто да немаат телевизори ке потпаѓаат под некое друго влијание.Едноставно мораат од нешто да земаат пример во недостаток од сопствени идеи или пак несигурност, па одат на ,,безбедната варијанта,, и во разговорите уфрлаат реплики од омилената серија до таа мера што разговорот со нив наликува на некое излитено Холивуд сценарио.Значи не е телевизијата виновникот, таа е само средството.
 
Телевизиската програма доминира со теми кои ги дестабилизира жените и тоа секојдневно. Системот користи, драми, филмови, музички видеа, документарци, комедии итн. за свеста да им ја морализира, во етичка и интелектуална свест. Но тоа е сосема нормално, програмите се базираат на фикција и ја имаат најголемата влијателност на потсвеста.

Доколку на пример Betty од Desperate Hosewifes нон стоп заведува мажи и со секој маж скока во кревет, тоа е еден вид пример. Ако репортажи расправаат за жени со големи кариери, како тие ангажираат други жени да им родат деца поради тоа што тие немале време или ги мрзело, и тоа станува исто како пример. Ако гледаме емисии за проминенти, не известуваат како си ги наполниле нивните усни, цицките со силикон или си го оперираат стомакот, поради тоа што им биле „грозни„, и тоа е пример.

Доколку ги гледаат оние емисии каде укажуваат, како треба да биде изгледот на една жена за таа да биде модел, дека мора да ги исполнуваат следните критериуми : слаби, високи, со големи цицки и дека само по тој пат можат да станат модели, и дека така се претставува идеалната слика за жената, и тоа е исто пример.

Кога се известува за наводниот-живот на безвредната, афектирана, вештачка барби-кукла Paris Hilton и перманентно за секоја ситница, тогаш тоа станува исто пример. Ако гледаме репортажа како лезбејките вештачки се зачнуваат за да не мора да скокаат во кревет со гадните мажи за да се множат, и тоа е исто пример. На сите канали зрачи истата негативно и апсурдна загадена порака. Мора да се каже доволно разбирливо, народот мора да свати дека тоа е сосема нормално и природна биолошка улога на жената.

Иако нормално нели гледачите тврдат дека можат да ги распознаат глупостите, но нашата подсвест не може да ја распознае фикцијата и реалноста. Ако се отвори еднаш вратата во подсвесноста, тогаш течат ненормални идеи и пораки на извртеното телевизиско ѓубре и тоа останува засекогаш во мозокот. Покасно нашите сеќавања, одлучувања и дејствувања се базираат врз база на цинички фантазии, а не на личната реалност кај секој еден од нас.
tvkradezeni.jpg

Да ги погледнеме програмите на телевизиите во весникот и ќе видиме, програмата е направена само за како кувања, Reality TV, како се реновираат куќи, трачеви, глупости како на боки 13ка, пеење и играње, љубов, фамилијарни експерименти, глупави поп видеа итн. Нормално има и спортски емисии, криминални и акција филмови за нормалниот човек, но тоа се само трошки. Исто така сосема е лесно еден маж со едно скопско и еден акција филм да го смириш. Така е барем кај мене. На жените им е потребно тука нешто многу „покултивирано„.

Системот ги одбира прво најслабите жени, работната класа кои се помалку образовани и имаат мала плата, кои не се толку во состојба критички да размислат. Во денешното време може и тој што заработува малку да си купи некои работи за забава. Оваа принуда за одвраќање на вниманието на оваа демоскопска група се посилно и поагресивно се искористува. Им се нуди наводно избегување на досадниот живот, во еден волшебен свет, убавини и доживувања. Оваа програма на тоа ниво многу лесно може да се препознае.
За повисоката социјална скала, која е подобро образована и можат да си дозволат да потрошат повеќе пари, програмата нуди попаметно за срамниот заведувачки инстинкт како што се страв, љубомора, мерак, самоказнување итн. Тоа се класични заведувања за стареење, убавина, романтизам и целиот материјализам и скапи марки Gucci, Nike итн. сето тоа се работи кои феминизмот ги закопува креативноста и целиот идентитет кај жената. Со оваа вештачка незадоволност којa е создадена, дава системот едно силно ама погрешно прифаќање на социјалниот Дарвинизам, посилниот преживува на кој интелигенцијата, шармот и достоинството го уништува.
setanjezeni.jpg
Феминистичкото движење, кое е предводено посебно од силната елитна група, големите концерни и државата ја финансираат, продуцира и контролира, се изјаснува за ова уништување на нормалната женска улога, во верување дека се презентира некоја различитост кај половите. Навистина нивната цел е жените да ги натера да бидат против мажите и да ја растурат фамилијата. Нашето општество треба да се состои само од егоистички, себични индивидуалци кои се уствари безпол, кои преку купување си го задоволуваат своето его и да се создадат најдобрите потрошувачи со кои би можело лесно да се игра и манипулира.

Погледнете околу себе и ќе ги видите жените кои целиот ден преку телевизијата, но и преку сите други медиуми им ги перат многу повеќе мозоците одколку на просечните мажи. Контролорите на општеството разбират дека со тоа прекинување, се содржи природниот инстинкт и енергијата во жената и во фамилијата, преку замајување на еманципација и на една „кариера„ и тврдењето дека тоа е нешто за кое треба да се бори, можат на народот да им продаваат многу повеќе продукти, може да се остават да работат и со тоа да им собира на народот повеќе данок. Жените не приметуваат како несамоволно ги поробуваат. Класичното, драгоцено партнерство кое илјадници години функционираше најдобро, каде секој неговите природни способности ги имаше и ги исполнуваше неговите работи, кое последните 50 години конзеквентно и свесно се уништува.

orvel.jpg
Фрапантно одвивање кое потсеќа на George Orwells 1984. Во тој роман ја принудува „партијата„ на една анти-сексуалност кај членовите, каде сексуалните врски, лојаноста кон партијата беше „закопана„. Љубов помеѓу мажите и жените забрането. Во третиот дел од книгата раскажува O’Brien на Wilson, дека за мозокот бараат пат по кој би се отфрлил оргазамот, за да би можеле да ги потиснат поранешните инстинкти.
Во еден свет, во кој телевизијата ги мотивира жените да се откажат од нивниот феминизам и да бидат како мажите
, ја гледаме континуираната ерозија на семејството, смешни битки помеѓу половите, неверојатен егоизам и длабока фрустрација и кризата на идентитетот кај жената.
britney.jpg
Еден пример за тоа е самоуништувањето од Britney Spears, која уствари има „сè„ светска кариера, милиони во банката, успех и покрај сите тие работи е несреќна, целосно преоптоварена и збунета, која се расипува со алкохол и дрога, нејзиниот маж и бебе ги напушти и на крајот падна во психијатриска клиника.
Преку ова перманентно негативно влијание и лошите примери, не сакаат жените да имаат фамилија и деца, или ги напуштаат нивните семејства, нивните сопрузи и нивните деца за нивниот егоизам да го изживеат и „да се докажат себе си„. Затоа никогаш во историјата немало толку многу разведувања и самохрани татковци кои се грижат сами за децата, додека мајката бега од одговорноста и лета во некоја илузија. Жените го прават потполно истото што го прават и мажите, само што последиците за себе и децата се многу полоши. И зошто ? За некоја си кариера ?

Оваа бесмисленост е најдобро прикажана во филмот „The Devil Wears Prada„. Актерката Merill Streep ја игра сцената на една бесчуствителна, немилосрдна ладна шефица, која иде преку гроб и се понаша спрема нејзините работници како да се некои робови. Ниеден маж не може да си да си дозволи да е како неа. Во нејзиниот живот има само една цел, да успее да создаде едно ново американско модно списание. На крајот од филмот седи сама во нејзината лимузина и ја реализира нејзината празнина во животот. Таа се разведе со 5 мажи, нема никој што ја сака, нејзините две деца никогаш не ги гледа и тие не сакаат ништо од неа да знаат, сите соработници се плашат и ја мразат, никој не чека на неа, таа нема ништо друго освен материјално богатство и една вообразена кариера која постои само од интрига, лаги, силна моќ, и живее во еден лажен свет.
stripprada.jpg

Но таа е само вработена и порано или покасно ќе и удрат клоцата, доколку концернот одлучи да вработи помлада и поевтина работна рака. И затоа се жртвуваше ? За едно, во човештвото потполно неважно, банално, површно модно списание, кое ја има целта жените уште повеќе да конзумираат глупости, уште повеќе суета и уште повеќе да подржува едно робовладетелство? Притоа да биде шефица на едно модно списание е веќе „повисоко ниво„ за една жена, но и тоа е безвредно, поради тоа што кога ќе наполни 50 и е истрошена, кога и поминал биолошкиот саат, ќе остане без ништо, никој не сака повеќе да ја сака и буквално се беше за џабе.

Кој го гледа ова како добро и затоа ги остава сите убавини помеѓу мажот и жената и ја остава фамилијата и децата, тој незнае зошто се работи во овој свет, тој не е нормален и го ослепила секојдневната пропаганда.
Се разбира дека и ние мажите сме криви за овој погрешен развој, во кое за битната улога на мајката поставуваме висок рејтинг за воспитувањето на децата и приоритетот за заштита на една хармонична функционална фамилија која може само жената да ја создаде, да се цени доволно, пофалува и наградува. Затоа мора и ние да ја чукнеме лејката, поради тоа што таа задача на жената е многу поважана и посмислена од се друго.



Најдобро е да се ограничи драстично ова негативно влијание на медиумите и специјално за телевизиите и да се поосвести за исполнет фамилијарен живот. Мора тоа агресивно прогонување и перење на мозокот кое донесува за сите само, уништивање и несреќа да се прекине и тој отров на системот од фамилијата и врската да се искорне.Всушност тоа е многу едноставно, поминете повеќе време еден со друг и зборувајте заедно... извадете го штекерот и фрлете го телевизорот, лажливата пропагадна машина од прозорец.
http://bumerang.blog.com.mk/node/205942

Ок малце беше иронично што ги напаѓаш феминистите во овој пост бидејќи твојов текст горе беше типично феминистички. Заедно со одговорот што му го даде на човекот кој праша "А каде се мажите"...а ти рече горе се...како што гледам горе имаш само една реченица и тоа не баш позитивна.

#1 Причината зашто телевизијата се фокусира на жените како публика е затоа што жените донесуваат одлуки за тоа што треба да се купи ([FONT=arial,helvetica,univers]Women earn less money than their counterparts -- 78 cents for every dollar a man gets. But they make more than 80% of buying decisions in all homes од http://www.businessweek.com/bwdaily/dnflash/feb2005/nf20050214_9413_db_082.htm) Затоа и повеќе од рекламите се наменети за женска популација.

[/FONT]Луѓево што ги прават телевизискиве програми го знаат многу добро ова...и ќе направат се за да создадат таква содржина што ќе ги држи жените залепени за екранот (пример: америчине серии со причина ги прават жените да бидат паметните и рационални суштества додека мажите манијаци, кретени и тн, на пр. "Како ќе каже Џим") Ова им дава чувство на супериорност на повеќето жени и ги држи пред екраните. Исто и шпанскиве/турскиве серии..примарно жени ги гледаат (најдов од http://www.answers.com/topic/soap-opera ова: Although broadcasting was an industry dominated by men for most of its early history, the soap opera was designed for women and women were frequently employed to create, produce, and write them.)

Се согласувам за феминистите...една од нивните цели е да го уништат семејството (и мажите).

За друго незнам...повеќево од постов ти беше субјективно мислење...крајната порака ти е супер итн итн :P Само знај дека не им е главната улога да ги упропастат жените него знаат дека главно жените се потрошувачката сила денес и се фокусираат на нив. имаш лоши работи како што ги спомна горе имаш и добри работи (рецепти на тв итн).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom