Како си го дигате...

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
...расположението?:)

Кога сте депримирани, изморени, разочарани, што се правите за да си го дигнете расположението?
Дали слушате музика, цртате, разговарате со пријателите, јадете неконтролирано или едноставно останувате депримирани и повлечени?

Јас кога сум во некоја таква lazy-mood состојба најчесто знам да откачам некоја стара ама енергична песна која веднаш ме крева на нозе и ми дава доволно сила за да продолжам со секојдневните обврски.
 
Секое тело, кое се разгледува како материјална точка, ја задржува состојбата на мирување или рамномерно праволиниско движење се дотогаш додека некое друго тело не го принуди да ја промени таа состојба.

meaning: чекам надворешни влијанија да го сменат моето расположение...дотогаш останувам down
 
Пуштам клипчиња од К-15 :pos:
типците се луди,не моеш да не се насмееш,и да не се расположиш:pos2:
 
седнуам пред компјутер си пуштам добра музика и си кулирам со разговор на емесен
 
До пред некое време се смируваше со Др. Хаус ама откако го изгледа исто како и порано па и сеа со некој добар филм ке го спуштам ке го изгледам и се ми пуно рамно.
 
И по темперамент а и онаков каков што си сум, сум троа комплициран... значи брзо потонувам во депресија, а потоа брзо и излегувам, само што некако down периодите се обидуваат да ме уништат - не им се давам де :D инаку за ситници се онерасположувам ама и за ситници се радувам, и хороскопски така ми е, мора се да биде испланирано и под конец, страшно ме нервира и депримира хаосот и отстапките од плановите а знаеме... домашен есап на пазар не оди, е така и плановите кои како по обичај доста често не излегуваат, но тој е животот како што ни приредува некои тажни моменти исто така ни дава и некои за радување - ќе спомнам уште една мисла, кога ти ја затвора вратата - ти го отвора прозорот, држете се до него или барем обидете се да го видите онаков отворен само за вас, уживајте во тоа.

И да бидам он... топик да си кажам дека ми го дигаат убави... нешта.
 
Најефикасно со физички активности, спорт. Или викенд на планина како најдобар избор за подолготрајно подобрување на расположението :)
 
седам на компјутер и барам нешто интересно на youtube, читам вицеви или одам надвор на воздух трчам
 
Си пуштам добра музика која може да ме расположи и секако благо до мене:vozbud:
 
слушање музика, можда некоја добра книга или ќе искочам со друштвото, најдобар начин секогаш можат да ве расположат и насмеат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom