Идеално Лоша
(more human than human)
- Член од
- 8 февруари 2013
- Мислења
- 118
- Поени од реакции
- 106
- Возраст
- 38
Како си го шпионирам сопственото дете и се препотувам од климакс.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Со мини пивско стомаче,седнат во камион Ивеко Стралис,и пичам накај Низоземска.Сам,без никој..
Со витлери на глава и мрсна коса, облечена во тегет абибас долни тренерки купени на картонските тезги пред влезот на Зелен пазар, целите растегнати и флекосани од манџи и лилјаков рачно плетен џемпер со копчиња, а ако биде поладно врз него и бел волнен елек, исто така рачно плетен (поклон од свекрвата за Осми март).
По цел ден ќе гледам реалити шоуа, турски серии и Звезде Гранда и ќе му звоцам на муж ми дека е неспособен дибек, ќе им раскажувам на децата како мене на времето сите ме сакале, и ќе се јадам жива што не сум се омужила за Ристе кој ме симпатишал во седмо одделение а сеа има аутомеханичарски сервис и и` плаќа чистачка на жена му, или за Трпе од маало што ми се пуштал во прва средно а сега е главен буџа у партија и и` отворил козметички салон на жена му и ќе ја советувам ќерка ми да отвори очи коа ќе се мужи да не заврши како мене.
Ќе одам до продавница по калчунки и папучи и ќе ја оговарам комшиката Жаклина дека не е добра домаќинка затоа што еднаш сум го видела маж и` неиспеглан и плус за ланската Нова година не ги погодила сармите и нонстоп ќе кенкам дека денешната младина не ја бива за ништо и дека во мое време се знаело ред.
Главна животна амбиција ќе ми биде да се јавам во квизот на Драган Вучиќ (да, Дракче и по 20 години ќе води квиз за турските серии), да ги одговорам точно сите прашања и да ја добијам главната награда - миксер со три додатоци и кило Паскалин кафе. Помислата дека можеби тоа ќе се случи баш денес ќе ми биде ѕвезда водилка и ќе ми дава мотив и волја секое утро да се разбудам и да станам од кревет.
Ќе пушам по три кутии 57 -мица и во џебот од џемперот ќе носам пагурче со ракија која исто како и тренерките ќе ја купувам од Зелен пазар. И секогаш кога ќе ми текне на моите младешки идеали и желби, кисело ќе се насмевнам, ќе запалам цигара и ќе потегнам една добра голтка од ракијата.