Како се замислувате по 20 години?

  • Креатор на темата Креатор на темата kity_cat
  • Време на започнување Време на започнување
Како си го шпионирам сопственото дете и се препотувам од климакс.
 
не можам да се замислам... o_O можеби сум липсал... :eek:
 
За 20 год.(ако сум жив:icon_mrgr:) ќе имам 46 год. (пола век старост) !
Со оглед на тоа што во ниту едно поле во животот не одам напред најверојатно така ќе биде и тогаш ... кафето, кутијата цигари и пепељарата на биро, цигарата во уста а рацете на тастатура ... а не овој компјутер ќе го мавнам до тогаш, тогаш ќе имам гарант лаптоп, ајпод и некој нормален автомобил(на 4 тркала) ...
Кучево што го имам сега до тогаш ќе биде починато така да сигурно ќе имам некое друго куче ...
До тогаш белким и ќе си фатам дечко упс девојка де ... :icon_mrgr:
 
Со витлери на глава и мрсна коса, облечена во тегет абибас долни тренерки купени на картонските тезги пред влезот на Зелен пазар, целите растегнати и флекосани од манџи и лилјаков рачно плетен џемпер со копчиња, а ако биде поладно врз него и бел волнен елек, исто така рачно плетен (поклон од свекрвата за Осми март).
По цел ден ќе гледам реалити шоуа, турски серии и Звезде Гранда и ќе му звоцам на муж ми дека е неспособен дибек, ќе им раскажувам на децата како мене на времето сите ме сакале, и ќе се јадам жива што не сум се омужила за Ристе кој ме симпатишал во седмо одделение а сеа има аутомеханичарски сервис и и` плаќа чистачка на жена му, или за Трпе од маало што ми се пуштал во прва средно а сега е главен буџа у партија и и` отворил козметички салон на жена му и ќе ја советувам ќерка ми да отвори очи коа ќе се мужи да не заврши како мене.
Ќе одам до продавница по калчунки и папучи и ќе ја оговарам комшиката Жаклина дека не е добра домаќинка затоа што еднаш сум го видела маж и` неиспеглан и плус за ланската Нова година не ги погодила сармите и нонстоп ќе кенкам дека денешната младина не ја бива за ништо и дека во мое време се знаело ред.
Главна животна амбиција ќе ми биде да се јавам во квизот на Драган Вучиќ (да, Дракче и по 20 години ќе води квиз за турските серии), да ги одговорам точно сите прашања и да ја добијам главната награда - миксер со три додатоци и кило Паскалин кафе. Помислата дека можеби тоа ќе се случи баш денес ќе ми биде ѕвезда водилка и ќе ми дава мотив и волја секое утро да се разбудам и да станам од кревет.
Ќе пушам по три кутии 57 -мица и во џебот од џемперот ќе носам пагурче со ракија која исто како и тренерките ќе ја купувам од Зелен пазар. И секогаш кога ќе ми текне на моите младешки идеали и желби, кисело ќе се насмевнам, ќе запалам цигара и ќе потегнам една добра голтка од ракијата.
 
појма неам и сега живеам од денес за утре :) само знам дека ќе си чувам брада :D
 
Па за 20 години се гледам како веќе МНОГУ млад пензионер кој до тогаш се надева дека ќе си го среди животот и од тоагаш па натаму ќе ужива во животот со својата фамилија,ќе шета по кафеани,ќе го шета светот,ќе вози велосипед,планинари..а и нема да биде на одмет некојa помлада дадичка за младиот пензионер :)
 
Со мини пивско стомаче,седнат во камион Ивеко Стралис,и пичам накај Низоземска.Сам,без никој..
 
Јас ПРВ а останатите позади мене. И плус ке ги заебавам оти не се пријавиле пред мене во Агенцијата за вработување.
 
Со витлери на глава и мрсна коса, облечена во тегет абибас долни тренерки купени на картонските тезги пред влезот на Зелен пазар, целите растегнати и флекосани од манџи и лилјаков рачно плетен џемпер со копчиња, а ако биде поладно врз него и бел волнен елек, исто така рачно плетен (поклон од свекрвата за Осми март).
По цел ден ќе гледам реалити шоуа, турски серии и Звезде Гранда и ќе му звоцам на муж ми дека е неспособен дибек, ќе им раскажувам на децата како мене на времето сите ме сакале, и ќе се јадам жива што не сум се омужила за Ристе кој ме симпатишал во седмо одделение а сеа има аутомеханичарски сервис и и` плаќа чистачка на жена му, или за Трпе од маало што ми се пуштал во прва средно а сега е главен буџа у партија и и` отворил козметички салон на жена му и ќе ја советувам ќерка ми да отвори очи коа ќе се мужи да не заврши како мене.
Ќе одам до продавница по калчунки и папучи и ќе ја оговарам комшиката Жаклина дека не е добра домаќинка затоа што еднаш сум го видела маж и` неиспеглан и плус за ланската Нова година не ги погодила сармите и нонстоп ќе кенкам дека денешната младина не ја бива за ништо и дека во мое време се знаело ред.
Главна животна амбиција ќе ми биде да се јавам во квизот на Драган Вучиќ (да, Дракче и по 20 години ќе води квиз за турските серии), да ги одговорам точно сите прашања и да ја добијам главната награда - миксер со три додатоци и кило Паскалин кафе. Помислата дека можеби тоа ќе се случи баш денес ќе ми биде ѕвезда водилка и ќе ми дава мотив и волја секое утро да се разбудам и да станам од кревет.
Ќе пушам по три кутии 57 -мица и во џебот од џемперот ќе носам пагурче со ракија која исто како и тренерките ќе ја купувам од Зелен пазар. И секогаш кога ќе ми текне на моите младешки идеали и желби, кисело ќе се насмевнам, ќе запалам цигара и ќе потегнам една добра голтка од ракијата.

Место да се каеш што не си се омажила со Ристе од основно или Трпе од средно, или некој ист таков дибек, превземи нешто во твои раце. Земи ти имај козметичарско студио, а на маж ти отвори му аутомеханичарски салон, или биди главна у партија и плаќај некој да ги цепи дрвата место маж ти, па и Ристе и Трпе и Петко и Станко да викаат, што и раскинав на онаа у основно и средно, сеа немаше да одам по опинци до продавница и да работам во комуналец. Па можеби место да вртиш кај Драган Вучиќ на емисија, ти ќе бидеш гостинка во некоја емисија за мода и убавина и ќе делиш некои си совети.

Нека престане да ви биде крив вашиот неспособен дибек, свекрва или вашиот лош избор. Секој си е виновен за своите постапки и ќе си ги сноси последиците од истите.

И да не сум офтопик, за 20 години се замислувам како деловен човек кој ќе има малце капитал за да не му с*ере жената по дома и да не го обвинува дека он е крив за цела нејзина мизерија :D
 
Па со милион евра во банка,да го дигнеме персоналниот тренинг на ниво,да живееме во некоја Доминиканска Република,да ги переме таму парите на велико и секако некоја доминиканка да играме бачата цела вечер :).
 
Безобразно богат успешен млад пензионер во своите рани 40ти години, легнат под некоја палма покрај море, а до мене 3 прекрасни бугарки ми го прават меракот. Лезет. :)
 
Ако сум жив до тогаш, оженет со две деца, небитно дали машки или женски нека се живи и здрави.
 
Se zamisluvam u Abu Dabi na palmata od gore
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom