Ти беше одговорено за училиштата претходно, нема потреба да создаваш безполезна тема за “бугарските училишта“ во склоп на оваа тема.
Најголемиот дел од училиштата си биле македонски, и пред егзархијата, но вие обичате да си ги нарекувате “бугарски“.
Ништо не променува ова што си го закачил, освен што ја намалува прегледноста и редоследот на дискусијата.
Имаш многу прашања на кои треба да одговориш, затоа не купувај време со надеж дека ќе ги запоставиме претходните аргументи.
За да не бидам после “лошиот модератор“ за да имаш изговори дека си бил бришен, држи се до оваа тема и почитувај го редоследот на реплики до тебе.
П.С. И не губи време да ми приговараш и филозофираш па да изгубиме наредни две страни беспредметна дискусија.
--- надополнето ---
Бидејќи чувствувам одговорност да не те оставам без одговор што ти ќе си го протолкуваш потоа како твоја предност, сакам само на кратко да ја објасниме бугарската пропаганда преку училиштата финансирани од Бугарија и вистинскиот интерес на Македонците кој се обидуваш да го прикажеш согласно твоите великобугарски тенденции.
За неуспесите на бугарската пропаганда во Македонија, во 19 век, говорат патеписите напишани од бугаринот од гр. Враца, Васил К'нчов . Тој во последните децении на 19 век работи како главен училишен инспектор за бугарските училишта во Македонија, директор на гимназиите и училиштата во Солун и Сер, а подоцна станал и министер за образование на Бугарија.
Иако бугарската пропаганда вели дека Охрид бил центар на бугарската преродбенска борба во 19 век, град со најголем број бугаромани во Македонија, всушност, тоа е само една бугарска пропаганда, такво нешто немало. К'нчов вака ја опишува бугарштината во Охрид во последната деценија на 19 век:
"Бугарската општина во Охрид (1893/1894 г.) едвај дише. Таа делува повеќе на име, отколку на дело, зошто никаква дејност не се забележува. Од пред 2 години не е преизбрана. На заседание се собираат едвај по 3-4 души и пак ништо не се работи, оти општинските работи се сосема занемарени. Општината секоја година ги кани граѓаните да се соберат, но никој не доаѓа" (
Васил К'нчов, П'туване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско 1894 г., Избрани произведенија. Том I. Издателство 'Наука и изкуство', Софија 1970, стр. 451).
Извор на бугарски:
Б'лгарската обштина в Охрид днес едвам диша. Тја с'штествува повечето на име, отколкото на дело, заштото никаква дејателност не се забелјазва. От две години вече не е преизбирана. На заседание се с'бират едвам по 3—4-ма и пак ништо не се в'рши, заштото обштинските работи са с'всем занемарени. Обштината всјака година кани гражданите да се с'берат, за да обмислјат в'рху окајаното положение на училиштата, но никој не се оканва. Промјаната в 10—15 години е толкова голјама, штото не може сравнение да се прави.
http://www.kroraina.com/knigi/vk_1/vk1_b_9.html
Заинтересирани можат на линкот од погоре да ги проверат македонските преводи.
Секаде кога во своите патеписи ги опишува
бугарските општини по
Македонија, К'нчов дава иста бројка на "општинари",
по 3-4 луѓе кои за својата пробугарска активност
добивале плата од Бугарија. Но, иако плаќани од Софија, К'нчов опишува дека бугарските општинари во Македонија своите деца "ги даваат на грчко образование...
Во Сер (1893 г.) има 4 души бугарски општинари чии што жени не стапнуваат во бугарска црква. Еден таков случај видов и во Неврокоп" (
Васил К'нчов, П'туване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско 1894 г., Избрани произведенија. Том I. Издателство 'Наука и изкуство', Софија 1970, стр. 253). Како што гледаме, дури и оние Македонци кои работеле за бугарската егзархија, своите деца ги праќале по неегзархиски училишта.
К'нчов ги обвинува македонските жени дека биле антибугарски настроени, со мисла дека "
се' што е бугарско е просто, долно, грубо и недоделкано" (
Васил К'нчов, П'туване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско 1894 г., Избрани произведенија. Том I. Издателство 'Наука и изкуство', Софија 1970, стр. 252).
Бугарштината немала никакви приврзаници ниту во пиринска Македонија и денешна источна Македонија во 19 век,факт кој К'чев прикриено ни го разоткрива во своите патеписи; дури имало повеќе гркомани или протестанти отколку бугаромани.
Кога пристигнал К'нчов
во Горна Џумаја (денес Благоевград, центарот на Пиринска Македонија),
горноџумајци го пријавиле на локалниот кајмакам со обвинувања дека тој бил агент на бугарската влада, дека цртал планови на градот и ја опишувал околијата, при што турската полиција го уапсила (
Васил К'нчов, П'туване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско 1894 г., Избрани произведенија. Том I. Издателство 'Наука и изкуство', Софија 1970, стр. 167).
За пиринските Македонци од гр. Мелник, К'нчов заклучува дека бил гркомански град, каде дури и дома Македонците (кои тој ги нарекува бугари) говореле грчки. Во Мелник покрај домородните жители, најбројни во 1894 г. биле бегалците од гр. Негуш, егејска Македонија, од македонското племе пуливаци "(
Васил К'нчов, П'туване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско 1894 г., Избрани произведенија. Том I. Издателство 'Наука и изкуство', Софија 1970, стр.141).
Петричаните повеќе биле "славјански" па како опишува К'нчов "имат 16 ц'ркви, от които в 14 се служи сега по славјански и в две по гр'цки, именно в малката градска и в ц'рквата на селото К'рнилово".
------------------------------------------------------------------------------------
Преземено од следната тема:
http://forum.kajgana.com/showthread.php?43867-Бројот-на-бугарофилите-во-Македонија-во-19-век&
Значи ете колку Македонците биле жестоки “Бугари“ сведочи најголемиот тогашен бугарски пропагатор кој бил задолжен за Македонија.
По примерот од истата тема, Петар Поп Арсов објаснува како Македонците се чинат Бугари:
“ ... висшето началство взема всички мерки за да са македонските учители от онија дето в кнјажеството им викат меурджии и ги характеризират с фразите: “кье ми даеш пари - кье се чинам бугарин” ...”
(“Стамболовштината в Македонија и нејните представители”. 1894 г., Софија)
Или доказ за вашите лаги со исклесани плочи може да послужи и сведоштвото од Ритих:
П. Риттих в книгата си “По Балканам”, С. Петербург, 1909 г., с.199:
“В средата на деветдесетте години б'лгаро-ср'бската пропаганда достигна своја апогеј и б'лгарите решиха да употребјат всички средства за поб'лгарјаването на Тетовската кааза. П'рвата цел беше, разбира се, Лесновскија манастир и тук дојдоха б'лгарски агитатори, за да склонјат игумена отец Иезикил да признае себе си и паството си за б'лгари. Нито увештанијата, нито с'блазнителните парични предложенија, нито заплахите не помагали. Отец Иезикил оставал непреклонен, отказал се от каквито и да било преговори и гр'мко разобличавал агитаторите. Изчерпвајки цјалото си красноречие, агитаторите се оттеглили с проклјатија и подучили едного от своите членове да ликвидира Иезикил. Последнијат наскоро бил зверски убит, а б'лгарите, за да отклонјат от себе си подозренијата, устроили разкошно погребение и направили великолепна гробница с'с собствен б'лгарски надпис. След неговата см'рт за настојател бил поставен б'лгарофила отец Иеротеј”.
Да не сакаш и фототипно? Да ти ја доставам на домашна адреса можеби и да прснам малце парфем внатре, ако сакаш и оттисок од моите усни за да ги задоволиме вашите префинети критериуми?
Се надевам, без преправање, дека ова беше доволно за повторно сите сведоци да ја увидат плиткоста со која располагате.